Будва

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Некој што бил оваа година будва да сподели искуство за смештај,цени и сл ?!
Јас си дојдов неделата. Плаќав 15 евра од вечер, а останатите цени се како тука. Само ноќниот живот е скап и кока колата :)
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
И јас само што се вратив од Будва, 10 евра од вечер имав најдено на букинг во самиот центар. Патував преку Косово и Албанија, патот е во најголем дел од времето супер, нема ниту една патарина, т.е. во план е во Албанија да пуштат некоја, имало порано ама ја запалило локалното население, така да ако одите ова лето нема да имате трошоци за патарини. Се патува од 6 до 8 часа во зависност од гужва, ама обично нема гужва. Цените таму ви се како во Македонија, на шеталиштето продавниците ви се поскапи ама малце погоре маркетите, пекари, продавници ви се со цени како тука, 5 литра вода за 1 евро, литро млеко за 0,70, леб 0,4 во пекара, овошјата што гледав праски, сливи, банани сите се евро или евро и нешто по кило. За цени ефтино ќе поминете, за дискотеки и ноќен живот, тие ко кафичи што се на пристаништето ви се бесплатни, во Топ Хил ви е бесплатно ако не е некое големо име, а во дискотека Будва ви се плаќа влез, обично 95% од журките ви се српско, јас не слушам нешто многу тоа, така да не ни идев на журки нешто многу, така да за амбиент таму не би знаел нешто многу да кажам. За плажи вака:

* Бечичи доста гужва, водата прљава и ладна, не ми се допадна, порано пред десет години како поубава да ми беше. Паркинг се плаќа 4 евра, освен ако не одиш на плажа после 5 поручек или пак ептен рано и ја оставиш на неколкуте слободни места за паркинг на улицата. Камења е плажата, песок не памтам дека имаше некаде.
* Јаз за гужва не е толку проблем, има делови без гужва, ама водата исто прљава, и кај двеве плажи многу брзо се забележуваат ѓубренца, некој слоеви на водата како масло, меурчиња некој, што е крајно гадно. Камења е плажата, но подесно има и песочен дел.
* Свети Стефан ептен убаво, водата кристална, едно ѓубренце немаше, плажата ситни каменчиња, ептен убав амбиент, немаше деца што пиштат или луѓе срби што се издераваат по цела плажа, многу убаво беше се. Има место за чадор да оставите, и ако ја оставите колата погоре, не мора паркинг да плаќате.
* Трстено е рај за мали дечиња, пошто има песок и е плитко до бескрај. Водата е многу топла, најтопла можеби од сите и е чиста, не е кристал, ама е без ѓубриња, иако е мала, не е многу популарна, па не е пренатрупана со луѓе во водата. Паркинг мораше да се плати 3 евра, а за лежалка имаш мал дел каде што може и со чадор.
* Плоче водата е малку поладна од Трстено, како што и името кажува директно е длабоко од плочи влегуваш во вода, но плажата е чиста убава и страшно организирана. Паркингот е бесплатен, но се друго се плаќа, вклучувајќи го и тушот... За млади оваа плажа е најпопуларна дестинација, и има и највеќе млади тука.
* Могрен има две плажи, ама се добива впечаток на премногу натрупување со луѓе. Водата е релативно чиста, сенка се наоѓа од карпите, додуша може поголем проблем е сонце да се најде бидејќи кај 4 саат веќе го нема сонцето освен ако не си во вода, бидејќи карпите го прикриваат. Плажата е пешки достапна, па ако немате превоз оваа ви е најдобра опција дефинитивно.
* Свети Никола - Хаваи, ова е тотално разочарување, плажата на островот смрди на депонија, и дури и има депонија само прекриена со камења за летна сезона да не се гледа. Водата е со ѓубриња, убаво е за слики фоткање и се, ама многу повеќе очекував. Има карпи за скокање, ако некој е ентузијаст за тоа.
* Градска плажа, немам коментар, овде само ако си пијан навечер па да влезеш, не гледам зошто некој би влегол вака преку ден. Водата е најблаго речено гадна, нема што не плови, навечер луѓе си фрлаат лежарно таму лименки, флаши, пикавци, ќеси, во плажава сите канализации се влеваат и стварно не препорачувам да се бањате тука. Ако сакате плажа во Будва да не мора да одите со кола или бус до другиве плажи, ја препорачувам Могрен, неспоредливо е подобра од гладската Словенска плажа.
 
Член од
25 септември 2016
Мислења
827
Поени од реакции
1.031
Некој инфо како е оваа година? Цени за лежалка на плажа?
 

Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.435
Поени од реакции
5.392
Некој инфо како е оваа година? Цени за лежалка на плажа?
Словенска плажа 15 евра
пред Могрен до стариот град 50 евра
Могрен 30 евра
Могрен2 40 евра
на Хаваи островот имаш 15 и 20 евра ..



Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom