Значи Мирко Попов е антирелигија, а кога на овој свет не би постоела ниту една религија, светот би бил многу посреќно место за живеење. Религијата (сите религии) и политиката се наметнати вредности од страна на "вишите сили" за да во светот постојат кавги и раздор меѓу народите како они полесно би владееле, значи конкретно мислењето на Мирко Попов е сосема исправно со тоа што можеби погрешно се изразил поради што некој се навредил.
Второ за распеаниве... мислам дека сме доволно возрасни за и самите да бидеме свесни дека не постои спонтан собир. Значи не може никој да ме убеди дека некој спонтано се собрал, ниту протестирачите ниту пак антипротестирачите. Така е и со овие. Значи спонтан собир нема и тоа е нешто која секоја разумна индивидуа би требало да го знае (единствено се излажав за протестите за Мартин ама накрај испадна дека и тие не се спонтани така што сега сум цврсто убедена у тоа дека не постојат спонтани протести, а особено не во Македонија)... е сега и они знаат дека ние знаеме чиви деца се и кој ги организирал ама сеедно нивно е да излажат, 60% ќе ги провалат 40% ќе им поверуваат и така ќе се гура, утре ќе пуштат друга група итн. Значи во секој случај кој и да ги организирал разновидното мислење е корисно и добредојдено зашто во спротивно тешко на народот.
Богати се, ни пола не осетиле од тоа што го пејат, а верувам дека освен теоретски инаку и незнаат за што пеат, но сеедно, токму богатите од нивни калибар се тие кои слободно можат да излезат и да јадат г..на за се и сешто... ја не можам, мене или ќе ме отпуштат или нема да ме вработат, како и да е не ми е од корист јавно да си го искажам моето мислење зашто немам позадина, а они имаат позадина и слободно можат да пејат по цел ден и на крај никому ништо, тоа е поентата.