AlternativeF
госпожата од втори
- Член од
- 1 мај 2006
- Мислења
- 4.830
- Поени од реакции
- 7.574
Мене друго не ми е јасно во врска со терапиите. Зашто овие препарати/третмани се едни од најсакпите. Месечно зависно од препаратот (беше за дебело црево или за црниот дроб, не се сеќавам) оној што делуваше кошташе 1000-2000 евра
Сложена и скапа технологија за производство, сложени и скапи испитувања кои довеле до откривање на тие лекови... Сигурно си запознаен како оди процедурата за производство на лековите. И за жал, не е само хемото екстремно скапа, туку и речиси сите лекови за супортивната терапија која се користи кај овие болести.
Инаку, претходно некако сум го испуштила следниот дел од интервјуто:
и мислам дека после оваа изјава нема што повеќе да се коментира за стручноста на магистеров. Како пациентите од канцер преку искашлување исфрлаат црнила кои се мртви клетки? Објаснувањето за трупањето на болни клетки кои се исфрлаат преку искашлување? Изјавата дека нема студија која докажува поврзаност меѓу исхраната и одредени типови на рак? Објаснувањето за формата на болните клетки? Секој тип на рак е со различна форма на клетки. Автоматизам на генот и на ДНК? Цинцилатор на федерфуфна?Некои научници сметаат дека канцерот се појавува поради неправилна исхрана и дека всушност е пореметување на метаболизмот.
-Не. Тие можат да кажат се. Ако велат дека е така, треба да направат студија и да не уверат дека тоа е тоа. Делбата на клетката што е склона да се разболи од малигнитет нема правилна форма. Болните клетки немаат правилна форма како обичните, туку се зашилени. Во средината на клетката има јадро, цитоплазма и Голџиев апарат кој создава клеточен сок. Болната клетка е деформирана, од една страна е нормална, од друга е како шилец. При делбата здравиот дел се двои од зашилениот и се создаваат една здрава и една мртва клетка. Мртвите клетки се отфрлаат, се трупаат на една страна и чекаат подобри времиња, да се опорави имуниот систем, но тоа не се случува. Затоа пациентите од канцер преку искашлување исфрлаат црнила, што се всушност мртви клетки. Варуминот влегува во клетката, и дава енергија и храна на клетката, почнува да работи Голџиевиот апарат, јадрото станува поактивно и клетката се исполнува цела, па по автоматизам на генот и на ДНК, клетката, јадрото и цитоплазмата се делат пола – пола. Затоа варуминот нема токсичност, нема зависност, нема лоши контраиндикации.