Никој не знае да ти каже бидејќи ова е сменето неодамна.Здраво на сите уште еднаш. Не сакам да бидам досаден (ете и јас сум еден од тие кои „само прашуваат“, али што да правам кога немам знаење на темава да споделам), ама ако случајно има некој одговор во врска со ова би бил благодарен.
Значи, нема некој искуство позади себе за да ти потврди едно или друго.
По правило треба да бидиш по стара процедура, НО бугарите се познати по тоа што МЕНУВААТ како и кога ќе им текне без разлика на новите постапки и правила.
Затоа, најдобро ти е прво да се јавиш во БГ (министерство за правосудие) и да прашаш.
Второ, да се јавиш тука во амбасада/конзулат и да прашаш. - броеви најди од нет или тука ги има на темава ако не ти е мака да бараш од милион офтопик постови.
Трето, редовно да го следиш форумот и како оди целата процедура за навремено да бидиш известен за евентуалните промени и да имаш време и простор да реагираш.
Понатаму ќе се појават и други луѓе со твојата дилема и ситуација па бидејќи ќе бидете во иста „каша“ ќе следиш што се случува со нив и ќе се информирате и помагате еден со друг.
Засега кој и да ти тврди едно или друго само погрешно може да те насочи.