Вашето дете во ресторан/кафуле/културен настан

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Ако имате дете не значи дека цело време треба да одите по игротеки или таму каде што му е забавно само на вашето дете. Понекогаш сакате да се изрелаксирате во кафуле со пријателите, на ручек во ресторан или пак да посетите некој културен настан (концерт, претстава....) и нормално го носите вашето дете со вас. Каде одите вие на кафе или на ручек со вашите деца? Сте се нашле ли во ситуација да ве засрами вашето дете во јавност со некоја случка? Какви се вашите деца во ресторан/кафуле/културна манифестација? Беснеат, ги вознемируваат останатите присутни или па си уживаат и мирно си седат?
 
Член од
23 ноември 2010
Мислења
1.836
Поени од реакции
2.104
Обично бирам кафич кај што има игротека и немам никакви проблеми. А и да нема игротека досега не сум имал проблем со неговото однесување. Ќе му нарачам сок или нешто за јадење и си седи мирен. Има и исклучоци ама тоа многу ретко.
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Се надевам темава нема да се претвори како претходната, слична тема, во тоа дали децата имаат право да одат во ресторани/кафуле.
 
Член од
31 август 2013
Мислења
149
Поени од реакции
338
Син ми сакаше да оди со мене „на кафе“, за него сокче и цел важен седеше мирен, ама не го држеше место нешто многу, па најчесто сме издржувале најчесто пола саат-45 мин, ретко, ептен ретко подолго. Обично не чекав да почне да беснее од досада, бегав на време :). Ова значи кога беше мал, некаде до 5 години. Потоа веќе е полесно. Сме оделе и во ресторан, не трчал, не правел проблеми, само што сакаше да си одиме веднаш штом ќе заврши со јадење :). Ќерка ми е потемпераментна, скоро 4 години има, ама со неа не сум седнала никаде уште, друг карактер е, сака да се движи, се ја интересира, сокчето го пие за пола минута и сака да станува и да шета, па не ни одам со неа. До сега сме немале инциденти во јавност, прво, затоа што си го знам и го почитувам карактерот на децата, знам каде може да ги однесам и колку може да издржат, а од друга страна, ич не сакам сцени во јавност, па не ни дозволувам да се случат, секогаш тргнувам од тоа дека дете дома се воспитува, не на гости и не надвор :).
 
P

parvati

Гостин
Нема да е офтопик ако неам дете нели? Ама ја работеше порано(јессссссс) у ресторанче кое некад личи и на кафиќ зшто људи као демек седнеф на пицу или било какфо мезе а наручиф кафе па и бесплатан шлаг за деца у малу шољичку па сс чоколадан прелиф или циметче што и да избере детенце. А детенце ѕверче, не е криво оно, родители кои завршиф средњу школу и што се вика скитаф и не су дома и не ни знаеф како ги се вика дете од што баба га али по двор, вика га дере се да га рани такој стојајки. Допуштаф ги на деца сфе, да дираф сфе, да скубеф сфако лишче од цфеќе у ресторан, да вадиф салфетке од тија такфи, да ти идеф у ноге а ти носиш кафе, ке те с'пнеф ке ги лупнеш несакајки жељу у врат сс врело кафе и после ти ке бидеш криф а не мајка му која на њifi и фејзбук бричи гу батерију од сфој галакси.Па ву га снема дете, па како попарена га тражи па вика по њега демек оно било криво а њума дунда ву чуе.Сакаш ли маме пицу, па му земе едну малечку а оно наедено, пупак ке му пукне, баба га преела, па га тера туј па оно уалено нејќе, па вриштење па и некое шамарче ке залети а мене ми се иде пицу у фацу да ву лупну.
Имаше една бесна ситуација, татко афганистанац а она медициска сестра , дете четфрти антихрист(и па викам не е криво оно). Он си штрака мобилан она си мести косу а дете вика урла плаче, зацрвенило ги образи,замрсољило ги мрсољи,зациганирило ги црни нокти,кечап и брашно по отисци,чаша камуфлирана,пеќурка си ѕирка од под асталче... А оно бре се дере за ништо, ништо не спомна нешто зшто плаче, само се неќкаше нешто цело време, вришти како на инекцију да е,рафали пуца од слузе.И јоште ме тепа мисла, што ли му беше на тој дете

Има и такфи кои су доро васпитани кои су мирнички и срамуеф се што да наручиф,било што нешто ке си пинеф ке си седиф абе милина не си ги ни приметија.
Има ги и ептен интелигентни деца, сфе ке те испраша, културно фала ке ти каже,за школу ке ти збори, на енглески ке ти наручи без да ти се курчи дека му паднало кајмаче у еспресце : P
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.692
Поени од реакции
882
Со ќерка ми која има 6 и пол години немам/немаме проблем со одење по кафичи и ресторани . Најчесто е мирна и си седи на местото , но така е само 30 до 40 минути . Ако седиме повеќе од 40тина минута , и станува досадно и ако нема уште некое дете на масата со кое би се занимавала мора да си одиме , затоа што веќе не седи мирна и неможеш на раат да си пиеш кафе :) . Еве еден совет до сите родители , да не трошат плус пари кога се излезени во кафич со дете . Наместо да му се купува сокче кое во кафичот чини од 70 до 100 денари , многу по практично е пред да се седни во кафич да му се купи од продавница сокче со цевка кое е 20 - 25 денари . Порано кога и купувавме сок од кафичот , половина од сметката беше за нејзиниот сок а половина за нашите кафиња ( ова важи за Прилеп и Охрид , незнам како се цените во Скопје ) , а сега со сокчето со цевка е далеку поефтино а детето пак си пие сок и се занимава со нешто :) . Исто така немам проблем со ќерка ми и на културен настан ( концерт , претстава ) , бидејќи или мирно си го гледа концертот или заспива на столчето и можеш раат да си гледаш .
 
Член од
20 декември 2015
Мислења
122
Поени од реакции
40
Дете и концерт? Сигурна си?
javete mi i mene ova ko ke se sluci.:P nie sme odele na kafe i ne ocekuvam od dete da e zalepeno na stolce no isto taka ne smee da se zbesnuva zasto e na kafe a ne na igraliste a vo restoran ednas sme bile i se iznenadiv mnogu pozitivno od negovoto odnesuvanje iako po restorani ne praktikuvam mnogu da go nosam,a ima samo 3 godini
 

Kajgana Shop

На врв Bottom