ВМРО - ДПМНЕ - Политичка Партија

  • Креатор на темата Флеш
  • Време на започнување

Добра е листата на пратеници?!

  • Да

    Гласови: 36 18,1%
  • Не

    Гласови: 135 67,8%
  • Така-така (Делумно)

    Гласови: 28 14,1%

  • Вкупно гласачи
    199
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.165
Поени од реакции
17.962
јас не го негирам тоа што го повторувате секој ден, и јас не се најсреќен со неговите потези, али работава е дојдена до таму да не чека народот да излезе за Мицко, ете нека излезе за Апасиев, нека излзе за себе.
Абе то е проблемот што не разбираш какво е расположението тука.

Да живее Зоран Заев. Уствари да не живее :D
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.585
Поени од реакции
38.729
Реално Дпмне на Груевски беше ренесансата на оваа држава, колку и да го хејтате тоа. Тоа е реалноста. Тогаш можеби се расфрлаше со пари, но парите беа трошени на реални проекти кои ги изведуваа македонски фирми. Сега парите ви идат у канализација, ака фонд за иновации.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Беше пред некој ден на она срањето од емисија ,,само вистина" гостин беше овој од дпмне, Димче со една кокошка од сдс. Кој само очај за гледање беа и двајцата, крв од очи и уши капи дури зборуваат. Кооперациска расправија е на ниво на научна расправа за оваа кадровска мизерија со која што располагаат и двете партии. Оваа му вели за време Груево, кога Грујо менувал називи на улици од херои на НОБ, во обид да поентира, и ова мулево ја посматра со солзи в очи, стенка чиниш на раб на хард ресет е ментално, абе и дозволува да му игра на карта патриотизам, еј! Му праи муабет за менување на називи на улици, кога овие сменаа име на цела држава и на добар пат се и идентитетски да не преименуваат, и овој ја гледа и нервозно се смешка и после се чудиме како Муртинецот ги ногира на избори.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.240
Поени од реакции
27.583
јас не го негирам тоа што го повторувате секој ден, и јас не се најсреќен со неговите потези, али работава е дојдена до таму да не чека народот да излезе за Мицко, ете нека излезе за Апасиев, нека излзе за себе.
Protesti bez mediumska pokrienost se dzabe.

Aj setete se sharena revolucija, niz cel svet ja prenesoa porakata, oti si platija mediumi i oti bea diva avangarda sho ja mrazi ovaa zemja i vandalizirase spomenici na makedonski heroi.
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.576
Поени од реакции
81.129
гостин беше овој од дпмне, Димче
Да не мислиш на Тимчо Муцунски? Уште кога го видов пред некој месец како доаѓа у собрание со електричен тротинет и школски ранец на грб си реков тури и пепел на партијава. Ваквите у време на Грујо ги праќаа по бурек, а сега пратеници ми изиграваат :icon_lol:.

Како партија која се поистоветува со историското ВМРО во кое гинеле мажишта, сега за нас "гинат" Тимчовци во Собрание... Tasno :icon_mrgr:
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Тимчо е ѕвер. I'd go gay for Тимчо. Многу убаво се изразува и аргументира, паметно и школовано дете. Ретки се такви во ВМРО.
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
Protesti bez mediumska pokrienost se dzabe.

Aj setete se sharena revolucija, niz cel svet ja prenesoa porakata, oti si platija mediumi i oti bea diva avangarda sho ja mrazi ovaa zemja i vandalizirase spomenici na makedonski heroi.
Тиа шарените повеќето беа увезени од Србија под покровителот Каанванс финансиран од Сорос,и пак нашиве се окотија во шарени будали

Sent from my SM-T720 using Tapatalk
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Да не мислиш на Тимчо Муцунски? Уште кога го видов пред некој месец како доаѓа у собрание со електричен тротинет и школски ранец на грб си реков тури и пепел на партијава. Ваквите у време на Грујо ги праќаа по бурек, а сега пратеници ми изиграваат :icon_lol:.

Како партија која се поистоветува со историското ВМРО во кое гинеле мажишта, сега за нас "гинат" Тимчовци во Собрание... Tasno :icon_mrgr:
Тој беше. Не е ни за по бурек, камоли пак на тв дуел да го пратиш да брани партиски ставови. Затоа уште правиме муабет утре да има избори дали ВМРО ќе тепа или не. Покрај вакви национални велепредавства ним уште победата им е ставена под знак прашалник. Ама тоа е кога цела стратегија им се темели на пасивизација, ставајќи му на народот избор помеѓу ,,помалото зло"
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Protesti bez mediumska pokrienost se dzabe.

Aj setete se sharena revolucija, niz cel svet ja prenesoa porakata, oti si platija mediumi i oti bea diva avangarda sho ja mrazi ovaa zemja i vandalizirase spomenici na makedonski heroi.
Ма немој? Ја мразеле државата викаш? Еве и јас учествував. Ако сум ја мразел државата немаше да излезам да протестирам против бандата психопати на Грујо туку ќе заминев во странство. Уште малку ќе испадне дека тие што во тоа време пиеја кафе и фаќаа сеир ја сакале државата... И ајде покажи ми барем ЕДЕН споменик на македонски херој кој е гибнат за време на шарената револуција. Срамна copycat порта нема врска со историјата на мојата земја. 2020 изминува а уште се фура латасова пропаганда тука.
 
Прашање кое што по автоматизам се наметнува е: каде се сега истите тие шарени патриоти, револуционери, кои што тогаш се бореа против грујовата хунта сега да се борат и против оваа, новата? По што по логиката на нештата ако мотивот на шарената револуција беше љубовта кон татковината и патриотизмот, слободата од канџите на режимот...тогаш што правиме со овој режим сега? Не заслужува ли и овој режим своја шарена револуција?
Или сега борците на револуцијата глумат разочарани од системот таму од некое административно биро, ги фати апатија или борбата се пренесе во партиските дувла за добивање на решенија за работа?
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.044
Поени од реакции
19.639
Пастирот нивни е сега на власт, нема потреба да се протестира повеќе. Сега се чека ред на колена под некое биро, за некое договорче на дело, да капне некој денар, пошто инаку ќе шетаат со курот во рака доколку не е Заев на власт.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.240
Поени од реакции
27.583
Ма немој? Ја мразеле државата викаш? Еве и јас учествував. Ако сум ја мразел државата немаше да излезам да протестирам против бандата психопати на Грујо туку ќе заминев во странство. Уште малку ќе испадне дека тие што во тоа време пиеја кафе и фаќаа сеир ја сакале државата... И ајде покажи ми барем ЕДЕН споменик на македонски херој кој е гибнат за време на шарената револуција. Срамна copycat порта нема врска со историјата на мојата земја. 2020 изминува а уште се фура латасова пропаганда тука.
Не се сеќаваш, или не те викнаа коа се шаркаше спомеников?
1607172470929.png

Или ај шокирај ме, дека патриотите го вапцале преку ноќ за да ве наместат. Ќе се преправам дека сум изненадена, ветувам.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Прашање кое што по автоматизам се наметнува е: каде се сега истите тие шарени патриоти, револуционери, кои што тогаш се бореа против грујовата хунта сега да се борат и против оваа, новата? По што по логиката на нештата ако мотивот на шарената револуција беше љубовта кон татковината и патриотизмот, слободата од канџите на режимот...тогаш што правиме со овој режим сега? Не заслужува ли и овој режим своја шарена револуција?
Или сега борците на револуцијата глумат разочарани од системот таму од некое административно биро, ги фати апатија или борбата се пренесе во партиските дувла за добивање на решенија за работа?
Зависи. Учесниците не се аморфна маса. Некои како мене си ја тераат работата и се повеќе се дистанцираат од политика. Нормално, со причина. Некои толку се разочараа што одма заминаа во странство. Некои точно е, добија партиски функции или работни места.

А за протести против оваа власт (или секоја наредна што ќе работи контра својот народ) не го барај одговорот на прашањето кај мене. Гледаме дека владее општа летаргија. Мене лично ми е фрапантно што промена на име помина без никаква сериозна реакција. Најголемата опозициска партија не може да собере повеќе од шака народ на протест. Така да треба некој друг да се запраша зошто е тоа така.
Автоматски споено мислење:

Не се сеќаваш, или не те викнаа коа се шаркаше спомеников?
Прегледај го приврзокот 276959

Или ај шокирај ме, дека патриотите го вапцале преку ноќ за да ве наместат. Ќе се преправам дека сум изненадена, ветувам.
Каде има боја или директно оштетување на спомениците на хероите?
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Зависи. Учесниците не се аморфна маса. Некои како мене си ја тераат работата и се повеќе се дистанцираат од политика. Нормално, со причина. Некои толку се разочараа што одма заминаа во странство. Некои точно е, добија партиски функции или работни места.

А за протести против оваа власт (или секоја наредна што ќе работи контра својот народ) не го барај одговорот на прашањето кај мене. Гледаме дека владее општа летаргија. Мене лично ми е фрапантно што промена на име помина без никаква сериозна реакција. Најголемата опозициска партија не може да собере повеќе од шака народ на протест. Така да треба некој друг да се запраша зошто е тоа така.
Учесниците треба да ја прифатат реалноста таква каква што е моментално, да се помират дека биле изиграни за ситни партиски интереси, а не да се кријат зад некакви патриотски идеали. Оти ако идеалот на тоа движење беше државата, истото немаше да замре штом овие дојдоа на власт. Што значи дека мотивите на мнозинството биле други, ситни и себични, немале врска со патриотизам.

Интересна работа, сите учесници во тоа шарено движење што ги познавам штом се спомне нивната компромитираност во истото веднаш стануваат аполитички, политика веќе не ги интересира, иако веќе многу брзо се виде оти шарената револуција беше се освен непартиска, тоа не ги спречи и понатаму да излегуваат и да се шлакаат со боја.
Летаргија владееше и во време на режимот на Грујо, па не видов тоа да ги спречи шарените да излезат на протест.

Што тоа беше мотивот да ги натера да излезат тогаш на протест, што порив ќе беше тоа? По што ако се работеше за патриотизам, истиот сега е најпотребен, а ваму патриотите денес се вадат на летаргија, демек разочарани ќе бегаат во странство.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom