So citanje nekolku strani nanazad mn e tesko da se najde odgovor imam barano i imam naogano ama 1 saat vrtenje i oci ke ti padnat
Ne e strasno ako se prasa istite prasanja se vrtat celo vreme
Значи те мрзи да бараш?
А знаеш зошто очи ти испаднале додека да дојдеш до информацијата која тебе ти треба?
Пошто 50 страни уназад треба да бараш низ постови како
„денес указ немаше другари, ајде утре“
„леле оваа јотова...“
„другари, молба некој да не има?“
СИТЕ работи по 50 пати одговорени веќе.
Крај краева на почеток на темата пишува се' што треба да се знае, првите неколку страници, само кој да ги чита. Сите ги мрзи.
Полесно е да дојде тука и да речи еј јас сум на финална од 6 месец, кога ќе бидам положително?
А некој што се мачел да поставува линкови од блог каде ги има СИТЕ информации за постапката, што се мачел да ги ажурира таму роковите, што се мачел некој како ПАЛЕ КРСТИЧ тука ден и ноќ да одговара на прашања (само по нејзиниот јузер да ја пребарате темата и ќе најдете МОРЕ ОД ИНФОРМАЦИИ), некој сега што се мачи и што ви води списоци и што можете од истите списоци благодарение на Бибо да утврдите ТОЧНО до каде е постапката со термините. Значи не од тоа кога сте правеле интервју туку од СПИСОЦИТЕ можете ТОЧНО да знаете со недела до две разлика КОГА ќе добиете и указ и следна промена на статус и сe' поврзано со тоа.
АМА НЕ, ние сакаме на готово, на тацна.
Имате пријатлеи на тацна, само ве мрзи да барате.
Исто, тоа што прашувате по 50 пати за иста работа придонесува да не можете да дојдите до бараната информација брзо.
Исто, неажурноста на администрацијата и несакањето да постават модератор на темата (најверојатно заради трафик и заради лупање постови на истата - иако не знам кому може ова да му е од корист) доведува до море од постови ко не треба воопшто да бидат тука.
Јас пратив до конзулат пред три дена, се јавив пред два дена и ми рекоа не ми стигна указот. Вас што ви рекоа?
А да размислат малку ќе знаат дека денот има ИЛЈАДНИЦИ како нив и секој случај е приказна сама за себе.
Единствено валидно е тоа што го пишува на блогот за постапката, тоа што го пишува тука на почетните страници за постапката, постови на пале и слични стари јузери како неа кои ја знаат точно цела постапка и списоците на бибо.
Се' останато е офтопик. Се' oстанато е бавење со „временска прогноза“, со „нострадамус“ и „баба ванѓа“ муабети од типот леле дали следниот вторник ќе има указ?
Како и во државичето, така и на форумот, хаосот си го правиме САМИ.
Слободно продолжете.