Тој регистар го најдов
овде пробувајќи да најдам какви се тие регистри. Тука има само неколку за разлика од двете архивни колекции кои содржат 900+ регистри (т.е. "архивни единици"). Напишав и во претходниот пост, за жал изгледа дека пребарувањето низ податоците на индивидуални регистри, на пр. со внесено специфично име и страница земајќи податоци од тие неколку што се достапни, не дава резултати, без разлика што и да внесеш (користејќи само "чисти" имиња на пр. Васил, Никола, Елена, со страници, без страници, латиница, кирилица). Опција да прегледаш некој регистар на самиот сајт - не гледам, иако тоа би било идеално (како на пр.
овие списоци за загинати/наградени во војните). Вака испаѓа (пишува и во самото соопштение) ако го најдеш местото на живеење единствено ти останува да закажеш и да одиш таму лично да ја листаш книгата, што не е баш ок зашто од лични околности не сите се во ситуација да можат да одат кога сакаат, како и фактот дека нема никаква гаранција дека ќе го најдеш тоа што го бараш. Направено - недоправено, како и со многу други работи, ама во очај човек ќе се фати и за сламка.