D
Deleted member 12196
Гостин
Еве да ти одговорам како бојкотирач. Едноставно немав за кого да гласам, затоа не гласав. Треба ли некому да го дадам својот глас затоа што ти (или било кој) мислиш дека така треба? Моја проценка беше дека нема опција која го заслужува тоа, затоа не гласав. Всушност ова не може да се нарече бојкотирање. Слободна волја на избирачот.Тие 15000 гласови се фрлени во вода. Јас кажав дека да направеа некаква коалиција тие 15000 ќе се претвореа во пратеник и можеби ќе беше клучен за мнозинство. Точно дека фалеа гласови на контото на ВМРО но фалеа и на СДС. Еве тие што бојкотираа од само ним познати причини сега нека објаснат што постигнаа и како ќе го спречат распродавањето на националните интереси и процесот на албанизација на Македонија
Е сега како ќе го спречам распродавањето на националните интереси и процесот на албанизација на Македонија? Исто како и ти што ќе го спречеше ако ВМРО дојдеше на власт. НИКАКО! ВМРО помогна да се смени уставот и сè што следуваше со тоа. Продадени души се исто како и другите.
СДС си делеше пари, брашно, зејтин и кога беше во опозиција. Тоа никој не го гледаше или се преправаше дека не го гледа. Зошто?Исплата на субвенции, ваучери за туризам, еден куп пари фрлени по ромскитее маала сето тоа два дена пред избори. Делење пакети за време на полициски час..не знам што треба повеќе