Nema da uspees,I da pocnat da ti davaat broevi ke ti gi davaat mesano nekoj od prepiski nekoj od molbi taka sto ke se napravi kasa papara. Podobro sledi gi tie po konzulski pat.
Имав размислувано на овој проблем. Преписките кои што може да се проверуваат по конзулатски пат се со 100% проверен и точен статус, додека оние кои ги добивам по ПП може да бидат било што, односно број на молба, или број на преписка. Можеби е и најпаметно да одиме само со броевите од конзулат. Така барем ќе имаме најверодостојна база на преписки.
Имаш целосна поддршка од мене, затоа и ти напоменав да не ме сватиш погрешно..
Членови како тебе и пример
@palekrstic ...ги ценам и респектирам за нивниот труд вложен во темава за да им се помогне на останатите.
Поздрав и секое добро.
Не мисли дека се налутив или нешто слично. Го следам форумов повеќе од 4 години. Кога ја открив темава на овој форум, страната на темава беше некаде 1.900 и некоја. Сега сме речиси на страна 4.000. Поентата ми е, имало денови во кои не сум бил во можност да го отворам форумов, и после веќе неможеш да останеш во тек бидејќи отишле 30 па и повеќе страни натаму. Си испуштил укази и што ли уште не. Ова би било централизирано место за број на последен указ, како и листа на тековните преписки кои сеуште чекаат потпис. Како што ќе добиваат указ, преписките ќе бидат означени со посебна боја и текст во кој указ се вклучени, па така ќе знаеме сите ние што чекаме веќе со години, до каде е стигната работата со само еден клик.
Било какви предлози за подобрување на принципот на листата, слободно пишете, не само Вие, туку и сите останати членови на форумот. Страната ќе гледам да остане во горе доле истиот базичен формат, со оглед дека и самата има многу едноставна функција, и следствено на тоа нема потреба од чуда ефекти и реклами на неа. Мое извинување поради лошиот линк, не ми се даваат пари за домен моментално. Подоцна вечерва ќе пишам кога ќе има дополнувања на броевите. Убава вечер на сите