Вардар-Работнички 06.05.2014 18 часот

Како ќе заврши дуелот за шампионската титула?


  • Вкупно гласачи
    33
  • Гласањето е завршено на .
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.691
За градското дерби секогаш мора да има посебна тема :icon_mrgr:
Особено што двата клуба се во директна борба за шампионската титула и Вардар уште утре може да биде крунисан како нов првак во Македонската лига.

Ситуацијата на табелата на 4 кола пред крајот е следната:
1. Вардар 64
2. Работнички 58

Вардар во секој случај ќе има подобар учинок од Работнички во меѓусебните дуели, бидејќи досега скорот е 2 победи на Вардар и една нерешена средба.
Со други зборови со триумф на утрешното дерби Вардар стигнува до осмата титула во Македонското првенство (деветта сосе титулата од Екс Ју :D).

Доста интересно е дека во сите три меѓусебни натпревари, Работнички беше во најмала рака рамноправен противник, па може да се каже дека беа и подобри.
И покрај сите шанси, не успеаа ниту еднаш да ја затресат нашата мрежа за 270 минути, додека ние тоа го направивме во 4 наврати.
По еднаш стрелаа Петковски, Таневски, Грозданоски и Блажевски.

Дуелот кој го одигравме минатата недела беше многу интересен, можеби и еден од најдобрите натпревари во оваа сезона. Работнички напаѓаше, креираше шанси, Вардар чекаше шанса од контри, ја искористи слабата игра на одбраната и голманот на гостите и стигна до драгоцени три бодови. Со победа во тој дуел, сега ќе имавме израмнето првенство и уште повозбудлива битка за титулата.
Играта на Работнички на последниот дуел ме донесе до ниво да еуфорично го очекувам овој дуел, бидејќи знам дека уште еднаш ќе видиме добар фудбал поради тоа што Работнички ќе мора да напаѓа ако сака да остане во трката за титулата, додека ние сме доста опасни по контри, а мислам дека играчите сигурно ќе сакаат титулата да ја прослават токму со победа над противникот кој лани успеа да финишира како шампион прегазувајќи не во решавачкото градско дерби со 3-1.

Чума Анене и Баже Илијоски беа трагичарите од минатонеделниот дуел, откако промашија ТРИ ШАНСИ сами со Пачовски. Две од шансите беа на резултат 0-0 :icon_mrgr:

Кај Вардар истече суспензијата на Ибричиќ и Асани, додека кај Работнички истотака мислам дека нема да има суспендирани играчи. Кај Вардар од првотимците неизвесен е настапот на Хофханес Хамбарџумијан, нашиот десен бек кој против Работнички заработи некоја повреда поради која на дуелот со Металург воопшто не беше во составот.

Вардар би требало да настапи со Пачовски на голот, Грнчаров и Бојовиќ во дефанзивата, Попов ќе биде лев бек, додека ако недостасува Хамбарџумијан, би требало Грозданоски да игра како десен бек, во спортивно Ерменецот ќе си стартува на таа позиција.
Во средината Глигоров и Дашијан се сигурни, додека третиот избор би требало да биде Спировски кој добива предност пред Ибричиќ во последните неколку меча. Сепак, не би се изненадил и ако Глигоров-Дашијан-Ибричиќ биде изборот на Андреев.
Асани или Петар Петковски ќе биде изборот за младинец во првиот состав, а тука доста зависи и од тоа дали Хамбарџумијан ќе биде способен да игра. Доколку игра Хамбарџумијан, тогаш Грозданоски ќе оди на лево крило, Асани/Петковски на десно, додека најистурен во нападот ќе биде Дејан Блажевски. Ако не игра Хамбарџумијан, тогаш Влатче ќе биде бек, додека веројатно Љамчевски ќе биде лево крило, Асани/Петковски десно, а Блажевски напад. Друга варијанта е Блажевски да биде лево крило, а Филип Ивановски како шпиц.

@Архивист нека пише нешто повеќе за очекуваната формација на Работнички :D
Божиновски со сигурност ќе биде на голот иако практично тој ни ја подари победата против нив минатата недела. Во дефанзива се тенки и по повредата на Мите Цикарски не знам како ги имаат распоредено играчите. Претпоставувам дека Илиевски е лево, Додевски и Велковски централни дефанзивци, додека Силјаноски десно. Средината е раководена од Вујчиќ кој е маестрален на овој дел од теренот, тука е и Петровиќ, младиот Сахити и Маркоски. Баже Илијоски со сигурност ќе биде шпиц, додека напред друштво ќе му прават или Анене или Алтипармаковски кој добива малце шанси после одличната прва полусезона.

Досега билансот е:
49 одиграни средби во Македонска лига
20 победи на Вардар
11 нерешени средби
18 победи на Работнички

Во овие дуели никогаш не победуал оној кој е во подобра форма.
Ќе стигне ли Вардар до титула, или Работнички ќе го направи првенството интересно до самиот крај со оглед на тоа што во наредно коло Вардар гостува кај Шкендија и може да загуби?

Минатото дерби пред недела дена го следеа 3000 гледачи, еве можност на убаво време, во убав термин да има повеќе публика.

ОДИМЕ НА ТИТУЛА!!!



:kuracc:
 
B

Beck's

Гостин
Уште судијата да го погодеа за дерби натпревар а не Бартон да го пратат :гик: Инаку како неутралец посакувам победа на Работнички за поинтересен крај, вака ако тепате нема да биде интересен наредниот натпревар против нас. Нека биде 2:3 утре
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.691
Ако суди лошо ќе му пееме во ваш стил :icon_mrgr:
Жена ти се ебе Бартоне, Бартоне, Бартонееее :icon_mrgr:

Бартон ни суди доста добро на нас, се надевам нема да има некој испад утре :icon_lol:
 

Незапирливи 1903/87

Изгорен за Вардар
Член од
20 јули 2011
Мислења
3.496
Поени од реакции
9.988
Само напред Вардареее :cujte:
И добро бе, мора ли стално на ФК решавачките утакмици, прослави итн. да ги играме на работен ден :facepalm:
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.146
Поени од реакции
4.539
Волкава незаинтересираност немало на меч против Турново, утре се игра за титула а никој не знае :ROFLMAO: Се надевам дека бар убавото време ќе привлече пак солидна бројка на север, на запад 300 души максимум ако има..
 

Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
Бојовиќ има 5 жолти, отпаѓа он од состав. Дино Најдоски е четврта алтенрнатива, а да има како него ни на тренинг не би го зимале, и веројатно Попов ќе е партнер на Грне а Љамчевски лев бек.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.691
Бојовиќ има 5 жолти, отпаѓа он од состав. Дино Најдоски е четврта алтенрнатива, а да има како него ни на тренинг не би го зимале, и веројатно Попов ќе е партнер на Грне а Љамчевски лев бек.
Сме наебале ако е така :D

Не дај боже да почне со Дино, има 10 комада да примиме. Битката треба да се добие на средината од теренот, а на тој дел ние не можеме ни на Силекс да им парираме што е најстрашно. Додуша конечно крембилот Андреев почна поправилно да ги распоредува играчите, па последните дуели почнавме да играме нешто од нешто.
Доста веројатно е тогаш Попов да игра централен, Љамче лев бек...
 

Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
Без Дуле Трајчевски тешко дека Петровиќ и Вујчиќ можат да им парираат на Глигоров - Ибричиќ, Дашјан :)

Иначе типувам на мирољубив нерешен резултат.
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.677
Поени од реакции
5.925
Јас мислам утре во средина ќе ни играат Глигоров-Ибричиќ- Спировски, со тоа што Ибричиќ би играл нешто понапред.
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.013
Поени од реакции
7.730
Федерацијата од старт што во распоредот наместила коло во недела кога се играат завршниците во еврокуповите е идиотска. Не дека би играле нашите клубови во полуфинале ама автоматски губи на значење кога секој еден човек зборува за полуфинале лига на шампиони оваа утакмица никој не го интересира. Значи никаква медиумска покриеност, никаква подршка од самите клубови со непрофесионално работење кога маркетинг е во прашање. Надополнето со очајниот квалитет не може многу луѓе да заинтересира.
Сите фактори се против фудбал во Македонија!
Ќе тепа Вардар и ќе биди шампион, друго нешто и не очекувам. Се надевам и среќа ќе има во Европа следната сезона.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.650
Поени од реакции
9.855
И да тепаме утре, пехарот ќе го добиеме пред почетокот на последниот натпревар во сезоната....
Таков идиотизам може само кај нас да има.

За утакмицава незнам што да мислам. Во досегашните 3 дуели Работнички беше подобар противник, креираше повеќе шанси али имавме среќа па не успеваше никако да погоди. Ако ни го сврти грбот
среќата ќе го јадеме..
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.691
Федерацијата од старт што во распоредот наместила коло во недела кога се играат завршниците во еврокуповите е идиотска. Не дека би играле нашите клубови во полуфинале ама автоматски губи на значење кога секој еден човек зборува за полуфинале лига на шампиони оваа утакмица никој не го интересира. Значи никаква медиумска покриеност, никаква подршка од самите клубови со непрофесионално работење кога маркетинг е во прашање. Надополнето со очајниот квалитет не може многу луѓе да заинтересира.
Сите фактори се против фудбал во Македонија!
Ќе тепа Вардар и ќе биди шампион, друго нешто и не очекувам. Се надевам и среќа ќе има во Европа следната сезона.
Не знам само како успеале последното коло кое решава за титула да го преместат да се игра како второ коло во плејофот, и тоа сред работна недела. Баш се генијалци :angel:
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.013
Поени од реакции
7.730
Не знам само како успеале последното коло кое решава за титула да го преместат да се игра како второ коло во плејофот, и тоа сред работна недела. Баш се генијалци :angel:
Не ми е јасно, единствено се мисли само да се одиграат натпреварите. Кога, каде, пред кого не м уе воопшто битно. И после ќе ми излези ќе речи придонесувал во интерес на фудбалот. Кој интерес? Двата најпосетени стадиони на сред сезона му текнува ги ископуваат терените. Термини што којзнае од каде ги смислуваат. Неспособност навивачи гостински да обезбедат. И оние што малку ги интересира како намерно на клоци да се бркаат од стадион. Неспособна држава, неспособна федерација, импровизација. Не ми се прави муабет. Не само фудбалската и сите други треба да се замислат што прават.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom