Бурми (венчални прстени)

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489



Дел од свадбениот ритуал, стапувањето во брак, се и венчалните прстени, попознати како бурми. Црквата, двајцата сопружници ја напуштаат со прстен на нивната десна рака, кој би требало да значи симбол за љубов и верност (колку што јас знам).

Едно од моите прашање е, колку денес сопружниците по завршувањето на свадбениот ритуал, ги оставаат прстените на нивните раце?

Дали ги носат секогаш или па веднаш по церемонијата ги забаталуваат во фиока каде што фаќаат прашина и веќе никогаш повеќе не ги ставаат на рака?

Дали вие кога ќе стапите во брак би ја носеле бурмата на вашата рака, или па не сте љубител на накит и би ја баталиле за кратко?
Каква бурма би сакале да носите вие? Ставете некоја слика да видиме:).

Дали па членовите на форумов што се веќе во брак, го практикуваат носењето на бурмата, има тоа за нив некое значење или па чиста глупост?

Пред 2-3 години бев сведок на една свадбена церемонија, на која сопружниците си имаа купено бурми од бело злато на кои беше изгравирано името на партнерот. До ден денес тие двајца си ги носат бурмите на своите раце, со името на партнерот нежно изгравирано на нив, од внатрешната страна. Интересна замисла ми изгледа таа со изгравираното име.

Повелете. :smir:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Нормално дека кога ќе стапам во брак ќе ја носам бурмата, односно прстенот. Немам посебна идеја како би изгледал прстенот или слично, рано ми е бре да размислувам.:pipi:Никогаш не би го баталила прстенот, се разбира дека ќе биде на мојот прст.
 

MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
167
Би ја носела нормално. Не би ја носела ако недај боже би се разведила, фала богу. И сметам дека треба секој штп стапува во брак, да ја носи. Мајка ми е веќе 20 гогини во брак и до ден денес ја носи бурмата.
 

Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
ееее бурма...ме потсетивте сеа.
Пред неколку години. Идам у парк...си се шетам онака сам ко пензионер. Лето беше. Викам ај ќе идам до стаза да гледам пичиња (да форумџиКИ да и јас сум од оние машки коишто го употребуваат зборот пиче) у бициклистички и како се возат на ролерки. Но пред тоа...викам ај да фрлам малку смоки на лебедиве кај езерцево. Тука на земјата на тревата една девојка седнала наведнала глава и плаче. Абе викам да и дадам смоки да и фрлам...па си викам абе шмекер не биди сељак не е она лебед. И викам девојкоо дигни глава...она дига глава и ја шмекам. Коа се насмевна, коа ми рипна да ме гушка да ме бацува. Викам девојко изи изи..она задишана вади нешо од џеб...викам лејј оваа одма телефонот го зима да ми пише бројот. Вадење типкава дијаманти бурма и ме прашува...Шмекер ќе се ожениш ли за мене?...леле коа ме трогна моментот...па никој не ме запросил до сеа..тоа беше нешто ново за мене. Бев у шок. Не знам како да реагирам. И викам ај кој кур ќе се женам...викам ДА ќе се оженам со тебе!...и за една недела свадба..следна сцена јас младоженец...со невестава нападна пред матично. Циганиве тропаат...ми вика зете мили зети..абе се сум гледал у успорена снимка...доаѓа моментот у матично. Фамилија куп. Седнува тој шо работи у матично со години (тој со брковите)...да ме прашува?...Ме прашува дали сте роднини?...Му викам како не ти е срам бе пичка ти матер...јас братучетка ли ќе зиам. Ми вика дечко таква е процедурата. Викам не знам не знам...првпат се женам. Кумот мој изговори на шала...добредојде у пеколот!..сите се насмеа! јас сите присутни дур се смееја ги гледав ко ѓаволи таму. Доаѓа моментот на бакнете ја невестата и ставите и ја бурмата и ќе ви го прогласам вашиот брак. У тој момент мене ме мава дамла за сите шмекања у животот шо ќе ги пропуштам башка ми текна дека имам 22 години тогаш 20...викам ејј НЕЕЕЕ...и избегав од матично...и се осетив ко Џулија Робертс у "Невестата Бегалка"...како што трчав си викам не и било лесно на Џулија...и си викав цело време RUuun Shmekerrr Ruun. Абе сум трчал поише од Форест Гамп...
Инаку сакам бурми да...и сакам да ми поклонат и поклонувам..ама тоа ке биде коа ќе ми скурчи од шмекање...значи никад!
 

ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Едно од моите прашање е, колку денес сопружниците по завршувањето на свадбениот ритуал, ги оставаат прстените на нивните раце?
Бурмите се потребни само за ритуалот во црква, во матично јок. Јас (а богами и државава) признава само граѓански брак, односно од матично дипломата. За мене како неверник, ритуалот на додатно венчавање во црква е тешка глупост и фрлање пари.

Дали ги носат секогаш или па веднаш по церемонијата ги забаталуваат во фиока каде што фаќаат прашина и веќе никогаш повеќе не ги ставаат на рака?

Дали вие кога ќе стапите во брак би ја носеле бурмата на вашата рака, или па не сте љубител на накит и би ја баталиле за кратко?
Со сопружникот однапред ќе се договориме дали ќе носиме бурми. Ако се договориме и двајцата да носиме, ондак ќе ја носам и ќе очекувам и тој да ја носи. Ако се договориме дека и двајцата нема да ги носиме, тогаш нема да фрламе минимум 500 евра во ѓубре и воопшто нема да купуваме бурми
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Бурмите се потребни само за ритуалот во црква, во матично јок. Јас (а богами и државава) признава само граѓански брак, односно од матично дипломата. За мене како неверник, ритуалот на додатно венчавање во црква е тешка глупост и фрлање пари.
Јас не носам бурма. а ни сопругот мој. Додуша не ни купивме... мразам накит.. каков и да е..
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.702
Поени од реакции
19.748
Ја носам, муж ми не, незнам зш му сметало, никад не носел накит, и ето така си шетаме не ме засега толку многу, има побитни работи од носење бурма, едноставно го гледам како црковен ритуал, демек требало да се прстеносаат..
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Не носам накит многу освен бижутерија.

Но веренички прстен и бурма би носела секако :pipi:
Тоа почитувам. Не се прстените доказ за љубовта, но убаво изгледа кога сопружниците носат бурми.

Сакам исклучиво од бело злато:)
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
имам и ја носам изгравирана е со името на маж ми исто и неговата ама он не ја носи ептен ретко
 

mean

:пипи:
Член од
12 октомври 2008
Мислења
587
Поени од реакции
24
Сакам бурми од бело злато, затоа што не ми се допаѓа жолтото злато. Претпоставувам дека и такви ќе имам на свадбата. Нема да ја вадам, ќе ја носам нон-стоп и секако тоа ќе го барам и од мојот маж.

Мајка ми до ден денес му се дере на татко ми ако заборави да си ја стави бурмата после бањање и сл. А тој кутриот едвај ја носи бурмата, затоа што се има здебелено до сега, а со тоа и прстите му се здебелени.:icon_lol:
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Јас сум љубител на накит така што би носела бурма. Платина/бело злато претпочитам... Нешто вакво, со едно камче ми се допаѓа...


Иначе јас ќе си го носам, ама никако не би ја задолжувала и жртвата... Ако му е мерак нека го носи, ако не не мора:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom