Вангели ака Вуна и „деконструкцијата“ на Македонизмот

Член од
20 мај 2009
Мислења
7
Поени од реакции
0
Веќе подолго време, „нашиот драг“ Офчар, Вуна, политиколог, кој се претставува во слободно време и како историчар на слободна тема, пишува како што самиот погрдно се изразува “македонизмот“ и неговите “феномени“. Еве, неколку „генијални“ заклучоци:

Историјата ја пишуваат победниците: неомакедонизам

- Македонизам е „старата” југословенска про-македонска националистичка реторика.

- Во независна Македонија, политиката на македонизмот е рефлектирана во платформата на СДСМ и Киро Глигоров.

Жал за жртвите на македонизмот

Анти-македонизмот, како и да е, никогаш нема добиено своја прифатлива академска верификација, барем во Македонија. Најголемиот придонес за анти-македонизмот доаѓа од бугарската историографија, на прво место од Божидар Димитров. Во Македонија оние кои се обиделе да ја промовираат оваа идеја секогаш завршувале остракирани – скорешни примери се Младен Србиновски, Димитар Димитров и самиот Љубчо Георгиевски, некогашен “војвода” и херој.

-
Сепак, полниот потенцијал на митот на античката македонска националност се чини почна да се користи од 2006 наваму, со таканаречениот процес на “антиквизација”.

Македонските националисти се глупи

- Минатото, особено митот, ако за елитата претставува средство за манипулација, во исто време е и голем товар за “обичниот националист”.

Гордост и страв

- Од друга страна, после фантомските “7000 години писменост”, “Не одете на одмор каде што не ве признаваат” и ним слични кампањи, во Скопје се случи и кампањата “Гордост”. “Александар бил Македонец, Филип бил Македонец... Ченто бил Македонец (сите до еден машки ликови, м.з.)... Биди горд (строго во машки род, м.з.) на своето минато!” Со ваквите плакати дополнително се перпетуира националистичкото поистоветување на категориите нација, етницитет или историска заедница (како може и гемиџиите и Филип Втори да се третираат под исти именител, кога ги делат милениуми и разлика во контекст од антиимперијален тероризам до империјално војсководство!?). Згора на тоа, на граѓаните им се сугерира дека треба да се гордеат со нешто за што самите тие ништо не направиле – ем да се гордеат со туѓи дела, ем да се гордеат со фактот што се родиле баш како Македонци.

Упикување и затскривање зад Виножито

Александар е Бисексуалец

- ..Освен, можеби, ако не сметаме дека сексуалните малцинства се делумно претставени преку Александар Би Македонски .

Фејсбук национализам (Веројатно следи Кајгана национализам? Веќе поставил тема на овој форум Како би сакале да биде уредена Обединета Македонија, кајганџии експериментални “неомакедонистички“ глувци)

- Преку најразличните форми на виртуелни заедници (форуми, блог-заедници, социјален софтвер и сл.), националистите имаат можност, ако не да се запознаат, барем да го осознаат постоењето на другите припадници на “замислената заедница”.

Е, сега, он деконструира цел Македонизам, академски, мејнстримски, но југословенството никој не смее да му го пипка.

Југословенското минато и потребата од итно помирување

Тоа дека сме биле потиснати во СФРЈ било лажно.

- Во Македонија сè поприсутен е митот за потиснатото национално чувство во времето на комунизмот, поточно во времето на Југославија. Митот за “потиснатоста” е една од најголемите заблуди во современото изучување на национализмот, и главно се состои од поедноставување на сликата (карактеристично за неразумноста): национализмот се согледува како органски вкоренет во предкомунистичкото минато, за потоа да биде замрзнат или потиснат од страна на комунизмот, и тоа се гледа како главна причина за жестината на националистичкиот сентимент по паѓањето на комунизмот.

Ме интересира, на Кајгана доаѓаат историчари, професионални и лаици, разни интелектуалци, обични луѓе кои се интересираат, како би ги коментирале овие ставови? За мене во најмала рака се шокантни и увредувачки со јасен стремеж на поткопување на националното чувство и историја. Знам дека Вангели овде е пријател со многумина и личен и дека ќе скокнат во негова одбрана по автоматизам, но јас не барам да го напаѓате туку само попрецизно да ги прочитате неговите „контроверзни“ ставови.
 
Член од
5 јуни 2007
Мислења
890
Поени од реакции
9
Но доаѓаат и еден куп ентузијастички почетници понесени од новата стратегија на СДС-то за односите со медиуми.. само се мислам дали тоа интрукцијата е еден активист да отвара по 20 кориснички имиња или Семос дал некој компјутердонација па на смени во задната канцеларија на бихачка.. прочитано, не функционира тоа така насилнички.. реков и на една друга тема.. барем малку даве потковаат.. штета за неколкуте искрени левичари на форумов што ќе се угушат од самото читање на репликите од полуспроведената инструкција...
 
Член од
20 мај 2009
Мислења
7
Поени од реакции
0
- Еднаш, разговарајќи со еден мој драг пријател, историчар, дојдовме до истиот заклучок: најголемата грешка на комунизмот била негувањето на национализмите. Наместо разобличување на митовите, комунизмот преку опсесијата за институционализирање, ги инститицуинализираше сите оние инаку многу флуидни категории кои тешко се дефинираат: народ, народност, заедница. И не само што ги институционализирал, туку и сосема некритички ги вклучил во платформата на рамноправност, еднаквост, прогрес, братство и единство. Националистичкиот сентимент, особено во политиката на Тито, бил силно инструментализиран. Од Југословенското минато и потребата од помирување

- види ја “картата“ направена за претставата на Вуна за „Обединета Македонија

И коските на Гоце Делчев “македонски националистички експанзионизам“. Факинг неверојатно!

- Пренесување на коските на Гоце Делчев 1948 од Софија во Скопје. Основање на Институт за национална историја кој ќе ја открива “македонската вистина”, и печатење на Историјата на македонскиот народ, во која едно поглавје е и за античкото минато. Главно, тогаш се поставува основата за денешната експанзија на македонскиот национализам.

Удар по МПЦ неканонска (Вранишковски гомна да јаде)

Во македонскиот контекст, особено впечатлив е моментот на неканонското формирање на МПЦ од страна на Белград и доделувањето на парцела во центарот на Скопје за да се гради Соборниот храм.

Зоофилски и наркомански халуцинации на Вуна за Паско Кузман
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Jаго а да одиш до аптека?
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Вуна може фино на својот блог да си го покани Љубчо Георгиевски и двајцата да онанираат до бескрај за непостоењето на Македонците....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom