ВМРО

Ф

Флеш

Гостин
Овие Татариве изгледа се забораваат дека и до ден денешен живеат во Македонија блиски членови-роднини на фамилиите на хероиве и кои се изјаснуваат дека се Македонци и дека хероиве се изјаснувале за Македонци ....
Татариве се прават будали пред себе, знаете што трескаат глупости , а тука во Македонија внуците, браќата, сестрите, најблиските по крвна линија се изјаснуваат и се изјаснувале дека се Македонци ....
Татари губете се !!!
 
Член од
26 јули 2013
Мислења
287
Поени од реакции
179
Темамата е отворена покрај за честитки,и за дискусии се разбира.На пример ајде малку да продискутираме за односите помегу МРО и ВМК кој исто така се преставил како македонска организација но со своето постоење преставува опонент на МРО.Јас сметам дека со самата бобра помеѓу нив се докажува која е вистинската македонска организацијаи односно кои се заведените глави спонзорирани од царскиот двор .
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
За многу години нека е празникот 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба.

Еве сведоштво на една Македонка, директен наследник на еден од шестемина основачи на МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА


И ЈАС СУМ (В)МРО

Оставам запис за едно време кога минатото не само што не се почитува, туку се изобличува до непрепознатливост. Јас и мојот брат работиме токму на делот од минатото кој не треба да се оживува, туку треба да се надживее. Но за да го надживееме, најпрво треба да го запознаеме, за да можеме да го надраснеме. А пред тоа, треба да го запишеме. Оти историјата памети само записи чија перцепција е многу различна, во зависност од седиштето на нејзиниот најмен ангажиран историчар. Пркосам на погрешните написи кои некои медиуми во Македонија сакаат да ги остават за одредени случаи, како впрочем многу пати претходно, внесувајќи забуна во историските записи. Во таа смисла разберете го и овој текст. Зошто незапишано-неслучено.


Таа кобна 1948 година фамилијата на мојот дедо засекогаш се распрчка по светот. Од шест браќа и две сестри, повеќето не ги виде никогаш во животот. Некој замина во далечната Австралија, некој само до Белград, а двајца од нив ги сокапаа своите коски 20 години по заднаните на тогашна Грција.

Кога на почетокот од 21 век падна ембаргото за сите оние Македонци кои се родени во егејскиот дел на Македонија, мојот дедо посака да отиде да го види своето родно село Ајватово, крај Солун, денеска прекрстено во Лити. Со месеци му велев на мојот татко дека тоа треба да се изведе мошне умно, па прво појдовме до Грција да го фотографираме селото и околината, а подоцна се вративме со камера барајќи да снимиме барем еден жив човек од неговата генерацијата. Во тоа време веројатно и не можев да го сфатам бремето кое со генерации тлееше во генетскиот код на мојата фамилија. Но гледајќи го дедо ми, сега веќе кревок старец, како липта пред снимките, ги доживеав товарот и болката со кој тој безгласно живееше толку многу години. И одеднаш се прекршив. Имав чувство како сето тоа да било моја лична историја, иако никогаш не сум ја преживеала, ниту пак сум била дел од неа. Историја која молкум е запишана во свеста на сите минати и идни генерации, а никогаш на хартија. Како отсекогаш да сум била вовлечена во таа безвременска приказна на мојот дедо кој се обидуваше да ни го пренесе на мене и на брат ми наследството на Македонскиот етнос што како хард-диск со текот на вековите апсорбирал кодови и ги вткал во сопствениот фолклор.

Се уште не знам зошто не отидов на тоа патешествие со татко ми и чичко ми во родниот крај на мојот дедо. По кажувањата знам дека во моментот кога пристигнале во атарот на селото, тој клекнал и почнувал да ја бакнува земјата ронејќи ги грутките низ прстите и топејќи ги со своите солзи. Татко ми потоа долго повторуваше дека стоеле скаменети со чичко ми не знаејќи како и самите да се справат со емоционалниот шок кој го преживеале. Ниту пак јас знаев да се справам со некои работи од типот зошто моите вујни и чиковци кога ќе им појдевме на гости во Солун не смееја да зборуваат на македонски јазик, па поради тоа како мала научив да го зборувам грчиот јазик течно. Оти тоа да ти било единствениот начин да се разбереме самите ние – во фамилијата. (за повеќе во врска со ова види го текстот Проколната земја).

И ден денеска одам во Грција, во Солун и во селото Ајватово каде живее дел од мојата фамилија, а живеат и огромен број на Македонци. И постојано посетувам една стара трошна куќа, која чиниш секој момент ќе се распадне. Но таа со децении одолеала на времето и стои гордо во средсело како споменик кој постојано ме потсетува на мојата семејна историја. Тоа е куќата во која се родил мојот дедо Ѓорѓи, неговиот татко Сотир, неговиот татко Андон итн. Колкумина од вас можете да си го наброите на прсти вашето семејно стебло до седмо колено по име и презиме знаејќи што работеле, а тоа да не било сеење и жнеење? Во истата куќа, во истата соба во која се родил мојот дедо, која денеска е во сопственост на нашата фамилија со тапија од турскиот султан, се родил и неговиот дедо, т.е. мојот прадедо Андон Димитров кој е еден од основачите на Македонската Револуционерна Организација во историската 1893 година. И тоа на 23 Октомври, кој е воедно и мој роден ден!

Токму така, добро читате и не ве лажат очите. Јас и мојот потесен круг на фамилијата сме директни крвни наследници и во своите вени ја носиме крвта на еден од најголемите борци за македонската кауза, а воедно и еден од најголемите Македонски револуционери кој е запишан во сите историски читанки. Официјалното име и презиме на Андон Димитров е Андон (Антон) Димитров Филахтечев. Двете гранки од мојата фамилија го носат соодветното презиме, Димитро(вск)и во Македонија и Филахтови во Грција.

Мојата фамилија и во Македонија и во Грција е аполитична и во современ смисол на зборот не-фотељашки ориентирана, а јас сум апсолутно оперирана од политиката која во Македонија воопшто не постои, зошто сметам дека е тоа наука на високи интелектуалци. Познати се јавно моите ставови дека не ги ‘трпам’ македонските политичари кои доколку сакаат да ги слушам што говорат, ќе мораат да ми платат за изгубеното драгоцено време кое можам да го искористам за поумни работи како наука и истражување на своите корени. Не ме интересира ниту една идеологија или партиска припадност, зошто мојата религија е мојата археологија, и не отстапувам во напорот да го истражувам и да го запишувам минатото. Мојата фамилија има дадено многу жртви низ историјата (како впрочем и многу други фамилии), но најголемата е тоа што цел живот морам да се борам и да докажувам дека сум Македонка, неправда што не може да ја исправи ниту една политичка партија во Македонија која чека само да дојде на власт.

За сите овие изминати 20 години откако постои независна Македонија, ниту една партија со привремена референца на организација МРО никогаш не не’ побарале мене или моите блиски да не контактираат, чисто од историски аспект да имаат референца за својата активност дека се обидуваат да остварат некаква врска со минатото. Штом не го сториле тоа до сега, отсега натаму веќе им е доцна, зошто се многу смешни кога се удираат во гради за нашата историја. Јас работам со минатото, ама олкаво непочитување кон истото тоа минато кое е издигнато на ниво на државна религија, до сега не сум доживеала.

Затоа немојте да се занесувате со некакви претставки дека ТИ СИ (В)МРО, вие кои во ланецот на еволуцијата ги поминувате моментите од партиски пиончиња, лепачи на плакати, делачи на флаери до фотељашки гребатори, зошто не го заслужувате тоа. Не заслужувате ни буква од оваа организација, зошто единствено прифаќам да се борам за каузата на Македонците во Европа или во светот, ама не прифаќам тоа да го сторам помеѓу самите Македонци во мојата сопствена држава.


Јас моето културно-историско фамилијарно наследство до сега не го распознав во ниту една партија со претставка (В)МРО. Ниту пак во било која друга политичка партија. Мојот дедо се обидуваше да ни го пренесе на мене и на брат ми наследството кое вткаено во кодот на македонскиот народ провејуваше со стотици години. Тогаш можеби не го сфатив бремето кое требаше да се понесе. Но од крв очигледно не се бега. Јас станав археолог, а мојот брат етнолог, со што ја споивме релацијата помеѓу недопирливото и опипливото културно наследство која и онака е нераздвојна. Чинам дека и двајцата гордо го понесовме фамилијарниот ‘товар’. Чиј товар носиш ти?

Василка Димитровска
23 октомври, 2011

http://arheo.com.mk/2011/06/23/me-and-my-roots/

.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.021
Поени од реакции
20.766
Историско прашање
МРО и ТМОРО се една иста организација, тоа е факт. Дали е и ВМРО продолжение на таа организација, или е сосема нова, друга организација?
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.021
Поени од реакции
20.766
Историско прашање
МРО и ТМОРО се една иста организација, тоа е факт. Дали е и ВМРО продолжение на таа организација, или е сосема нова, друга организација?
Чудно како никој сеуште нема одговор на ова прашање. :unsure:
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Историско прашање
МРО и ТМОРО се една иста организација, тоа е факт. Дали е и ВМРО продолжение на таа организација, или е сосема нова, друга организација?
Иста е во смисла на континуитет, сеуште се користи старата мрежа изградена од Делчев, Груев, новите членови се обично пријатели и познаници донесени во организацијата од постарите.

Различна е поради околностите, начинот на дејствување, а подоцна и поради идеите на водачите кои потпаднале под бугарска пропаганда.

Околности - младотурци, Балкански Војни, Македонија е распарчена на повеќе дела, влијание на левичарската идеологија создава расцеп помеѓу левица и десница.

Начин на дејствување - напредокот во воената технологија носи и промена. Со оглед што веќе има модерна артилерија која може да збрише цела чета за брзо време, се повеќе се преминува на тајно делување по градови со атентати, бомби. Дури има и наредба за некои комити да се избричат и да слезат по градовите и да чекаат дополнителни задачи. Се разбира тоа било примено со неодобрување кај постарите комити кој биле навикнате на комитскиот живот. Во времето на Ванчо Михајлов веќе се претвора во типична терористичка организација, дури со елементи на мафијашко дејствување. Во Пиринска Македонија оперирала фабрика за опиум кој бил продаван низ Европа, со цел финансирање на организацијата. Низ европските престолнини, особено во Софија македонците биле гледани со страв налик Коза Ностра.

Сега за најгорливото прашање - зошто македонците ја одбрале Пиринска Мкедонија за база на операции во Вардарска, а не обратно. Причината е во различниот пристап на Србија и Бугарија. Бугарите пробале да не асимилираат милум, србите - силум. Бугарите со морков, србите со стап. Во Бугарија Македонците имале поголема слобода, се декларирале како сакаат, се разбира имало притисок, но повеќе бенефиции ако се декларираш како бугарин, формирале држава во држава, биле пратеници, едно време премиер на Бугарија бил ресенчанец.
За разлика, србите удираат брутално. Масовни убиства на се што не се декларирало како србин, се што било бунтовно, учители, интелигенција. Кај многу од македонците се раѓа огромна желба за одмазда. Еве земи го за пример Михајлов. Србите му ја убиваат скоро цела фамилија во Ново Село, кај него веќе нешто се пореметува од желба да се одмазди и си ја продава душата поради тоа.
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.378
Поени од реакции
544
Историско прашање
МРО и ТМОРО се една иста организација, тоа е факт. Дали е и ВМРО продолжение на таа организација, или е сосема нова, друга организација?
ВМРО е наследник на ВМОРО.

На 20 декември 1919 година дејци на ВМОРО одржуваат во Софија тајно заседание на кое Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација е обновена како Внатрешна македонска револуционерна организација.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
222
Поени од реакции
193
ВМРО е наследник на ВМОРО.
На 20 декември 1919 година дејци на ВМОРО одржуваат во Софија тајно заседание на кое Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација е обновена како Внатрешна македонска револуционерна организација.
Сметам дека не е баш така како што си напишал. Во темата за Делчев ја поставив препирката меѓу Гоце Делчев и Лазов, те различните гледишта на Македонците и Одринците за изведување на востанието. Најверојатно тоа е причина Македонците да го формираат ВМРО, а Одринците да продолжат по својот пат следејќи го кнежевството Бугарија:

когато наст'пи в'рховнијат момент да вдигнем в'стание, сами ли ште го изнесем или ште разчитаме на с'дејствието и намесата на Б'лгарија, и второ: за автономијата на Македонија и Одринско ли ште се борим или за прис'единјаването ни к'м обштото отечество Б'лгарија?
Една вечер зададох този в'прос на Гоце. Тој се позамисли малко и ми даде следнија отговор: “Ние трјабва м'жки да работим и да се организираме и в'ор'жим така добре, штото да изнесем борбата на свои плешти, без да разчитаме на в'ншна намеса. В'ншната намеса не е желателна от гледна точка на нашето дело. Нашата цел, нашијат идеал е автономијата на Македонија и Одринско, като привлечем в борбата и инородните маси, които живејат в тија области”.

Стојан Лазов, којто м'лчеше и слушаше, внезапно прек'сна Делчева и започна остро да го критикува.....Вие, македонците, добави тој, може би ште успеете да си с'здадете сами една автономна д'ржава; ние обаче, одринци, не ште можем да придобием својата свобода, освен с вмешателството на Б'лгарија и в нејните граници

.....Лазов отстојавал идејата Одринската револјуционна организација да б'де независима от Македонската.
....Лазов ја наметнувал идејата Одринската револуционерна организација да биде независна од Македонската.


http://www.promacedonia.org/dv/dv_24.html
 
Последно уредено:

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.378
Поени од реакции
544
Сметам дека не е баш така како што си напишал. Во темата за Делчев ја поставив препирката меѓу Гоце Делчев и Лазов, те различните гледишта на Македонците и Одринците за изведување на востанието. Најверојатно тоа е причина Македонците да го формираат ВМРО, а Одринците да продолжат по својот пат следејќи го кнежевството Бугарија:
Полни глупости зборуваш. Стојан Лазов бил од ВМОРО и никогаш не бил во ВТРО.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
222
Поени од реакции
193
Лудогорец, јас никогаш не сум спомнал дека некои Македонци не размислувале како Одринците т.е. сакале автономија во рамките на кнежевството Бугарија, а некои едноставно немале храброст, но тие биле малку.
Прашањето за Македонија и Одринско е јасен. Самиот цар Фердинанд лобира за автономијата.
Колку е јасен и за каква автономија лобира? Дали автономија со создавање независна држава или автономија во рамките на Бугарија? Има огромна разлика.



Сам зборуваш за Македонците и одринци. Овие одринци какви се? Етнички одринци? Одринци по националност?
Толку ли е тешко да се види вистината, или немате храброст да ја видите?
Ние сите (тука мислам и Србите) треба правилно да ги откриваме фактите за да можеме правилно да ги разбереме. Од Уставот на ТМОРО од 1896 доскоро ја имавме само првата страна, но сега во книгата издадена од Димо Хаџи Димов достапна е втората страна од Уставот на ТМОРО, те членот 4 каде се вели „Член на Внатрешната ТМОРО може да биде секој Македонец и Одринец којшто не е компромитиран со ништо нечесно и бескарактерно... “.
Значи во Уставот е наведено дека член на Внатрешната ТМОРО може да биде секој Македонец и Одринец. Бугарин(од кнежевството) не се ни спомнува, ниту Одрински-бугарин, ниту Македонски-Бугарин, ниту бугарски бугарин.







Полни глупости зборуваш. Стојан Лазов бил од ВМОРО и никогаш не бил во ВТРО.
:pos::pos::pos:
Ако јас зборам глупости, тогаш што збориш ти? Точно е дека Лазов бил во ВМОРО, но како Одрински Тракиец ги застапувал интересите на Одринците. Еве уште еднаш каква била идејата за востание кај Македонците, а каква кај Одринците:

Делчев упорито заштитаваше својата идеја за обштоделство с другите етнически елементи в Македонија и Одринско и за автономијата на тија две области. Лазов отговарјаше решително, че това е една химерична идеја, којато никога нјама да се ос'штестви и че напразно ште се борим и ште даваме жертви; и подд'ржаше с'с с'штата решителност, че при едно с'вместно в'стание в Македонија и Одринско, Б'лгарија ште има всичкото основание да се намеси в освободителната борба с'с с'гласието на Великите сили, а ние, македонци и одринци, ште придобием својата свобода, но в границите на Б'лгарија.(Лазов-мое)
Накраја Стојан Лазов заклјучи: “Ако вие, македонците, прод'лжавате да говорите и да работите за автономијата на Македонија и Тракија, ние ви зајавјаваме, че ште се отк'снем и ште образуваме самостојателна револјуционна организација с'с свој Устав”.

Гоце кипна, укори Лазова за тија негови разбиранија, обвини го в сепаратиз'м и измјана на обштото народно дело. Лазов му в'зрази с'с с'штите обидни думи и с'с с'штија тон. Малко остана тоја словесен идеен дуел да вземе друг характер, ако Маджаров и ние не бјахме се намесили да ги успокоим.
http://www.promacedonia.org/dv/dv_24.html

Значи во 21 век Вие можете да се правите слепи за вистината, но вистината не може да се сокрие.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom