Да пресметам колку пари имам фрлено за дресови и да обелоденам јавно дома ќе се одречат од мене во весник...
А уште појјако е шо грото од дресовите кои ги купував на времето не вредеа ни 5 пари(во материјал и сличност со оригиналните)а ги шиткаа по 2,3 илјади..
Посебно онај од Валенсија(втор ред на крајот),од Барса(вториот од лево на десно)и Франција (трет од 4ти ред)....
Од Скопје ги земав,трет спрат ГТЦ,имаше една продавница,парче праеја од овчички,а не имаше многу,
Денес за 3 илјади од Али Експрес Кинез жив ќе ти пуштат,и дури и кусур ќе ти вратат...
И стопати подобри од на времето,кои беа мизерни копии од оригиналите...
Посебно онај првиот од најгорниот ред,од Јуве е,иако се избришаа лепенките
,кога им беше ДАНОНЕ спонзор,21 година е дресот...
Еден комшија од Турција ги носеше,ги шиткаше по солени цени,пари напрај не играчка...
Иначе имам и неколку оригинали,првиот дрес во втор ред од Барса е земен од официјална продавница на KAPPA,најмногу мерак ми прај,скоро 20 години го имам,сезоната со Роналдо(онај оригиналниот Роналдо),гајле нема,ист квалитет како првиот ден..
Исто и од Звезда и Јувентус купив од истата продавцница,од Звезда уште го имам,од Јувентус ми го зеде еден другар и уште не го врати лопужата,веќе застаре делото...
А и 4тиот од втор ред од Барса(сезона 2011/12)е од официјалната страна на Барса порачан..
117 евра беше,заедно со беџот светски шампион,арно ама курназите ги пуштале по DHL,
ни видов тогаш по шо пуштаат ни ништо,кога ми се јави една госпожа од DHL Македонија и кога ми кажа дека на име поштарина.шпедиција,царина имам за плаќање речиси 100 евра косата ми се крена...
На крај дресот ме чинеше над 200 евра,со тие пари шо ги дадов за услугите на ДХЛ ќе одев со некој нискобуџетен лет до Барселона да си купам дрес лично и персонално од Ноу Камп..
И еден дрес од РК Пелистер е оригинален,останатите се зелено-бели дресови порачани од Англија,или home-made дрес од Пелистер...
Имам уште 10ина,ама не се за јавно прикажување...