Ванеса Меј во Борис Трајковски - 15.5.2017

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.343
Поени од реакции
7.458
Британската виолинистка Ванеса Меј на 15 мај 2017 ќе гостува во Вип Арена „Борис Трајковски“ во Скопје и тоа ќе биде единствен настап на познатата музичарка во регионот, соопшти Прагма продукција, која го организира концертот со поддршка на Министерство за култура и Македонската филхармонија.


Фото извор.

- Ванеса Меј Венкорн Николсон професионално позната како Ванеса Меј е британска мега популарна виолинистка. Атрактивната и популарна виолинистка некогаш била нарекувана „чудо од дете”, а сега е една од најпознатите виолинистки на сите времиња. Позната е по спојот на техно и класичниот стил во своите изведби. Уште на 16 години ги поместува музичките граници кога го објавува албумот „Violin Player” формирајќи необичен микс на џез, поп и техно звук, но се издвојува и по нејзините сценски настапи и необичен изглед. Албумот веднаш по објавувањето се нашол на Топ-листите во над 20 земји од светот. Првиот солистички концерт го има кога има само 9 години, а на 10 веќе настапува со симфониски концерт. До нејзините 13 години веќе објавува три албуми, наведува Прагма продукција.

Ванеса Меј е запишана во Гинисовата книга на рекорди како најмлад инструменталист кој изведува виолиниски концерти на Бетовен и Чајковски. Таа е и прв изведувач на класичен инструмент кој бил номиниран за престижните BRIT awards за номинацијата „Најдобар женски изведувач”. Во 2006 година е рангирана како една од најбогатите млади изведувачи со заработка од над 32 милиони фунти од концерти и продажба на 10 милиони албуми ширум светот.

Прагма продукција информира дека билетите за концертот на Меј, кои се во ограничен број, ќе бидат пуштени во продажба на 8 март на сите продажни места на КупиКартиЗаСе низ Македонија, Пола Југотон и Цвеќара „Розе” - Веро 2.

Извор: Дневник
 
Последно уредено:
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.894
Поени од реакции
7.569
Што се десило со концертов ? Се одржал ли ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom