Вакцина против сезонски грип (пандемиска вакцина)

Член од
23 септември 2015
Мислења
723
Поени од реакции
388
Вреди ли човек да се вакцинира за сезонски грип.
ПС. Што поточно има во составот на тие вакцини
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.604
Поени од реакции
34.798
Вакцини против сезонски грип се четиривалентни, кои можат да содржат:

WHO-Flu-2021-447x628.jpeg

хемаглутинин (HA) добиен:
- од еден вирус на грип A(H1N1)pdm09, A/Victoria/2570/ циркулирачки од 2019 година.
- од еден вирус на грип А(H3N2), A/Cambodia/e0826360/ циркулирачки од 2020 година.
- од еден вирус на грип варијанта B/Washington/02/2019 (Victoria)
- од еден вирус на грип варијанта Б/Јамагата B/Phuket/3073/циркулирачки вирус од 2013 година (Yamagata).

или комбинација хемаглутинин (HA) добиен:

- од вирус на грип A/Wisconsin/588/2019 (H1N1)pdm09.
- од еден вирус на грип А(H3N2) A/Cambodia/e0826360/2020.
- од еден вирус на грип B/Washington/02/2019.
- од еден вирус на грип B/Phuket/3073/2013 (Yamagata ).

Тривалентни вакцини против грип веќе не се произведуваат.

Вакцините против сезонски грип за секоја држава на Северна хемисфера треба да бидат достапни и набавени уште во јули или август, при што со вакцинацијата идеално се почнува во септември до крај на октомври, за да би се создал заштитни имунитет најмалку после 20 дена од примена вакцина против сезонски грип (за постари особи скоро после месец) кога би се очекувал тој сезонски грип а тоа е крај на ноември и почеток на декември!

Вреди ли човек да се вакцинира за сезонски грип.
ПС. Што поточно има во составот на тие вакцини
...ти како млада особа не знам кој би бил бенифитот да ја примиш, па дополнително малку е касно, лично не би примила инактивирани вирус на грип кој циркулира во Јапонија, Сад што ја знам Хонг Конг, Малезија која се дава глобално на сите држави на Северна Хемисфера, а и да дојде до МКД кој знае како ќе измутира вирусот со што ефикасноста на заштита паѓа под 30%, но секој со свое размислување.

Afluria Quadrivalent - од 3 години нагоре,

afluria-quadrivalent-0_5ml-syringe-10pack-2022-23-product-image.jpg Flu_shot_1_tx658.jpg
Fluarix Quadrivalent - од 6 месеци нагоре,

PPC-0023324@2x.jpg fluzone-quadrivalent-0_5ml-syringe-10pack-2022-23-product-image.jpg
FluLaval Quadrivalent, Fluzone Quadrivalent

Flucelvax-5mlx10-22-23-Reflect-RGB.jpg flublok-quadrivalent-0_5ml-syringe-10pack-2022-23-product-image.jpg
Flucelvax Quadrivalent / Flublok Quadrivalent - од 18 години нагоре.

Треба да се внимава да се администрира соодветен волумен на доза за конкретната вакцина, ако претходно не се достапни специјални наполнети шприцеви, соодветен волумен може да се администрира од вијала со една или повеќе дози, доколку се користи вијала со единечна доза од 0,5 ml за доза од 0,25 ml за дете на возраст од 6 до 35 месеци, треба да се администрира само половина од волуменот на вијалата, а преостанатата половина треба да се фрли.

Волуменот на дозата се разликува од бројот на дози, за децата на возраст од 6 месеци до 8 години на кои им се потребни 2 дози за 2021-2222 година (нивно вакцинирање почнува во месец август) им требаат 2 посебни дози администрирани со разлика од ≥4 недели, без оглед на специфичната користена IIV4 и волуменот даден за секоја доза, додека за деца на возраст од 36 месеци (3 години) до 17 години и возрасни на возраст од ≥18 години, волуменот на дозата за IIV4s е 0,5 mL по доза, со исклучок на Fluzone High-Dose Quadrivalent (HD-IIV4, лиценциран за лица на возраст од ≥65 години), за кои точниот волумен е 0,7 mL по доза.

Ако ненамерно (по грешка) се администрира помала доза на вакцина (на пример, 0,25 ml) на лице на возраст од ≥36 месеци, преостанатиот волумен потребен за да се направи целосна доза треба да се администрира за време на истата посета на вакцинација, ако грешката е откриена подоцна (откако примателот го напуштил местото за вакцинација), треба да се администрира целосна доза веднаш штом примачот се врати.
Вакцинацијата со формулација одобрена за употреба кај возрасни треба да се смета како единечна доза, на пример една рекомбинантна вакцина против грип, Flublok Quadrivalent (RIV4), одобрен за лица на возраст од ≥18 години содржи рекомбинантна ХА произведена во клеточна линија од инсекти користејќи генетски секвенци од клеточно добиени вируси на грип и е произведена без употреба на вируси на грип или јајца, а RIV4 се администрира со IM инјекција преку игла и шприц, доза од 0,5 mL содржи 45 μg HA добиени од секој вирус на вакцина (вкупно 180 μg).

flutable21.png

Со тоа што постојат многу опции за вакцина против грип зависи од возраста, подлога јајце или не... итн, што ќе одберат (одбрале) нашиот МАЛМЕД за регистрација како вакцина против сезонски грип за вакцинација на македонскиот народ допрва ќе видиме иако малку со закаснување!
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.190
Поени од реакции
21.334
Нека не те лаже не е касно идеално време е.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.604
Поени од реакции
34.798
Нека не те лаже не е касно идеално време е.
...види ваму, ти кажи свое мислење, а не ми давај мене карактеристики дека ,,лажам,,.
Вакцините против сезонски грип за секоја држава на Северна хемисфера треба да бидат достапни и набавени уште во јули или август, при што со вакцинацијата идеално се почнува во септември до крај на октомври, за да би се создал заштитни имунитет најмалку после 20 дена од примена вакцина против сезонски грип (за постари особи скоро после месец) кога би се очекувал тој сезонски грип а тоа е крај на ноември и почеток на декември!
...читај уште еднаш што напишав, со тоа што утре е 31 октомври, а нема сеуште за сите вакцина против сезонски грип, а вторник веќе сме ноември.
 
Последно уредено:

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.190
Поени од реакции
21.334
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.604
Поени од реакции
34.798
што ќе одберат (одбрале) нашиот МАЛМЕД за регистрација како вакцина против сезонски грип за вакцинација на македонскиот народ допрва ќе видиме иако малку со закаснување!
...,,лажиш,,, да кажеш тоа е клевета без факти!

scv20221030_104010.jpeg
scv20221030_104046.jpeg
...се мешаш во нешто што не е твоја професија, па одозгора набедуваш ,, дека лажам,, ти пиши си свое мислење и тоа ти како ги разбираш работите, ама ти лаик да ми речеш ,,лажам,, малку повеќе од глупо, нели?
 
Последно уредено:
Член од
2 август 2011
Мислења
383
Поени од реакции
653
После колку време од настинка може да се прими вакцина? Не можам глава да кренам од јуни до сега, еве веќе петти пат со сите симптоми, ми иде сите вакцини што постојат да ги примам...
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.190
Поени од реакции
21.334
После колку време од настинка може да се прими вакцина? Не можам глава да кренам од јуни до сега, еве веќе петти пат со сите симптоми, ми иде сите вакцини што постојат да ги примам...
А што си фатил во Јуни?
 
Член од
2 август 2011
Мислења
383
Поени од реакции
653
А што си фатил во Јуни?
Во јуни имав Ковид, потврдено со тест, ама сакам да кажам од тогаш уште четири пати по ред се разболувам којзнае што се' не фатив од страна на вирус, навистина преку глава ми е веќе...
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.190
Поени од реакции
21.334
Не си единствен. Во две години носење маски сме одбегнале други вируси и сега надохнадуваме. Со лесно и вакцина против грип ќе ти помогне секако. Не е лесно кога ќе закачиш вистински грип.

Gesendet von meinem SM-S901B mit Tapatalk
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.604
Поени од реакции
34.798
⚡ Influvac Тетра 2022/2023

Screenshot 11-01-2022 23.26.50.png


е вакцина од најновата генерација која одговара на меѓународните стандарди за квалитети и антигенскиот состав се ажурира годишно според препораките на СЗО.
⚡ по вакцинацијата, на телото му се потребни 2-4 недели за да формира имунолошки одговор, важно е да се добие заштита пред да се зголеми наесен инциденцата, ако денес се прима вакцината 01.11.2022 за помладите веќе при крај на месецот ќе ја има заштитната антитела, а за постарите некаде на средина на декември, што можеби е малку со закаснување.
⚡Influvac се препорачува за вакцинација кај возрасни и деца од 6 месеци.

Screenshot 11-01-2022 22.14.11.png Screenshot 11-01-2022 22.14.40.png
Screenshot 11-01-2022 22.15.07.png
Screenshot 11-01-2022 22.16.21.png
Screenshot 11-01-2022 22.18.54.png
Screenshot 11-01-2022 22.17.38.png

⚡ Министерство за здравство се определи за ова вакцина против сезонски грип за своите граѓани за вкупно 40 000 дози, со крајна временска дистрибуција на првиот дел до 15ти октомври, доколку МАЛМЕД навремено ги заврши сите регистратиски процедури и пуштање во промет на сезонската вакцина, за да биде тоа временски запазено до потенцијалните граѓани низ одредените здраствени институции за вакцинирање.

Screenshot 11-01-2022 23.19.05.png

⚡ содржината на ова вакцина против сезонски грип се четири инактивирани целосни вируси.

Screenshot 11-01-2022 23.29.13.png
 
Член од
2 август 2011
Мислења
383
Поени од реакции
653
После колку време од настинка може да се прими вакцина? Не можам глава да кренам од јуни до сега, еве веќе петти пат со сите симптоми, ми иде сите вакцини што постојат да ги примам...
Update: се вакцинирав вчера, никакви несакани ефекти немам до сега. Се надевам дека барем до април ќе имам имунитет... Ако е така ќе практикувам секоја година да се вакцинирам...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom