Конечно! Земав МБ и се сликав за пасош и
Дозволете ми на секој поединечно од Вас кој го чита постот да Ви се заблагодарам за придонесот кој го дававте и сите информации кои ги добивав (дали преку читање, учество во темата или надвор од неа, благодарам до секој!!!) и извинете доколку со некои мои постапки на коментари или реплицирања сум Ви направил да се чувствувате иритирани...
добра, работа е форумов и истовремено ти дава адреналин чекајќи указ, на моменти премногу корисни на моменти премногу некорисни информации но сепак да се земе учество во темава не е промашена инвестиција! има многу од тука што ме навредуваа (премногу со смеење позади телефон ги примав нивните навреди но сите тие се супер ликови и ок дечки-и стварно го мислам ова!) имаше и такви со кој редовно у пораки пишуваме, особено 3-4ца дечки си знаат кој се им благодарам за се и на сите вас! Поздрав голем и до Браќата Срби кој знаат да дадат и они информации и да помогнат и да ни решат дилеми....
На сите ќе Ви посакам трпеливоста да биде со Вас и секој да си го дочека државјанството!
По добивање на истото да Ве следи пред се големо здравје и среќа на патот кон светлината - успехот и работата во странство!
Да не излезе дека го копирам Генерал (навремено и убаво во неколку наврати Ви кажува човекот) ама каде и да одите секој сака и те присилува (силува) да му го научиш јазикот за да се вклопиш и интегрираш (2021год не ти треба речникот ко во 1980 кога оделе во странство и почнете со цртани на тој јазик да гледате па потоа лекции ниво А1/2 - God bless youtube!)!
Каде и да одите имајте се сами на себе и верувајте во себе и бидете силни, истрајни и цврсти... никаде нема да е лесно и почетокот нема да е мед и млеко но подобро 3-4 години жртва и тешкотии за наредните 30-40 после нив да бидат подобри него сите претходни. И кога и да Ви е тешко и да Ви дојде да се откажете од се (ќе имате доста такви моменти) секогаш присетете се зошто сте тамо и со која цел го правите тоа тамо и малко од малко ќе Ви помине! (од искуство: 6години во Америка и имав доста такви моменти а само бев на студии) ... Мартин Лутер Кинг рекол: Можеме да го прифатиме конечното разочарување, но никогаш не смееме да ја загубиме бесконечната надеж.
Јас со невестата и малиот (btw денес ми пуни 4год.) од септември започнуваме друг живот. Ќе работам и живеам во Ротердам и се надевам дека 30та година од животот мој на Земјата ќе ми биде нов почеток во земја со можности!
Доколку некој го води патот натака или не дај Боже заглави или му е потребна било каква помош нека ми пише - ќе излезам во пресрет, макар и да е туриста ќе го прошетам...
Вооедно, ако некој од Вас има искуство како Data developer/C+ и искуство со SQL, SSIS веднаш по добивање на државјанство ако се снема снајдено со работа да го препорачам и да добие вработување и да се пресели во Ротердам (многу над европски просек платена работа!) колега да го праваам и да правиме македонско лоби во Ротердам да не има!!!
Екипо, држете се и имајте успех пропратен со многу здравје!
И за крај ти се обраќам тебе што го прочита цел пост... запамти го следново- може ќе ти се најде:
Прави го она во што веруваш и верувај во она што го правиш притоа престани да размислуваш за своите граници, започни да ги откриваш своите можности бидејќи поентата на животот не е во пронаоѓањето на себе си, туку во креирањето на својата личност.
Биди од оние кои сакаат да ја видат светлината...
До следна прилика...
Ве поздравувам!
Марин М.