Bitcoin
₿
- Член од
- 24 мај 2005
- Мислења
- 5.530
- Поени од реакции
- 13.903
Ќе те контактирам пред да одам за Софија, и да, имам положено за Ц категорија и мислам дека ќе имам софиска адреса на пасошот. Но за да сме 100% сигурни, ќе ти пишам пред да одам за софија, следниов месец - 10-15 јануари.Вака, дали имаш МК возачка? Ќе ти одговорам како да имаш......
Можеш да ја замениш македонската возачка за Бугарска, но на неа ќр стои МКД код 70 бидејќи имаме положено во Македонија.
Прашањето за бугарска возачка дозвола е моментално актуелна тема, од причина што работите се усложнија.
Во моментов сите оние кои имаат пријавено адреса надвор од Софија, можат да ја заменат мк возачката за бугарска само ако имаат престој од 6 месеци во БГ.
Само тие кои се пријавени во Софија можат да ја заменат, но не се знае до кога ќе може.
Доколку сакаш да полагаш во Бугарија за некоја друга категорија што ја немаш, во тој случај кодот мкд ќе ти го нема. Се полагаат тестови прво,кои се закажуваат за две недели, и мора да се присуствува на полагањето бидејќи има камери. А градска се полага и првиот ден закажуваш, вториот полагаш и третиот зимаш уверение.
Посредниците земаат различно од 400 до 500 евра отприлика, бар јас така знам, може ќе најдеш поевтино. За да се смени ќе треба диплома за завршено средно, преведена и заверена и македонската возачка, која ја оставаш таму, и бугарска лична карта.
Во секој случај, фала.