Бугарско државјанство (процедура и потребна документација)

Член од
24 јуни 2008
Мислења
101
Поени од реакции
43
Сабота проверував вечерта немаше ниедна промена , недела и пон неработен ден , така да денеска :)
Автоматски споено мислење:


Го цитирам @Wolf5 :) ''Od 6 meseci do beskonacno'' , нареден статус положително треба да ти пишува.

Eve sto kazuvat ovoj status:

По преписката Ви предстои да б'де изв'ршен финален експертен преглед преди да б'де разгледана от С'вета по гражданство.
[Финална] Вашето досие има поминато низ позадинските проверки и се чека да биде разгледано од Советот за државјанство кој треба да одлучи дали барањето ќе ви биде одобрено или одбиено. Моментално (септември 2021 г.), вкупното времетраење од интервју до излез од [Финална] се движи околу 2 години и 4 месеци, односно од [Финална] преминуваат на некој од следните статуси [Положително], [Нередовности], [Дополнителна] или [Отказ] оние кои биле на интервју некаде во мај 2019 г. За да добиете претстава колку време ќе чекате само на статус [Финална], потребно е од ова вкупно времетраење од 2 години и 4 месеци да го одземете времето кое го имате поминато на [Задолжителна].
Почнувајќи некаде од aприл 2021 г., Советот за државјанство работи исклучително забавено, со многу построга контрола и затегнати критериуми. Многу барања за државјанство се враќаат на дополнителна проверка или се констатираат нередовности кои се бара да се исправат. Илјадници барања се моментално заглавени на [Финална] и времетраењето на статусот може неограничено да се одолговлекува во иднина.

I jas sum na ovoj status od 24.08.2021, pa cekam sega smena na sleden status.

 
Последно уредено:
Член од
24 јуни 2008
Мислења
101
Поени од реакции
43
Posle finalna sledat ovie statusi:

Молбата ви е разгледана от С'вета по гражданство с положително становиште. Предстои издаването на указ на Вицепрезидента на Република Б'лгарија.

[Положително] Барањето за државјанство ви е одобрено од Советот за државјанство и се чека на потпис од вицепретседателот на Бугарија, кој треба официјално со указ да ве прогласи за државјани на Бугарија. Моментално (септември 2021 г.), вкупното времетраење од интервју до објава во указ се движи околу 2 години и 7 месеци, односно во указ се објавуваат оние кои биле на интервју во февруари 2019 г. За да добиете претстава колку време ќе чекате само на статус [Положително], потребно е од ова вкупно времетраење од 2 години и 7 месеци да го одземете времето кое го имате поминато од интервју до излез од [Финална]. Доколку е се во ред со вашето барање, нареден и последен статус ќе ви биде некој од двата статуси [Указ], во зависност од тоа каде сте побарале да го подигнете државјанството. Исклучок од ова правило може да настане доколку вицепретседателот реши да се наврати на разгледување на вашето барање, во кој случај ќе преминете на привремен статус на проверка од вицепретседтелот.


Резервиране на дата за получаване на удостоверение.



[Указ] Честитки ! Ова значи дека вашето барање за државјанство е и официјално вклучено во указ потпишан од вицепретседателот, со што станувате државјанин на Бугарија. Потребно е да резервирате термин за подигање на уверението за доделено државјанство во Министерството на правосудство во Софија, со внесување на бараните податоци и прикачување на скенирана копија од пасошот. При подигнувањето, ќе треба да приложите личен документ, потврда за платена такса од 50 лв. и две актуелни ваши слики за документи. Повеќе информации можете да најдете овде. Моментално (септември 2021 г.), за подигнување на уверението се чека неколку дена, односно има слободни термини за во септември 2021 г.


Вашето удостоверение е изпратено в консулска служба XXXXX-XXXXX. При получаване на удостоверението следва да зајавите адрес за регистрација в Република Б'лгарија, както и да представите 2 бр. актуални снимки паспортен формат.
[Указ] Честитки ! Ова значи дека вашето барање за државјанство е и официјално вклучено во указ потпишан од вицепретседателот, со што станувате државјанин на Бугарија. Уверението за доделено државјанство ви е испратено во соодветната амбасада или конзулат каде што го имате поднесено. Можете да се јавите во амбасадата или конзулатот и да се распрашате дали е пристигнато. Што точно треба да направите откако ќе го подигнете уверението е детално опишано овдека.


Преписката е разгледана от С'вета по гражданството. Извадена е за доп'лнителна проверка, С'вет'т по гражданството е в'зложил доп'лнителна проверка на представеното удостоверение за б'лгарски произход от ДАБЧ. В тази вр'зка, ако разполагате с други документи, с които да удостоверите б'лгарскија си произход, молја да ги предоставите в ДАБЧ. , в срок до ХХ.ХХ.ХХХХ.
[Дополнителна] Согласно измените на Законот за бугарско државјанство од 2021 г. (Член 29, ал. 4, 6), Советот за државјанство може да побара дополнителни документи од страна на кандидатот или да побарара изјаснување од Консултативниот Совет во ДАБЧ дали кандидатот има бугарско потекло. Консултативниот Совет треба да се произнесе со позитивно или негативно мислење во рок од два месеци, земајќи во предвид дали кандидатот го зборува бугарскиот јазик, дали се определува како лице од бугарско потекло, како и дали потекнува од бугарска област во странство или од област која во минатото била дел од Бугарската држава или Бугарската Егзархија, со претци носители на традиционални бугарски имиња. Од друга страна пак, со промените во Законот за бугари кои живеат надвор од Република Бугарија, потврдите за бугарско потекло од здруженија на бугари надвор од Бугарија (БККС, МПБ,...) кои се издаваа на основа на Чл. 3, ал. 1, т. 2 повеќе не можат да се користат како доказ за бугарско потекло пред бугарските институции. На овој статус систематски се враќаат барањата во кои не е проложен друг официјален документ освен ваква потврда за бугарско потекло. Доколку поседувате, потребно е во наведениот рок во Државната агенција за бугари во странство (ДАБЧ) да доставите дополнителни документи за бугарско потекло на директен предок издадени од бугарски или странски државен орган или од Бугарска Православна Црква, во согласност со изменетиот закон.
Во зависност од тоа како Советот за државјанство ќе одлучи да го толкува изменетиот Закон за бугарско државјанство во периодот кој предстои, постои можност оние кои немаат дополнителен конкретен доказ за бугарско потекло на предок, освен потврдата за бугарско потекло од бугарско здружение, да бидат одбиени за државјанство.

Автоматски споено мислење:

Da, najdov uste nekolku statusi:


С'вет'т по гражданство не е уважил молбата. [.....].
[Отказ] Вашето барање е одбиено од Советот за државјанство. На местото на [.....] во статусот треба да е наведена причината поради која сте одбиени. Најчесто советот ги одбива барањата за државјанство во кои недостасуваат документите врз база на кои го имате добиено уверението за произход од ДАБЧ (изводи на родени/умрени, потврда од здружение,...) или пак барања за кои некоја од инситуциите низ кои се врши позадинска проверка се изјаснила негативно. Еднаш кога одлуката на советот ќе се донесе, не постои можност да ги доставите документите кои ви недостасувале и да го вратите барањето на повторно разгледување. Не постојат ниту правни механизми за да ја обжалите одлуката. Доколку сметате дека неправедно сте одбиени, единствено решение е процедурата да ја почнете од почеток и одново да поднесете барање за државјанство со претходно закажување на термин за интервју во Министерството на правосудство во Софија или во некое конзуларно претставништво на Бугарија.

Проверка от Вицепрезидента на Република Б'лгарија.
[Вицепретседател] Барањето ви е на проверка кај вицепретседателот на Бугарија. Траењето на овој статус е непредвидливо и никој не може со сигурност да ви каже колку ќе чекате - може да се денови, недели или месеци во прашање. Доколку се е во ред со вашите документи, ќе се вратите на статус [Положително], по што набргу ќе преминете на статус [Указ]. Доколку вицепретседателот не го дели мислењето на Советот за државјанство, има дискреционо право да ви даде отказ. Најчести примери за откази од вицепретседателот се барања во кои се поврзувате само со подалечна роднина (вујко, тетка) кои се веќе бугарски државјани, што не се смета за доволен доказ за бугарско потекло според Законот за бугарско државјанство.

Отказ на Вицепрезидента на Република Б'лгарија. [.....]
[Отказ] Барањето за државјанство ви е одбиено од вицепретседателот на Бугарија. На местото на [.....] може да е наведена причината зошто сте одбиени.

Молба с входјашт N:XXX/20XX/XX.XX.20XX г. ХХ:ХХ е прекратена с'с заповед ЛС-ХХ-ХХХ/ХХ.ХХ.20ХХ
[Прекратена] Барањето ви е прекратено со заповед на министерот на правосудство, најверојатно поради неотстранети нередовности.

Преписката се намира в с'стојание, за което не се предоставја информација.
Нема информации за бројот на преписка што го проверувате, станува збор за завршено барање.
Вече сте получили удостоверение по тази преписка.
Барањето е одобрено и веќе имате подигнато уверение за истото, станува збор за завршено барање.

Липсват данни.
Внесувате грешен број на молба или ПИН.

Нјама такава преписка заведена по консулски п'т.
Внесувате грешен број на преписка. Доколку имате аплицирано директно во Софија, користете го горното поле со број на молба и ПИН.

 
Последно уредено:
Член од
24 јуни 2008
Мислења
101
Поени од реакции
43

koj sakat mozit da se priklucit na fb stranata za блгарско гражданство, odma ke ve primat, ne se cekat voosto. Jas bev priklucen na druga grupa no ne ja gledam pojke, mozda me blokirale pa morav da cekam da se oformit nova za da gi sledam slucuvanjata okolu bg drzavjanstvo.
 

*Slash*

Comfortably Numb
Член од
31 јули 2008
Мислења
758
Поени од реакции
1.207
Дали некој знае до каде се стигнати со адресите во Средец? Тенкс :)
 
Член од
21 октомври 2016
Мислења
520
Поени од реакции
670
Кога и каде беше на интервју и кој број на преписка си?

Sent from my SM-N770F using Tapatalk
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
101
Поени од реакции
43
Кога и каде беше на интервју и кој број на преписка си?

Sent from my SM-N770F using Tapatalk
Ако мене ме прашвиш, бев на интервју во Битола во БГ конзулатот на 16 ноември 2020 година 4887/2021. Моментално сум на овој статус од 24.08.2021

Молбата ви е разгледана от С'вета по гражданство с положително становиште. Предстои издаването на указ на Вицепрезидента на Република Б'лгарија.
 
Член од
21 октомври 2016
Мислења
520
Поени од реакции
670
Ако мене ме прашвиш, бев на интервју во Битола во БГ конзулатот на 16 ноември 2020 година 4887/2021. Моментално сум на овој статус од 24.08.2021

Молбата ви е разгледана от С'вета по гражданство с положително становиште. Предстои издаването на указ на Вицепрезидента на Република Б'лгарија.
Доста брзо ти се сменило. Со какви документи си?

Sent from my SM-N770F using Tapatalk
 
Член од
6 октомври 2020
Мислења
81
Поени од реакции
448
Ако мене ме прашвиш, бев на интервју во Битола во БГ конзулатот на 16 ноември 2020 година 4887/2021. Моментално сум на овој статус од 24.08.2021

Молбата ви е разгледана от С'вета по гражданство с положително становиште. Предстои издаването на указ на Вицепрезидента на Република Б'лгарија.
оваа преписка 4887/2021
  • По преписката Ви предстои да б'де изв'ршен финален експертен преглед преди да б'де разгледана от С'вета по гражданство.
вие не сте положително. :tvg:
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
101
Поени од реакции
43
Доста брзо ти се сменило. Со какви документи си?

Sent from my SM-N770F using Tapatalk
Извод од раѓање на баба ми, од мајка ми мајка. Па да сега за сега сум задоволен. Април месец го добив пинот од преписката и до крај на август месец сум на финална. Се надевам дека тој статус за брзо време ќе се сменит па ќе можам за реалтивно кратко време да го земам пасошот. Ти до кај си со пасошот?
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
101
Поени од реакции
43
оваа преписка 4887/2021
  • По преписката Ви предстои да б'де изв'ршен финален експертен преглед преди да б'де разгледана от С'вета по гражданство.
вие не сте положително. :tvg:
сакав да кажам финална, моја грешка.
Автоматски споено мислење:

Кога и каде беше на интервју и кој број на преписка си?

Sent from my SM-N770F using Tapatalk
ти до каде си со процедурата или уште не си почнат? Не добив од тебе одговор.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom