- Член од
- 18 септември 2011
- Мислења
- 5.432
- Поени од реакции
- 5.555
Ватерполото заедно со фудбалот е еден од најстарите спортови на ОИ. На програмата е дури од 1900 година кога игрите биле одржани во Париз. Најуспешна селекција во историјата е Унгарија со дури 9 златни медали и 12 едно по друго медали на сите ОИ - почнувајќи од Амстер 1928 година, завршувајќи со Москва 1980.
Највеќе учества едно по друго имаат Унгарците и Италијаните - по 13, а ги следат Југославија и Австралија со по 12. Секако, Унгарците се рекордери со дури 22 настапи на ОИ.
Што се однесува до женската конкуренција ватерполото се игра од Сиднеј (2000). На досегашните 4 ОИ ниту една селекција не успеала да го одбрани златото. Имавме 4 различни Олимписки прваци но селекцијата на САД е најуспешна со 1 злато,2 сребра и 1 бронза и со дури 3 финалиња.
Освојувачи на медали од минатите ОИ се Хрватска(злато),Италија(сребро) и Србија(Бронза).
Во женска конкуренција - САД(злато), Шпанија(сребро) и Австралија(бронза).
Турнирот кај мажите започнува на 6 август и ќе трае до 20 август, додека пак женскиот турнир почнува на 9ти и завршува на 19ти.
Учесниците во машка конкуренција се поделени во 2 групи со по 6 тимови.
Група А
Србија
Унгарија
Грција
Јапан
Бразил
Австралија
Група Б
САД
Хрватска
Шпанија
Италија
Црна Гора
Франција
Жените се поделени во 2 групи по 4 тимови
ГРУПА А
Италија
Бразил
Русија
Австралија
ГРУПА Б
Кина
САД
Шпанија
Унгарија