Одличен ти е насловот на темата, само си ја заташкал работата што се осврнуваш во најголем дел само на ѓубрето.
Јас би ја поставил работата од обратната (пошироката) страна.
Неможе преку решавање на проблемот со ѓубрето да ја оправиме државата, ама може преку решавање на клучни болни точки во општеството да ги решиме сите помали проблеми вклучително и ѓубрето.
1. Образовани
Приоритетна точка за развој според мене. И тоа не само во поглед на формално образование и не во поглед на научни знаења.
Мора во овој сектор да се воведат предавања кои влијаат на развивање на моралот и на општествената свест кај децата.
За да дојде до тоа, прво треба и самите луѓе вработени во овој ресор, од министер до учители да бидат луѓе кои што стигнале на своите позиции благодарение на таквите квалитети, а не благодарение на партиски квалитети.
2. Економија
Историски и емпириски гледано секое богато општество живее поквалитетно од посиромашните општества. Логично, држава кое што може да ги покрие без проблем тековните инвестиции, би требало да има повеќе средства за инвестирање во капитални инвестиции.
3. Квалитетни кадри
Во врска со претходното, џабе средства за капитални инвестиции ако алокацијата на буџетските средства се (зло)употребуваат за стекнување на лична корист (ск2014) наместо да завршат на правото место.
Има уште еден куп параметри, ама според мене, ако имаме пообразовани кадри, со повисоки морални вредности и развиена општествена свест, коишто имаат ентузијазам и желба, можат работите лесно да бидат подобри од тоа што се сега.