Вашиот пристап на работата!?

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Можеби насловот не кажува се, затоа еве објаснување:
Кој е вашиот пристап на работата?
Во суштина многу е битно да работам работа што ја сакам и работа која знам да ја работам т.е. работа во која ќе може да го применам тоа што го знам. Материјалната страна воопшто не ми е битна. Ако е исполнет овој криетериум тогаш работа ја работам максимално професионално.

Дали сакате тимска или индивидуална работа?
Тимска работа сакам, но доколку можам индивидуално да работам во тимот. Тимски сакам да работам затоа што мислам дека повеќе глави подобро размислуваат, затоа што добрите идеи доаѓаат кога си во тим. Индивидуалниот пристап некако ми е многу монотон и покрај тоа што мислам дека можеби поквалитетно работам ако знам дека само од мене се чека да биде завршена работата.
Мразам мрзи луѓе, кои постојано се “вадат“ на тимот, и луѓе кои секогаш чекаат тимот да сработи додека тие одмараат.
Дали се водите по она “што можеш да сработиш денес не оставај за утре„, или па обратно?
Зависи, ако ме мрзи некој дел од работата да го работам може да чека и една недела за да се заврши, но тоа е само еден дел кои нема да има влијание врз остатокот од обврските.
Дали задачите т.е. работите ги сфаќате сериозно?
Максимално сериозно, ако почнам да работам нешто гледам тоа да биде најдобро што можам. Ако не воопшто не почнувам да работам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom