Ете и моето патешествие заврши.
Указ потпишан во јуни, веќе пишав за тоа во предходната тема.
Закажано за подигање на указ во вторникот, со посредник бев, една слика и платена такса.
Успеав пола саат пред закажаното да влезам, потполнив две ливчиња, едното за указ, другото за стариот документ дека ми го вратија.
Следниот ден посредникот ми извади егн и адреса, без мое присуство, јас само бев да се сликам, во некоја полициска станица, почекав надвор 10 мин додека посредникот ми ги пополни документите, само влегов, се сликав за 3 мин и заминав.
Денес во 14 имав закажано за подигање, посредникот веќе беше таму, додека стигнав веќе подигнал и пасош и лична карта.
Ех, една грешка има на личната карта, висината е 189 цм место 179 цм, после пандемијата ќе се обидам да се информирам дали трена да менувам лк или не.
сето ова ме кошташе 300 евра, а се на се со посредникот се видов 3 пати, 3 часа вкупно.
П.С. Изводот не ми го бараа нов, јас поминав со извод од 2007 година.
Оригиналот од изводот остана кај мене.
Во презимињата и имињата на старите докимњнти имаше разлики и не носев никаков доказ дека се работи за иста личност.
Прегледај го приврзокот 276317