Вашите мали успеси

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Секојдневно правиме и ни се случуваат работи кои не се којзнае колку значајни за другите, најчесто и безвредни, но на нас ни носат мали радости, задоволства и трошки среќа. Малку од малку ни го разубавуваат денот и на момент ни дозволуваат да заборавиме на секојдневните проблеми кои ги имаме.
Таквите моменти не секогаш ги запомнуваме, а сигурна сум оти секојдневно ви се случуваат.
Оваа тема ќе биде баш за да не останат заборавени истите. Споделете каква убава мала ситница сте успеале да реализирате денес.


И без тролање ќе ве молам. :)
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.581
Поени од реакции
13.214
Успеав конечно да извадам уверение од факултет дека сум дипломиран. Сериозно, успех е ова кога ќе се земи во предвид кои бескичмењаци се вработени. А сега скоро и многу побитно, успеав да направам марс на биљарто (за неупатените, тоа е завршување на партија од прва, односно противникот воопшто не стасува ни да мавни).
 
Член од
20 јануари 2013
Мислења
1.581
Поени од реакции
3.590
Во 2011 го направив најголемиот успех во мојата сиромашна ракометна кариера. Му фатив пенал на Алушевски :cool: 3 дена не заспав од среќа и на цел град му се испофалив :pipi:
 
Член од
12 август 2014
Мислења
101
Поени од реакции
173
Денеска и ја купив кошулата на систерот.. Направив нешто што го ветив претходно.. :)
Не дека е некој успех, ама си го одржав зборот, што автоматски пак е добро дело
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Деновиве сум болен - имам ниска температура
Но денеска собрав сила, се напив парацетамол и отидов во Ново Лисиче да ја потпишам тужбата против арамиите од Топлификација и Регулаторна
Мојот потпис е 47.- ми по ред
 
Член од
23 мај 2013
Мислења
2.206
Поени од реакции
5.056
После 2 дена барање низ подрум ги пронајдов ''старите" кожни јакни на татко ми ги пробав и сите ми се точни ова радосна вест за мене зошто јас премногу брзо растам и зимската јакна можам да ја носам уште оваа сезона иначе може да се каже дека татко ми многу кул се облекувал :cool: фраер :ROFLMAO:
 

Jack Nolan

Сите сме луѓе, но ретко кој е човек!
Член од
31 јули 2011
Мислења
1.587
Поени од реакции
1.506
Шитот вчера ми замина од прва, после бајаги долго време.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
1. Се разбудив.
2. Тргнав за на работа,
3. Ја сретнав,
4. Ја гушнав,
5. Заебав работа, ојдовме на бацвање.

Уствари правилниот распоред е 2,3,4,5,1:(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom