Ќе те исправам за некои работи за кои сум сигурен. Прво, на 20-30 души од Мала Преспа со потврди од Тирана им потпиша Јотова периодов ама знаеме многу убаво зошто е тоа така. Второ, поминати се некои од кај нас само со потврда на Совет ама тоа е минимална бројка, пак ќе кажам - под одредени околности, со разрешен престој, студенти и сл.
Реалната бројка и како стојат работите ќе ја видиме за месец дена, ама тоа не значи дека ќе престанат да пишуваат глупости по темава, хиените биле и ќе бидат присутни цело време.
Кога ќе решат да им даваат на албанците (гора, голо брдо) според територијален признак (роден во бугарско село, татко, дедо, прадедо), а тоа го решаваат во моментов, тогаш па уште потешко ќе може некој од нас да се ишлепа со таа потврда на Совет. За Јотова знаеме што прави.