- Член од
- 3 ноември 2009
- Мислења
- 6.804
- Поени од реакции
- 40.059
Не, не е ова говорот на Мицко, на кого му напишале се буди тивкото мнозинство, а он само го прочитал и сеуште не знае што значи тоа. Ова е еден тренд кој почнав да го приметувам се повеќе кај младите Македонци, бидејќи работата ме тера да седам голем дел од времето на социјалните мрежи, плус активноста на форумов, па така почнав да наидувам на многу интересни постови.
Бидејќи сум растен во средина каде што можам да кажам дека е една од првите во Скопјево каде што без страв ја ширеле идејата за независна и самостојна Македонија надвор од Југославија, воспитан сум како од татко ми така и од постарите да си го чувам и бранам своето.
Но, со тек на време како растев и запознавав нови луѓе, се помалку го гледав тоа "воспитување" кај другите луѓе, а се почесто се среќавав со ликови кои не ја сакаа оваа држава, гледаа со понижување кон својот народ и секогаш збореа со восхит кон соседите.
Имајќи таков начин на размислување, секогаш се прашував дали јас сум во грешка, дали треба и јас така да почнам да размислувам, иако имало еден куп причини за да го сменам мислењето. Но, од оваа гледна точка, среќен сум што никогаш не сум ги напуштил основите на моето воспитување и без разлика на многуте ситуации кога сум можел да кренам раце, јас сум продолжил со истиот став, а тоа е за СУВЕРЕНА и НЕЗАВИСНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
По политичка идеологија сум Националист, и сметам дека ниедна политичка партија во Македонија не ја застапува оваа идеологија, затоа сум против сите политички партии, а особено против оние од десниот спектар кои лажно се "борат" за Македонските национални интереси.
Да се вратам на темата, ова не е агитирање за некоја партија или промовирање идеологија. Ова е само мое мислење за тоа што се случува кај Македонскиот народ.
Како што кажав, почнав да приметувам еден тренд каде што се подигнува националното чувство, иако сеуште сметам дека е на многу ниско ниво, секое кревање во нагорна линија е за поздрав.
Сосема спротивно од тоа што се случува и од целата политичка ситуација во Македонија која не би сакал да ја коментирам, затоа што не ја наменувам оваа тема за тоа, си има посебна тема каде што може да се дискутира тоа, мислам дека се случува едно будење кај младите и отфрлање на тоа што ни се сервира како новото нормално.
Се повеќе луѓе гледам на социјалните мрежи каде што зборат за Македонија и Македонскиот народ, многу нови профили каде што се промовира и главната тема е Македонија и Македонската историја. Многу патриотски препеани песни за разни револуционери и Македонија искочија последниве години, и многу ликови од кои не сум очекувал дигнале глас против сите неправди кои ни се случуваат.
Исто тука и на форумов, од форум каде што владееа шарени куртони, во години каде што се рушеше една предходна власт, нив ги снема, а останавме тука истите што знаевме што ни носи таа промена на власт.
Прашањето ми е, дали се согласувате со ова и дали и вие го имате приметено истото, и доколку да, што мислите што треба да се направи за да се искористи ова "будење" и да не исчезне туку така?
Доколку не мислите дека е така, образложете зошто?
Дали мислите дека се создава една здрава генерација на Македонци кои ќе ги отфрлат старите навики и конечно ќе почнат да размислуваат за доброто на Македонскиот народ?
Дали мислите дека е возможно младите Македонци да искочат од партиските рамки, да се надминат себеси, и да подржат идеи и ставови кои ќе ги бранат Македонските национални интереси без разлика на нивното политичко убедување?
Иако сето ова може да биде искористено од разни луѓе и партии, наше е да се препознаеме меѓусебе во искрената идеја за Македонија.
Знам дека секогаш ќе има такви кои ќе го исмејуваат ова, или ќе пробаат да ја свртат темата во друг правец. Затоа не ги хранете троловите и игнорирајте ги.
Темата НЕ Е за дневно политички случувања.
Темата НЕ Е за било која партија.
Темата е за Македонија.