ме интересира доколку некој од вас користел бланш и се решил да смени потемна боја на коса , какво искуство имал..
Природната ми е ептен црна,абонос црна.Густа,квалитетна...Арно ама,на времето извлеков прамени,испод степенот,фактички опашките,ги истретирав со бланш и фарба,заради тоа што ништо живо не ми фаќа на мојата коса,никаква нијанса.Косата после некое време ми беше изгорена кај бланшираниот дел,ни домашни маски ни козметика,ништо не помагаше.Па сушењето со фен,дигаро преси...од тоа све се одреков,уште полоша правеше да ми изгледа.Конечно ја скарив,ми порасна,ми беше долга пак.
Од време на време ја фарбав црна,чисто заради некој сјај и исклучиво со Кене фарби.
Е од пред неколку месеци решив да се исфарбам чоколадна,многу пари и труд фрлив,и исклучиво пак со Кене и 6% хидроген.Сега покушавам црвена да бидам...
п.с. кога косата е избланширана,врз бланшот и да нанесете некоја фарба,потемна или како вашата природна коса,после некое време пак паѓа бојата и косата пак ке ви биде,жолта,сива,никаква,као метла.
Инаку за нега,све зависи од косата.Секогаш бирајте продукти што се за длабинска нега.Добри се шампоните од Dove,јас колку што знам,скоро на сите луѓе им одговараат.
За маски,нема боље од Kadus,јес да се малце поскапи во однос на амбалажата и нето-то,ама вредат.
Силиконските капки помагаат,дури и може повеке пати во денот да се нанесуваат само на краевите.
Честото чешлање на косата е мн. битно исто,и тоа со што помека четка.Косата кога ми е водена никогаш не ја чешлам,затоа што се кине,ја чешлам пред бањање.И после тоа само ја обвиткувам во пешкир,затоа што триењето на косата со пешкирот може само да ја оштети,поготово тогаш затоа што влакното е крхо,се шири од топлата вода.
Водата стално треба да биде млака,а не жешка и постепено на крајот да се исплакне со постудена вода.
Избегавам гумици за коса и така некака покушавам да ја одржам здрава и густа...
а да не зборувам колку се битни и здрави домашно припремените маски.Регенераторите се добри само за рашчешлување-ништо више.И само побрзо ја мрсат косата.
А доколку косата е ептен оштетена,ампулите и домашните маски многу помагаат.И барем на 2-3 месеци потстрижување по 2-3 цм.