SaltNPepa
Other's envy, owner's pride!!!
- Член од
- 14 септември 2012
- Мислења
- 1.945
- Поени од реакции
- 2.523
„Bolje spreciti nego leciti" e девиза која се почесто ја слушам на предавањата на факултетот.
Имунизацијата на нашите миленици е можеби една од најважните моменти во животот на Вашиот нов миленик.
Најчесто, доколку кутрето потекнува од добар и разумен одгледувач, кутрето го добивате претходно прочистено од внатрешни паразити и со примена прва вакцина, што значи дека на Вас остануваат ревакцините и вакцината за беснило.
Нормално, пред секоја вакцинација, на околу 10тина дена пред вакцината, потребно е да се изврши дехелментизација од ендо паразити.
За оние кои што се соочиле со неодговорен одгледувач и за оние кои планираат да подигаат легло, како и за сопствениците, еве кратка листа во која е напишано кога и каква вакцина треба да добие Вашиот миленик.
Имајте на ум дека секој ветеринарен лекар може да има сопствен режим на вакцинација, меѓутоа не постојат многу големи временски одстапувања.
Напомена: Помеѓу секоја вакцина се прави пауза од 3 недели.
Програм за вакцинирање кој често се применува:
- Прва вакцина на 6-7 недели старост: Nobivac Puppy DP (штенечак и парвовироза).
- Втора вакцина на 9-10 недели старост: DHPP+L (штенечак, парворизора, заразен хепатитис, лептоспироза).
- Трета вакцина на 12-13 недели старост (ревакцина): DHPP+L (штенечак, парворизора, заразен хепатитис, лептоспироза) и може да се додаде уште некоја.
Вакцината против беснило прв пат се дава на околу 4 месечна возраст.
Напомена: помеѓу секоја вакцина треба да се изврши дехелментизација (прочистување од внатрешни паразити).
Доколку кутрето има внатрешни паразити, вакцинацијата се одложува до моментот кога не одреди вашиот ветеринар дека кутрето е спремно за вакцинација. Истото важи и доколку кутрето е настинато или болно.
Од овде па натаму, вакцината за беснило се дава годишно, затоа што таа е законски регулирана.
Останатите вакцини исто така може да се даваат годишно, но законски не се задолжителни.
Водете ред за распоредот за вакцинација во пасошите или книшките на милениците, бидејќи заштитувајќи ги нив, се заштитуваме и ние.