Васил Гарванлиев

Diabolical !llusion

Магец
Член од
3 август 2006
Мислења
2.238
Поени од реакции
22
За младиот баритон животот отсвирел ниски ноти​
и покрај животот сличен на драма,сеуште пее​
[FONT=&quot]13.12.06[/FONT]

Баритонот Васил Гарванлиев, започна со настапи професионално на 7 годишна возраст како детска ѕвезда во неговата Македонија. Како солист во Чикашкиот детски хор, тој настапуваше на многу познати места како: Ravinia Festival, Grant Park, Carnegie Hall, Chicago Theater, President Clinton, Samuel Ramey, Celine Dion, Heather Hedley... и со многу познати луѓе.Тој студирал во Италија со Pier Miranada Ferraro. Моментално е во Канада и студира во Glenn Gould School, под менторство на Roxolana Roslak. Васил е член на Оперскиот концертен хор и настапува на повеќето од нивните претстави.
Музичкиот живот ми оди прекрасно.Го играв Рен во Футлуз,пеев без престан( со Сеline Dion, Josh Groban, Samuel Ramey, Nick Carter, Yolanda Adams, Enrique Iglesias, Bobby Mcferrin, Dennis Deyoung итн)- изјави Васил.

Пред одреден период поминавме малку време со Васил Гарванлиев,млад македонски баритон кој студира на Ројалниот конзерваториум за музика.
Неговата е, без размислување, оперска приказна.
-Пред неколку години, во еден наврат додека пеел придружувајќи ја својата мајка во шопинг,го слушнал еден познат македонски композитор низ отворениот прозорец. Композиторот бил воодушевен.
Речиси преку ноќ, момчето со златен глас стана ѕвезда,неговите телевизиски настапи беа најгледани,концертите најпосетувани,а неговите плочи се продаваа како палачинки[FONT=&quot].[/FONT] Тогаш започна војната во Косово.
Момчето со златен глас беше тивко во своето ново американско средно училиште, се почувствува несигурен во себеси и одбиваше да зборува.
-Тогаш, случајно, еден професор по музичко ја откри неговата приказна,ги слушна неговите ленти,му помогна со англискиот и направи место за него во школскиот хор.
До скоро време,Васил беше член на Детскиот хор во Чикаго,добиваше секакви медали,награди и стипендии. Беше поканет да посетува едно престижно училиште, и таму да ги продолжи своите студии. И тогаш се случи неочекуваното....
-Националната фондација за постигнувања во уметноста ме обвини за лажно државјанство и ми ја одзеде стипендијата-вели Васил-Музичкото училиште во Менхетн го тврдеше истото, дека лажев за државјанството.Ни рекоа дека ќе бидеме депортирани. Не можев да поверувам што ми се случува.
Една вечер,учениците од Детскиот хор во Чикаго одржуваа говор да им се заблагодарат на донаторите.
-Напишав приказна за мојот живот во вид на бајка,на крајот го прочитав писмото за депортирање.Целата публика плачеше. Една жена ми се приближи и ми рече дека што и да правам таа ќе плати за мене,а еден адвокат ми ги понуди своите услуги бесплатно- се сеќава Васил.
На крајот,после многу средби и дискусии,неговата фамилија беше депортирана во Македонија. Нему му беше дозволено да остане во Чикаго и да го заврши школувањето сосема сам. Васил можеше да остане и да ги заврши своите студии комплетно во САД но се врати во Македонија кога татко му беше приведен во затвор.

Тој рече: Чекав 5 месеци и аплицирав за да се вратам во САД,Претседателот на Македонија ми даде препорака за конзулатот,но тоа не помогна,Американската амбасада не ми даде дозвола за враќање.
Васил настојуваше да ги продолжи студиите. Се пријави во Ројалниот Колеџ за музика во Лондон.Колеџот прима 13 странски студенти годишно,и бидејќи училишната година беше во тек,Васил беше принуден да чека за следната.
Додека чекаше,еден познат европски баритон го препорача на еден негов пријател во Милано[FONT=&quot].[/FONT]Васил заврши на аудиција во Ла Скала, и беше примен во класот на напредни ученици.Неговиот учител имаше 38 години и зборуваше само италијански,па Васил се почувствува уште еднаш недобредојден. Неговите часови ги плаќаше жената од Чикаго, тој се чувствуваше непријатно заради ангажманите,преферираше да ги праќа парите на неговите.
Со тек на времето,колеџот во Лондон го даде неговото место,а некој му предложи да оди во Канада.
Кога би го сретнале на улица не ги го претпоставиле ништо од ова.Не би знаеле дека мајка му и брат му се модни дизајнери,дека на погребот на својот татко ја пеел Amazing Grace[FONT=&quot]...[/FONT]ниту пак дека бил познат во Македонија,бидејќи и покрај се,тој е обично момче....

