Вашиот татко!

Член од
14 ноември 2010
Мислења
63
Поени од реакции
24
Татко ми,ми е се во животот,само ме плаши нештото .. како ли ќе биде кога ќе го загубам ? Мислам смешно може звучи ама често размислувам на тоа,не ни сакам да помислам на тој момент,тој ми е се што имам,премногу го сакам,со него баш зборувам се,и женски ствари и се се ... а не дека има редослед дека тој ќе оди пред мене него ај .. да не зборувам за лоши работи .. затоа дури ни се живи родителите,макар и они личности што ни се драги,требе да им посветуваме доволно време,љубов,бидејќи кога ќе ги изгубиме веќе е доцна и се каеме што не сме поминуваме повеќе време со нив.. затоа луѓе колко што може повеќе изразувајте љубов, и по 20 пати на ден кажете на личноста што ви е драга дека ја сакате,по тоа ќе ве паметат ... затоа што еден ден ќе ја нема // а што знаете може и нас да не снема утре .. се извинувам за негативните размислување.. општо земено сум оптимист..но таков е животот ,реално гледано ..се надевам некој ме подржува?
 
Член од
16 јуни 2011
Мислења
684
Поени од реакции
1.193
Татко ми.... Човек без кого не би можела да ги замислам својот живот ( ви спуштам капа на другите за се она што сте преживеале, мислам дека вашите татковци сте премногу гордни на вас )
Мојот е променлив...но секогаш од моја страна , знае да ме поддржи, искраа, ме изнервираа што во некои моменти не можам да го слушам ... Но тоа трае многу кратко... Секогаш ми бил боксерска вреќа кога и да ми било тешко, кога и да сум била нервозна или што и да е нему сум му се истурала, после тоа ми било кривоо... но во тој момент нема сум размислувала , доволно си има он свои проблеми уште јас му фалам..
Има и некои моменти кога ќе се искараме МНОГУУ но тоа трае најмногу 30 мин!
Потоа слеади; ИЗВИНИ ! ТЕ САКАМ! и долго гушкање .....
Искрено кажано неможам да замислам живот без него.....
Он е човек кој не искажува многу чувства но понекогаш има излив на емоции, самиот доаѓаа кај мене кога му е тешко, кога имал проблеми на работа и сл. ПРАВ ДРУГАР.... верувам само на неговото ТЕ САКАМ бидејќии знам дека е искрено !!!! И знам дека тој е единствениот човек кој никогаш нема да ми сврти грб и да ме остави сама...
И за сите овие 18 Години му благодарам што бил со мене и му се извинувам ако некогаш сум му згрешила.... НЕ БИЛО НАМЕРНОО... И едно песниче за крај кое ми е биографска песна :

ТАТОО ТЕ САКААААММ !!! ♥
 

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Строг,барал секогаш челична дисциплина од мене,спортски дух,глава на семејството во буквална смисла.Не сум се обидел а и никогаш мислам дека нема да се обидам да му парирам на него во неговата куќа.Бивши војник,висок чин во ЈНА на времето.Му се сруши светот кога престанав со фудбалот.

Секогаш ладен,емоција некоја посебна не сум приметил кај него,освен во некои среќни моменти во семејството.Солза не сум видел од него ни за време на смртните случаеви кај негови многу блиски.

И покрај тоа што имам 22 години,јас за него сум мочко уште.
 
Член од
14 ноември 2010
Мислења
63
Поени од реакции
24
И покрај тоа што имам 22 години,јас за него сум мочко уште.[/quote]

Без навреда,но да знаеш дека секогаш и таков ќе останеш,исто како што мене татко ми ме вика малечка иако е јасно дека не сум веќе, но мислам дека и кога ќе наполнам 35 години,јас за него ќе останам малечка ...
 
Член од
16 март 2010
Мислења
330
Поени од реакции
204
Единка, па уште и татина галеница. Темава како за мене :pipi:
Секогаш ми било полесно да разговарам со татко ми отколку со мајка ми. Тој е еден доста смирен човек којшто секогаш ќе те ислуша до крај па потоа ќе почне да зборува, за разлика од мајка ми која што после првата реченица урла. Тивок е, не зборува премногу, но како викаат старите, еден збор- еден златник му вреди. Секогаш знае да ми даде прекрасни совети и да ме насочи на правиот пат. Не покажува премногу емоции и чувства, ама секогаш знам да му се бутнам во крило и да си се галам со него. Не дека може да ја замени мајка ми во грижливоста, но знам дека и тој се грижи за мене иако не го покажува тоа. Веќе ме смета за “голема“ па поинаку почнува да се поставува со мене. Слаба точка сум му и секогаш од него сум добивала се што ќе посакам. Никогаш не знаел да крене рака на мене, секогаш ме карал со зборови и секогаш тоа болело повеќе бидејќи навистина знае да одбере зборови со кои ќе допре длабоко до мене.
Ме израсна на правиот начин, ми го покажувал и сеуште ми го покажува животот во вистинско светло, и секогаш ќе му бидам благодарна за тоа!
 

Шеј Лонг

Koristam kirilica.
Член од
16 јуни 2010
Мислења
1.987
Поени од реакции
1.610
Бидејќи од 18 години почнал да работи, цело време се обидува да ми објасни(иако иам сфатено одамна) колку е тешко да се заработат пари и дека треба да ги ценам а не да ги расфрлам за глупости. Скромен човек, доста чил е а и секогаш ме критикува особено за возење поради тоа и не возам у негово присутство. Се труди ништо да не ми фали, а јас пак се трудам и него да го направам барем на момент горд што сум негов син.
 
Член од
3 февруари 2012
Мислења
24
Поени од реакции
3
Тука имам да зборам многу...Личноста од семејството која е најлуда и опуштена и која секогаш била тука за зезање ама и за поткарнуваше...го обожавав кога бев мала и сеуште го обожавам пошто мислам дека поголемиот дел од детството го имам поминато со него пошто мајка ми многу долго време остануваше на работа а сестра ми идеше на школо, учеше цело време највише време имам поминато со него и се гордеам со него пошто мислам дека е најдобриот татко на светот :)
--- надополнето: 7 февруари 2012 во 19:00 ---
Тука имам да зборам многу...Личноста од семејството која е најлуда и опуштена и која секогаш била тука за зезање ама и за поткарнуваше...го обожавав кога бев мала и сеуште го обожавам пошто мислам дека поголемиот дел од детството го имам поминато со него пошто мајка ми многу долго време остануваше на работа а сестра ми идеше на школо, учеше цело време највише време имам поминато со него и се гордеам со него пошто мислам дека е најдобриот татко на светот :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Мојот татко...
Ниту милион зборови не се доволни да ја опишат мојата љубов и приврзаност кон него...
Мојот татко - мојата гордост, мојот патоказ, дел од мене...
Присутен е насекаде...Во секоја честичка од воздухот што го дишам, во секоја моја насмевка, во секоја моја солза, во секој поглед, во секоја победа, пораз, сон...
Му благодарам за секоја топла татковска прегратка, бесценета и искрена...Му благодарам за секој миг минат со него, за секој негов мил поглед, за секоја насмевка...
Мојот татко - најдобриот татко на светот...
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.421
Поени од реакции
2.203
Онаму кадешто застана ти, продолжувам јас!
Време е за пензија! Одсега и двајцата ќе уживате во своите години на достоинствен и мирен начин! :love:
Ќе бидам и духовна и материјална подпора до крајот на вашиот живот! :love:
 

gata salvaje

matufa
Член од
2 декември 2011
Мислења
6.882
Поени од реакции
10.438
...iako pominaa 3 god od koga te nema seuste se cuvstvuva tvojata prisutnost.
Denes trebase da slavime rodenden , tvojot rodenden , a sega pametam drug den , druga data .Seuste me boli i znam nema nikogas da pomine , se sekavam na sekoja crta od tvojot lik , na sekoja bora ....i zalam za sekoj propusten moment , zalam sto ne se zapoznavte so vnukot, ama toj te zapozna tebe , ja znae tvojata slika .
Mnogu mi nedostigas .
 

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Со татко ми не сум близок и тоа ич не сум,тој го знае тоа ама со тоа што ми го напраи како мал еднаш само за да ми докаже дека мора и мора да учам,од тогаш се се сруши во мене во поглед на зборот ТАТО! Цело време е на работа не го ни гледам шо се вика,и во ништо не се согласуваме...ако види цигара под мојата соба,за него јас веднаш сум алкохоличар и шо ти знам,не се согласуваме ама баш во ништо и гледам да го одбегнувам.Со мајка ми пак сум си ептен добар а за подобрување на односи со татко ми ептен лошо оти не го чувствувам како татко и тој тоа го знае...Некогаш кога и двајцата сме расположени знаеме да си напраиме муабет,ама да му кажувам за мојот живот не...шо да праам,така е... и тој е виновен за тоа! Незнае да се постави како вистински татко ама гледам дека се обидува сега да не ја направи истата грешка со брат ми ;) Сепак татко ми е и го почитувам :D
 
Член од
10 јули 2010
Мислења
38
Поени од реакции
6
Татко ми е мој ангел.Мојот однос со него е повеќе од однос татко-ќерка.Ние сме и пријатели,му кажувам ако нешто ме мачи,добивам доста корисни совети од него.Искрено,тој е мој идол,мое огледало на она што ќе бидам кога ќе бидам на негови години.Силен човек,со исполнет живот,деца,партнер на кој може секогаш да се потпре.Човек со кариера,и топол гоолем дом.Човек кој што знае да ги исполни туѓите очекувања и желби,и кој не жали за даденото.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom