Добро вечер на сите. Одамна го следам форумов, но еве сега решив да се регистрирам за да можам да објавувам коментари. Пред некој ден имав идеја, заедно да направиме листа на сите преписки кои што се со статусите Положително се чека потпис од ВП, и статусот Проверка од ВП. Табелата почнав да ја изработувам сам со преписките подадени по конзулатски пат. Идејата на целава работа е, да знаеме сите овде на форумов, до кој број на преписка се дојдени со секој последователен указ, како и, уште побитно за нас кои чекаме на положитено а сме биле вратени на дополнителна проверка, до каде ќе бидат со указите и броевите од 2017та година, откако ќе почнат да не разгледуваат одново, нормално откако ќе ја завршат целата 2017та до крај.
Како сето ова би функционирало, е така што, секој овде кој што сака да го даде својот придонес кон табелата, би требало да го каже своето бројче на преписка како и статусот на која што е таа преписка моментално. Напомена, не е потребно да се објавува ПИН бројот, не е поентата никој да знае ничив туѓ број на ПИН, туку да знаеме која преписка е со кој статус, и да знаеме што да очекуваме со секој нов указ.
Во продолжение, изглед од табелата: