Вашиот политички компас

Член од
10 декември 2019
Мислења
77
Поени од реакции
221
Левичар или десничар, авторитарен или либертаријанец, комунист или нео-либерал, фашист или можеби анархист?

Каде сте вие на картата на политичкиот компас? Какви вредности имате? Дали се тие цврсти или флуктуирале со времето?

На интернет постојат разни тестови кои одредуваат каде најверојатно припаѓате.
За целите на темава, го користев следниов: https://www.politicalcompass.org/test

Политичката мапа овде е одредена од две оски:
-хоризонтална за погледните врз економијата (левичарски: контролирана економија и десничарски: слободен пазар); и
-верикална за погледите врз општествениот живот, слободите, правата и обврските (авторитарен десничарски, монархизам на пример, авторитарен левичарски: диктатура на пролетеријат, либертаријански левичарски, анархизам на пример, или либертаријански десничарски, како познатиот Laissez-Faire).

Сметам дека имам ставови и вредности кои би ме однеле далеку десно на оската, но резултатот од тестот ме изненади.

Некои од одговорите: Глупо е да си горд на сопствената земја (целосно не се согласувам), Белата раса има супериорни квалитети (целосно се согласувам), Абортусот кога животот на жената не е загрозен, треба да е целосно забранет (целосно се согласувам), Одењето на школо не треба да е обврзувачки (не се согласувам), Секој има исти права, но подобро е различни видови луѓе да се држат до својот вид (се согласувам), Добриот родител понекогаш треба да го зашамара своето дете (се согласувам), Најважно за децата е да научат дисциплина (се согласувам), Нема дивљаци и цивилизирани луѓе, постојат само различни култури (целосно не се согласувам), Тие што можат а не сакаат да работат, не треба да чекаат помош од општеството (целосно се согласувам), Предноста на еднопартискиот систем е што не го запира прогресот, како кај демократските повеќепартиски системи (целосно не се согласувам), Смртната казна е потребна за најсериозни злосторства (целосно се согласувам), Абстрактната уметност не е уметност (се согласувам), Обидот да се рехабилитираат некои криминалци е губење време (целосно се согласувам), Мајките може да имаат кариера, но нивна основна улога е да бидат домаќинки (целосно се согласувам), Некои луѓе природно немаат среќа (целосно се согласувам), Секс надвор од брак е неморален (целосно се согласувам), Порнографијата треба да е легална за возрасните (не се согласувам).

Мојот резултат? Анархо-комунист :LOL:
Не знам што треба за десничар.

Споделете ги вашите резултати.

polcomp.png
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397

Нешто вака изгледа...многу црно бели се одговорите некако.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Ме заинтересира темава али првите три прашања во тестов беа екстремно глупи и одма го исклучив.

Себе си се гледам како либертаријанец и верувам дека политики што ја максимизираат слободата се оние што носат просперитет и среќа.

П.С Ова не би требало да го пишувам пошто се подразбира ама еве сепак нека стои тука.

„Правото да ја движам мојата тупаница завршува со близината до твојот нос“ ова во превод значи прави што сакаш се додека твојата слобода не ја повредува слободата на другите т.е твоето право да го загадуваш воздухот, водата или било кое заедничко добро е ограничено бидејќи јас имам право на чист воздух, вода итн.

Од друга страна геј бракови, консумпција на дрога(нормално не на јавно место) и ред други работи се лични работи и слободата на твоето лично убедување(најчесто религиско) не ја надминува мојата слобода да носам одлуки кои можеби би биле штетни за мене, но не и за тебе.
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.418
Поени од реакции
4.249
Мојот политички компас e синхрон мотор. Оти ништо работи....JOIN CHAOS!!!
1605286578256.png
 
Член од
10 декември 2019
Мислења
77
Поени од реакции
221
Ванкувер, Канада. Градот последните два мандати е управуван од левичарски градоначалници со либерални вредности (“зелени либерали“).
Секој прави што сака. Еве дел од резултатите:

Сан Франциско, Калифорнија. Градот традиционално е бастион на Демократите. Познат по светот по улиците преполни со бездомници, наркомани и фекалии. Колеги кои беа на патување минатата година се вратија шокирани од што виделе.

Не секогаш апсолутните слободи и права носат добро за поединецот. Повеќето индивидуи не знаат како да се справат со отуѓувањето, можностите и фрустрациите и прибегнуваат кон виртуелна реалност.
 

Prometheus Alpha

Војвода
Член од
16 октомври 2020
Мислења
182
Поени од реакции
74
chart.png

Не им е точен компасот,
многу е едностран :(

Ова го покажа кај мене
со толку етничка,религиска и
расна нетолеранција :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom