Ваша поезија!

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
ми пречи сопственото тело
сакам да го префрлам во некоја друга димензија
Да му нарачам нови форми; да има кратер, гејзер, долини полни плантажи банани
ми пречи воопшто, сета телесност
што не’ определува
Што не си биднав магаренце
алигатор или кутија за чевли
ме мрзи да се пресоблекувам секој ден по работа
да одам на заболекар
да зборувам дека имам и немам права
ми пречи сопственото тело
еден ден ќе морам да го фрлам
на sвездите што лаат ко кучиња пред изгрејсонце
 

Phoenixx

The Last Pharaoh
Член од
9 ноември 2015
Мислења
788
Поени од реакции
956
in the night of despair
i was waiting
and the rain has come
and made me happy
it made me want it again
i cant break the promise
but its already there
how to resist this temptation
and than to win
how to compress this mind full of sin
i see the angels now
before they wasnt there
is this really a sin
i just dont care
than someone knocked on the door
asked may i come
i said no
they wanna play another role!
if there is someone i should talk to
i would ask
instead of hiding
behind a mask
i dont need you anymore in my life!
leave me alone for a God sake!
and you leave,
and now you are lonely,
and now im a loner,
listening to Burial...
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
кога бев млада, лисјата на дрвјата ги имаа сите бои
ги препознавав и им давав имиња - знаев
дека секоја од нив ќе ми го наслика денот
неочекувано, како патник кој слегува на станица што не е негова
и ужива во моментот на непостоење за никого
кога бев млада, малку беше доволно за многу да се случува
а сега трагам повеќе и се плашам дека ништо не ме смирува,
вистините добија други форми, градовите станаа копчиња на стискање,
осаменоста си купи стан во моето маало и почна со врискање,
ги наредивме сите кули од карти и фрливме со камче по нив,
сакаме да сме подобри,
а од нас извира тежок здив
во редиците по банките, маркетите, улиците
гледам лица што заборавиле дека постојат
жешки се мекиците
се раѓаат деца, се слави по свадбите
мрсни се фотографиите
отпечатоците од прстите
кога бев млада - звучи како да имам сто години
и имам
самотија, референци, прашања
ги живеам, со сета (не)слобода.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Снемувам толеранција
за поздравување онака
за праење атери
за одење по луѓе кај што ич не ми се оди
снеможувам за празни разговори
за очи со пишман поглед што крадат време и место,
снемувам бе, снемувам и онемувам
ми се молчи и ми се цртаат кругови во небо
не ми се слушаат драмење и дрмање
нит ме интересираат малодушности
навистина ми е гајле кој со кого завршил
со кого почнал
ме заболе за туѓата елоквенција
и да, на крајот ти доаѓа
наместо љубовна поезија
да викнеш
у курац!
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.299
Поени од реакции
4.647
Fasade,forme i spoljašnosti


I sada stojim tu na istom mestu
čekam na sebe da konačno krenem
Živim ovde već neko vreme
isti ljudi,iste priče...isti ja

Ovo je samo jedan običan san
samo još jedna od onih zabrana biti budan
Obična egzistencionalna rošomonijada
obični ljud,obične priče...obični ja

Fasade,forme i spoljašnosti
nose ime materijalne prolaznosti
Još uvek stojim tu,na istom mjestu
čekam na sebe da konačno krenem
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
На вакви денови,
Сонцето го замотувам во коцкастиот чаршаф,
Замесувам мекици и ги легнувам ко перници на кревет од шеќер
Ги варам зеленчуците додека не станат слика од Моне што кипи од тенџерето
Го диплам ќебето со снегулки да се стопи како карамел на креветот
Те бакнувам и замислувам желба
Да ни е вака, секогаш
И со дрвената лажичка за мед
Запечатувам уште едно писмо до вечноста.
 
Член од
2 септември 2015
Мислења
36
Поени од реакции
30
Никако ништо-некако нешто

Отворив фиока до пола
црниот тефтер си земав
реков дај да си напишам една
си отворив и три, четири пива.

На софата со газот си седнав
се потпрев на перница бела
нозе на маса си качив
не натегав флаша со сила.

Никако ништо да ми текне
душа се натажи сета
реков дај ќе го џапнам на екс
и привидение на прслуци од свила.

И некако нешто ме стресе
од влезот звуци на штикла
храбар марш кон влезната врата
сосема природна, ненаметлива и фина.

Полека на прсти ми пријде
нема сега каде да се бега
ококорив очи и милно ми шепна
од појас нагоре гола, но запомни засекогаш своја.

Не туку ме дупи во себеси си реков...
 
Член од
17 декември 2012
Мислења
262
Поени од реакции
173
Не може без мене
поети да глумите!
И jа сакам да пишувам
.... но ми избегаа думите.
:toe:
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Да не заборавиме


Да не заборавиме на:
топлата дланка на ветерот од јужните мориња
самовилите од чоколада низ француските улички
везените пиперки нацртани на коноп по дебарските куќички
кроасаните со слатко од смокви на полиците
дамките од бордо вино по водење љубов
лозје и над него јато галеби
море што дише, во него се родил нов кит од оние пред истребување

Да не заборавиме на:
мајка, татко, брат, сестра,
баба, дедо, сонце и Месечина
да не заборавиме дека сме овде на поминување.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Патувања

Сите патувања се надвор и внатре
крилата се и галебови и од туристичката агенција
поморските единици се мерка за далечината меѓу центарот и Другоста
храната во авион е без вкус
но затоа е најдобра на турската улица, симит и блуз
Чекорите се неспокојни, одмерени само во метро
долги се далгите покрај брегот додека чекаш сонце да пркне
патуваш, со мижуркање додека денот тоне
во себе, во тебе, во нас
уште еден чај, уште едно кафе да се шмркне

Патуваш, со тебе Евлија Челебија и Моцарт свират без тон
а наслушнуваш - вести од светот, лоши
оддекнуваат ко ѕвон
камбана од црква и пеење од џамија
се меша и питач и крал
и Робин Худ и арамија.

Арач, собираш од патувањата
за да ги отплатиш сите гревови со пишување,
да запаметиш се’ што не може да се види со голо око
како голтка надеж пред заминување.[DOUBLEPOST=1482235002][/DOUBLEPOST]Писмо од Истанбул

Драг Орхан,
Турските жени се преубави, како ф'стак што се отвара скришум.
Нежно покажувајќи блескаво зеленило
Во постела скриена меѓу двете лушпи.
Турските мажи, сите ми дојдоа некако слични. Не лути ми се брате Орхане!
Овде дождот изгледа побрзо им ги расте мустаците.
Зградите пеат.
Возилата урлаат.
И да ти кажам најискрено,
по онаа студена Виена,
Истанбул ме пречека со топла прегратка! Ко од древна дома,
испарува, прашува, зборува...
Чај со локум
Локум со кора од портокал
Портокал со чоколада
Чоколада со ф'стак
Ф'стак во шербет
Шербет во баклава
Баклава со ореви
Ореви со мед
Мед, со ред.

Сусам посеан ко светло над градов. Ко мирно море е небото со пита Месечина. Босфор го видов од горе, лепеше ѕвезди по брановите.
Драг Орхане,
Сме биле ние башка на две маси онде во чајџилничето со свилени завеси.
Ја вртам твојата песна сега, како ѓеврек со кој ги стишувам галебите.
Ти праќам поздрав од рибите во шише ракија!
Пијани сме, и јас и ова писмо. Ќе го пратам по шише, по море.
Еден ден ќе стигне таму, горе.
 
Последно уредено:

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
накитете ги и банкоматите
и онака ќе се испразнат
(не се ни полни)
во редиците пред банките
стојат баби и дедовци
мириса на лук - затнуваш нос пред да ја платиш киријата
еден од нив гласно на српски коментира
пуковник сам био, ово је срамота
чекањето ред не е дивота
чекам и јас
накитете ги и жените позади шалтерот
накитете ги автобусите и картичките што ќе ги плаќаме
накитете го и воздухот во мерни единици
што повеќе, накитете се’
после Василица, одморени од преждерување и препивање
ќе се видиме
со празни џебови, празни срца
во исчекување
на нови 365 дена живот
 

Eru

Член од
31 октомври 2013
Мислења
40
Поени од реакции
78
Беше есен и рано и ладно и темно, но темнината беше удобна и топла,
и бев станат порано,
и имав време да се средам и да фатам автобус и да стигнам.
Да стигнам зашто требаше да замине и знаев дека ако сакам пак да ја видам ќе треба да ѝ пишам и да ја викнам,
а ако ѝ пишам и ако ја викнам ќе треба да ѝ кажам зошто ѝ пишувам и зошто ја викам,
а ако ѝ кажам можеби ќе одлета уште подалеку,
а ако одлета уште подалеку од се ќе истинам и не знам дали темнината ќе може пак да ме стопли.

А автобусот стигна и сега беше навистина студено зашто сонцето веќе беше изгреано и ја немаше темнината да ме стопли,
па итав да стигнам крај неа,
а додека итав таа беше со мене, зашто секогаш кога не сум крај неа таа е со мене.

И стигнав, а таа не беше дојдена, па седнав да ја чекам и ми беше ладно.
И кога најпосле дојде, ѝ ја слушнав смеата која најбистро ѝ ѕунеше како што секогаш ѝ ѕунеше кога се смееше,
и се стоплив,
и се стопив,
и се насмеав од уво до уво,
и таа виде и и таа се насмеа, иако не знаеше,
и ѝ пријдов, и се згреав од топлината што ја расфрлаше со убавината на лицето и на косата и на очите и на смеата, како што секогаш потајно се греев без таа да знае,
и ѝ кажав многу работи,
но не се.

Не ѝ кажав дека кога кога ми е ладно и кога ја немам темнината да ме стопли,
ја мислам неа и најубава топлина ми мине по грбот и најмилно ме грее.

А кога и е темно и мислам на неа,
Кога и темнината ме топли и помислата на неа ме грее,
толку се загревам што се топам и тонам во топлина која е толку мека и мила и најубава,
и се прашувам,
ако темнината и помислата на неа заедно толку многу можат да ме згреат,
колку ли ќе се згреев ако наместо во мислите, навистина ја имав крај себе во темно,
и дека тогаш сигурно ќе изгорев и ќе умрев.

А ако изгорам и ако умрам нема да можам да ја мислам и нема да можам да ја сонувам,
и затоа сега сакам вечно да живеам, за да можам вечно да ја мислам и да ја сонувам,
зашто вечно сакам да ме грее како што секогаш потајно ме грее без да знае,
со убавината на лицето и на косата и на очите и на смеата,
зашто од неа ми е најтопло и најмеко и најмило и најубаво.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Ако исчезнеш

Што ќе се случи ако исчезнеш
ќе те запишат ли во некоја антологија
ќе кажат ли дека си бил супер другар, одличен љубовник, тешка будала
ќе имаш ли забеган споменик со книга и вештачки рози
ќе те облечат ли во весела облека на заминување
ќе те спомнуваат ли со минута молк на секое збиднување
со солзи ќе коментираат како е штета што си исчезнал
(демек, многу беше потребен, со него се’ ќе беше поинаку)
ќе реферираат ли на Господинов дека си физика на тагата
ќе сфатат ли дека се фатени во лагата
кога еден ден ќе се појавиш,
таков, нов ко кокиче под снегот заборав
Еве дојдов.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Ми надоаѓа песна
Со заби во уста на новороденче, со плисок како фрлен камен среде езеро
Со глас на монах, со глад на проклетник, со смоква што се вие по селските дворови, ми надоаѓа песна за стравот од осаменост, онаква никаква со трозабец во рака
Што те боде среде чело, те бодина ко коњ низ пустина и прерија
Ми надоаѓа песна, со истата сила како кога се раѓав од пепел на гробиштата пред прапочетокот
Ми надоаѓаат, сите сеќавања пред да ги направам фотографии врамени
Сите бакнежи истурен дожд и копја камени
Ми надоѓа песна. А не сум спремна да ја напишам, да ја скротам.
Ја пуштам да дивее, кај сака.
Ја пуштам.
Никој не знае како надоаѓаме.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.577
Поени од реакции
34.762


БИЈОНС ИГРА ПОКЕР

Ќе фрлиш? или да фрлам?
пет ги имам, за секој работен ден по една,
Ќе блефираш? или да блефирам ?
две ги имам, за секој викенд ден…

Ќе се откажеш? или да се откажам?
ниедна немам, за ниеден ден,
Ќе одиш понатаму? или да одам понатаму?
една ќе земам, барем за еден ден…

Ќе се отвориш? или да се отворам?
сите ги имам, посилна сум,
Ќе се повлечиш? или да се повлечам?
две да сменам сакаш за двајцата…

Ќе вложиш ? или да вложам ?
се зголеми купот, многу денови се,
Ќе ме победиш? или да те победам?
ај годината или картите нека кажат….

 

Kajgana Shop

На врв Bottom