Joe Fiorito
 

Diabolical !llusion

Магец
Член од
3 август 2006
Мислења
2.238
Поени од реакции
22
Солистот Васил Гарванлиев доби стипендија од Фондацијата на Џорџ Буш

Надежниот музички талент од Струмица Васил Гарванлиев, кој е солист во чикашкиот младински хор, доби стипендија од Фондацијата на американскиот претседател Џорџ Буш за школување на универзитетот "Џулијард" во Њујорк.

Хорот во кој тој членува е познат по снимањето на спотовите за "кока-кола".

Васил е солист во мјузиклите "Убавицата и ѕверот", "Аладин и волшебната ламба", а сега и во подготовката на "Аида", која се игра на Бродвеј, според аранжманот на Елтон Џон. Талентот на Васил го открила неговата прва учителка Летка Димовска-Полизова од Скопје, која уште од 1993 година го афирмирала на "Златното славејче", со песната "Марионка".

Како солист Васил настапил во Белата куќа во Вашингтон, каде што го забележале сите присутни. Летоска на Мајами тој ја добил највисоката Платинеста награда на Националната фондација на американскиот претседател Џорџ Буш за пронаоѓање млади таленти. Таа награда му донела стипендија и препорака од Националната американска фондација да се школува на универзитетот "Џулијард" во Њујорк, каде што се школуваат само најталентираните Американци и деца од целиот свет.

Развојот на Васил грижливо го следат и стручњаците од Бродвеј, кои веќе најавуваат дека тој ќе заигра и во бродвејските мјузикли штом ќе дојде на студии во Њујорк. (М.П.)
 

Dragana <><

Daydreamer
Член од
18 јуни 2006
Мислења
1.130
Поени од реакции
8
Ја ке приложам само неколку слики, за коментари....пф...па и немам што:toe:



 

Diabolical !llusion

Магец
Член од
3 август 2006
Мислења
2.238
Поени од реакции
22
http://www.mytempdir.com/1220736

мојата омилена песна од него,да се каже дека освен Марионка има и други песни


п.с. на последната слика најмногу личи на оној Васил што сите ние добро го знаевме
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Го паметам по онаа детската „Марионка”, знам дека беше во Канада долго време, инаку потекнува од Струмица. Не го знам лично, ама имам пријатели кои биле доста добри другари со него.
Летово имаше интервју на една наша локална телевизија со него и рече дека се запознал со многу познати светски пејачи.
И се разбира навивам за да победи на изборот за Евровизија.
 

a n g e l c e

^ Poison Girl ^
Член од
25 јануари 2007
Мислења
1.202
Поени од реакции
5
многуу си го сакам Васил е супер дете едно од најдобрите што ги знам
баш прееска се видовме во град и многу ме изненади тука е во Ср.
Се имам со него и сум поминала многу незаборавни моменти со него.
Ај стискајте палци за негова попеда за песна на Евровизија :helou:
 

a n g e l c e

^ Poison Girl ^
Член од
25 јануари 2007
Мислења
1.202
Поени од реакции
5
немаш проблем вечер сигурно ке се видиме.
Инаку имам и слики од него
но ке ги ставам малку подоцна
 

Diabolical !llusion

Магец
Член од
3 август 2006
Мислења
2.238
Поени од реакции
22
a n g e l c e напиша:
ej mnogu sum happy ja imam penata na Vasil Garvanliev i da vi kazam mnogu e ubava super e
извини али морав да те цитирам! ќе те замолам да не просветлиш со некоја новост,што се случува со Васил,онака,на професионално и приватно поле(се знае со граници!!) :salut:
 

Diabolical !llusion

Магец
Член од
3 август 2006
Мислења
2.238
Поени од реакции
22
Желба од срце

Ведро небо,тивка ноќ,
горе безброј бисери,
јас ја барам ѕвездата,што за мене постои,
секој жив на овој свет,си има своја ѕвездичка,
што го следи кај да е,како верна другарка

Нека гори,нека сјае,нивен зрак во темнина
нека праќа топла љубов длабоко во срцата
гледам една ѕвезда паѓа,трепка,ми намигнува
исто како да ми вели-желбата е примена....

ја обожавам песнавааааааааааа
 

joki

Погана Паганка
Член од
1 февруари 2006
Мислења
1.054
Поени од реакции
16
Ногу мило детуле...вечно раскезено и весело, иако не му било се розово во животот...гугушка:) И најважното имат убо гласче:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom