Бугарско државјанство (процедура и потребна документација)

Член од
25 август 2021
Мислења
57
Поени од реакции
59
Свака част за објаснетото!
Ќе им се најде на сите после тебе!

се ама се убаво објаснето и слики само стрината- не!



Sent from my iPhone 12 Pro Max using Tapatalk
 
Член од
30 август 2021
Мислења
25
Поени од реакции
46
Кликате на линкот што го напиша @Kate065,а потоа ќе ги отворите инвентарен опис 9 или 10.Најдолу имате поле каде го внесувате местото за кое пребарувате. Screenshot_2021-12-17-19-33-50-172_com.android.chrome.jpg Screenshot_2021-12-17-19-34-05-617_com.android.chrome.jpg
 
Член од
30 септември 2021
Мислења
92
Поени од реакции
74
Член од
25 јуни 2021
Мислења
32
Поени од реакции
60
Здраво дечки и девојки.

Бев вклучен во Указ 208, објавен на 09.12.2021, потпишан на 01.12.2021 и бев да го подигнам во средата на 15.12.2021 од МП Софија, па да и напишам мое инфо како поминав + неколку типс & трикс од мене и неколку спонтано што ми успеаа :D

Бевме четворица, со сопствено возило, јас ги спремив за сите потребните документи, т.е. секој посебно си извади изводи од матично што му требаат (за 1 ден), а другото преводи, копии од се што треба, план каде што колку и во колку часот...значи се од тргнување во закажано време (малку порано, за да не излезе нешто по пат), па до јадење кебапи во Софија после завршената работа.:D
Иако бевме четворица, ќе пишувам во еднина...

Да ви кажам само дека отидов тотално спремен, знаев што ме очекува, знаев на кои места точно во колку часот (па и минути) да идам и што да направам.

1. Подготовка:

Знаев дека ке добијам Указ или отказ. Друго немаше. Точно знаев кога да очекувам Указ, па однапред се спремав за се. Затоа го правев тоа, толку многу следење на преписки и се друго од моја страна. Знаев се.

Уште пред 2-3 месеца имам направено лично за мене неколку туторијали, детално со сите информации што треба да се прави ако одиш сам по Указ во Софија, па се понатаму. Знаев и пред тоа се што треба, ама убаво е кога ги имаш на хартија, убаво стојат во рацете;) или во мобилен.
Си имав изготвено еден вид тајмлајн, локации бележани на мапс, роаминг интернет, цени за се што треба, работно време на институции каде треба да одам, што да уплатам, примери од уплатници пополнети и сл. Значи, ако сакате да идете само без посредник, организирајте се добро од информациите овде од форумот и пат за софија. Ако не и ако имате вишок парички, платете на некој 300-400 еврејци.

2. Закажување термин:

Закажавме термин на 15.12.2021, среда, најрано што имаше, 9:15 и 9:35. Од предходносо уште двајца наши познаници се договоривме и тие да дојдат со нас кога ке ни излезе указот, имаа веќе указ подигнато од конзулат и сеуште немаше ништо од април/мај 2021, бевме четворица. Им предложив да дојдат со нас во Средец.

3. Комплетирање потребни документи:

- Принтање на терминот со дата и час за подигање на указ.

- Пуштање на превод на изводите за сите потребни за процедурата на превод во Петрич, кај Ризо Ризов, контакт клик овде rizov.business.site , Превод и заверка е 20 лв. Може да пратете по маил или вибер, месенџер, па на одење да си ги платете и земете. Ке се договорите. Потребни изводи, оригинал македонски, преведени и заверени, потребни се за во Средец и за сликање во полиција: твој извод, извод на венчани (ако сте во брак), изводи од деца и од сите од кога ќе се преведат по 4 копии. 2 копии од извод и венчаница ќе задржат во општината, од децата не, само ги видоа оригиналите за увид. За сликање ќе ви требат од сите оригинал и преведени.
- Пополнување на Адресна карта за настојашт адрес, Зајавление за постојан адрес (ги имате формуларите на веб страната на Општина Средец https://sredec-sofia.org/гражданско-с'стојание/, ). Примери како се пополнува долу, прикачени, оригиналите ке си ги симнете од страната на Средец, клик овде: Адресна карта , Постојан адрес. Да бидете спремни за во Средец, ќе ви се изнарадуват таму заради тоа:D (ако не се понашате као идиоти;))

- Правење по 4-5 копии од пасош.

- Запишување на лист хартија или мобилен податоци од вашите мајка, татко, брат, сестра, деца со име презиме како што се пишува на бугарски и нивните дати на раѓање. Таму само го препишувате. Ако некој од вашите има бугарско државјанство, го запишувате бугарскиот ЕГН. Тоа ќе ви треба за у Средец, за пополнување на Личен регистрационен картон, ако не може да се снајдете, замолете ги да ви помогнат.

- Спремање на ковид сертификати, или правење на ковид ПЦР тест, имајте ги во мобилен спремни, но најдобро имајте испринтан на хартија.
Влез во Бугарија од Македонија е можен со сертификат за вакцинација или ПЦР тест. За измени за влез во БГ, пратете овде (клик) АМСМ КОВИД

- Сменете си денари/евра во левови од кај што сте, ако нема, ќе смените во Софија.

- За подигање указ се потребни 2 НОВИ фотографии од вас, одпозади ќе го напишете вашето име и презиме на бугарски.
Ако се постари, може да имате проблеми. Моите ги споредуваше со сликата на пасошот и со сликата од кога поднесов документи (2018). На пасошот сум со брадичка и 20-30 кила повеќе:D, на таа од 2018 као Хулио Иглесиас фризура, а сегашната и идам као Бред Пит (без сикс пакови) и фризура Ајрон Ман/Тони Старк, т.е. Робер Дауни џуниорчето, ама со капа:pos: Ја збкав тетката, ме гледаше, вадев маски, капи се смеев, правев озбилна фаца и давав лев и десен профил и се молев да не ме прати пак на сликање. Дури бев во иста блуза како на новата слика, планирано разбираш:cool:. Поминав.

- Од сите документи копии за сите, од изводите по 4, пасоши по 4, адресна карта и зајавление по 2 , сертификати 2-3 копии, на ливче адресата што треба да ја пријавиме во МП, еве јас како напишав:pos: (клик овде Livce za zajavlenie za adresa pri podiganje na Ukaz vo MP-Blgarsko grazdanstvo).


4. Превоз:

- Имавме проблеми со превоз, дефект коли, нема зелен картон мал дефект, рента се зафатено. Ја средивме набрзина дефектната, зелен картон за 1 месец и толку. Превозот ни излезе по 1000 ден од човек, ден предходно + одевме до Петрич да земеме преводите, винетка за 1 недела (15 лв.), , и во среда 15.12.2021 сабајле во 2, тргнавме за Софија поранко, за секој случај.

5. Пат до столицата.

- Тргнавме у 2 / 2 и пол сабајле по мк време, минавме граница брзо на Ново Село, прегледаа сертификатите за ковид, немаше снег, дожд, патот чист, пред Софија маааалку почна да вее снегче, ама но проблем. Стигнавме во 07:45 Софија, паркиравме овде (клик), близу е до се, плативме паркинг за 4 часа (2 лева од час) + попосле уште за 2 часа.

- Имав бележано кога отвараат банките, Бугарско Америчка кредитна банка (клик овде локација), отвара во 08:30ч.
Пред банка во 08:15, први, чекаме да отворат и во 08:30ч влеговме, имав 2 копии од уплатницата за указ пополнето како треба, препишавме на нивната иста таква (еве празна како изгледа, зедов 2-3-КЛИК) , пример како треба да ја пополните (со црвено како што е напишано, само ваче име и потпис ставате - КЛИК ТУКА), и јас како пополнив (КЛИК). 50 лева + 8 такса, ви ја даваат оваа потврда(клик) за уплата и уплатницата и одите по Указ. НАПИШЕТЕ ТОЧНО КАКО Е ВО ПРИМЕРОТ И НЕМАТЕ ПРОБЛЕМ. Излегов во 08:55, си замотав еден и лагано до правосудие, 20-30 метри од банката.:misticen:

НАПОМЕНА: ВО СЕКОЈА ИНСТИТУЦИЈА Е ЗАДОЛЧИТЕЛНО МАСКА И РАСТОЈАНИЕ, КАЗНИТЕ СЕ ГОЛЕМИ!!! ПАЗЕТЕ!!!

- Пред МП гужва уше рано, кој за интервју, кој за указ подигање. (фото МП -КЛИК) . фото2 клик
Си има ред, прашуваат кој е за интервју, кој за указ и си влегуваш кога ти е редот. Влегов точно во 09:15ч. Внатре се ок, претрес, скен, одиш на шалтер 3-4-5, у овај случај сите беа на шалтер 4 (оти корона ги фатило). И дадов пополнето ливче со адреса, сликичите потпишани (објаснив погоре, да не пишам пак). Го испринта Указот (клик), и се заблагодарив и ја запрашав дали може да ми даде инфо, дали во скоро време ќе се забрза процедурата со оние преписки на финална. Ми кажа само дека спремат уште некоја комисија и дека ќе се работи побрзо, а од кога не знаеше. И се заблагодарив и излегов. 5-10 мин.

- Колегата влезе после мене, точно на термин, јас во меѓувреме отидов во близина на МП, каде прават преводи, копиии и се, да направам копии од указот и од пасошите со печатот од влез (за секој случај) овде (клик), влезот со плаво (локација близу-КЛИК) на Гугл Мапс е стара слика. Дечкото што работи таму го замолив за копии и почнав да прашувам дали може и за пријателите после да направиме копиии и го прашав дали знае некој што може да извади ЕГН за 1 ден. Се насмеа и ме праша дали сум посредник:pos: Му реков не, мој е указот и ми рече дека тој може да среди за ЕГН, ама за ист ден не, само за утре. Колку? 60-70 евра и нешто за „таму“ да черпаш. ОК, фала. Поздрав.

Инаку пред правосудие вриеше од посредници и пациенти.

- Се собравме сите четворица и правец Општина Средец (локација КЛИК)
Таму, шо да ви расправам, некаде 10ч по бугарско, нема никој, први ние. Долу обезбедување еден доста симпатичен буцко, наш човек, му влагаме насмеани, со добро утро, како сте, ние сме од Македонија, зедовме указ и одиме по ЕГН. Тој насмеан, ни говори на македонски, и тоа доста добро, баш на наш дијалект и ни вели одете побргу по скалите горе па десно, нема гужва, уште е рано, после ке биде гужвата. Влегувам јас прв, маскиран, се разбира со капа, маски чуда. Нема никој, само ние. Гледам лево-десно само тетки, као за мене:backa: и одма вадам капата, правам фризура Ајрон Мен, раскопчувам палтото (немам сикс пакови, ама ок), и глеам десно како што одам, една црна, една плава и една тетка постара. И одам на црната у средина, добро утро, се претставувам, и кажувам зошто сме овде и вадам документите се пополнето како што треба, она изненаџена и среќна, не треба да ми објаснува и да пополнува, и давам изводи се преведено, копии од ова, од она, па кога зеде тој картонот кај ги пишуваш мајка татко деца брат сестра и кога фати да ми го пополнува без да ја замолам, абе ќеееф...срцка.:smirce: Во исто време, откако видоа дека сите 4 сме заедно, дојде и плавата (јака) и старата тетка на помош, јас завршив, отидов уплатив 30 лева одма овде на друг шалтер, во кеш (КЛИК уплата) и се вратив да помогнам на другарчињата. Изгледа им станавме интересни оти зборуваме на дијалект сличен на бугарскиот, па ни помогнаа на сите за пополнување на личниот регистрационен картон. На двајцата што беа со укази од конзулат сеуште немаа ништо пристигнато, удомително писмо или како се викаше, проверуваа 2-3 пати, ама не излегуваа дека се стигнати. Не можеа да земат ЕГН и да се сликаат. Па едино што остана, ни предложија одново да поднесат за ЕГН двајцата и заедно после да дојдеме сите некој ден да го земеме и да се сликаме. Ама чичо ги подготви и за таа комбинација, имаа и тие се од документи (изводи, адресна карта, зајава за адреса, па дури и сликички), па веднаш и нив ги ставија у систем и толку. Плавата на крај многу помогна, извадовме дури и маските поубаво да се видиме, онака преку шалтер, симпатична, се ја испрашав што ме интересира околу ЕГН, родствени врски како што (родствени врски формулар ПРИМЕР ПОПОЛНЕТ-КЛИК) , (родствени врски ФОРМУЛАР ЛИНК ЗА СИМНУВАЊЕ- КЛИК - Искане за издаване на удостоверение в'з основа регист'ра на населението)
Ја прашав кога ќе биде готов ЕГН, рече за десет дена, ама.... и овде после тоа „ама“ стана интересно. Се разбравме супер, ми објасни се, иако веќе знаев;) и ја замолив дали може веднаш денес да ни направат ЕГН, да не се враќаме друг ден, бидејќи од далеку идеме. Ми рече дека може едино за утре ако сакаме, бидејќи денес е веќе касно,таков бил системот. Во тој случај требаше да преспиваме, што не ни одговараше на никој, на работа бевме сите. Па ни предложи да и кажеме кој друг ден ни одговара до наредниот четврток, бидејчи од 24.12.2021 до 04.01.2021 не работат, празници. Се договоривме набрзина дека среда, 22.12.2021 ни одговара на сите и толку. Запиша некаде за тој ден дека ке ни се готови матицните, иако можеше и порано. Така ни одговара, ќе идеме уште еднаш до столицата. Супееер!!! И ветивме дека ќе и однесеме домашна ракија, на што многу се израдуваа. А јас не сум јас ако не прашам, и одам на плавата и си прашувам дали има шанси да направиме едно кафе некаде у близина, следниот пат;) кога ќе имат пауза. Ми одговори, можеби ќе може, ќе видиме како ќе е со времето:smirce:
Се завршивме, во меѓувреме почнаа да доаѓат странки, па посредници и почнаа да им досадуват...стана нервозно. Се поздравивме со Ви посакувам убав ден и се гледаме во среда, одиме долу, со обезбедувањето уште малку муабет, ни кажа дека работел некое време како обезбедување во македонската амбасада во Софија, па од таму знае македонски. И на него ќе му однесеме ракија, среќен, фин човек.

Ако ви треба некаков превод близу општината, има во самиот Хотел Рила на приземје, соба направена како канцеларија и работат таму. 20 лева ако предвреме и однесеш и после ден два ги земеш, 30 лева за 30 мин, ти прават 1 документ превод и заверка. + има на самата врата излепено од реклами за преводи во близина. Да си знаете.

После ќебапи и пиво, на кратко се видов и запознав и со @Igorste од форумот, набрзинка муабет и тргнавме назад за Македонија.

Тоа е. на 22.12.2021 одиме по ЕГН и на сликање, најверојатно по нормална постапка од 30 дена, 58 лева, не се брзаме. Таа за 3 дена, 116 лева не е у опција, бидејки празници, а и на сите ни одговара така.

Сметка за оваа одење:
- по 1000 денари од човек за превоз (вклучено гориво, винетка, одење и враќање до Петрич и одење и враќање до Софија)
- 58 лева уплата за указ
- 30 лева уплата за ЕГН
- 12 лева паркинг (делено на 4)
- 1 лев копии

Поздрав дечки, за другото, земање ЕГН и сликање ќе ви пишувам понедела. :цицки::pos:
:aplauz::aplauz::aplauz::aplauz:
Автоматски споено мислење:

Sekoja cest.
 
Член од
23 март 2019
Мислења
15
Поени од реакции
21
Кликате на линкот што го напиша @Kate065,а потоа ќе ги отворите инвентарен опис 9 или 10.Најдолу имате поле каде го внесувате местото за кое пребарувате.Прегледај го приврзокот 316856Прегледај го приврзокот 316857
Дали има за Охрид и околните села? Ги излистав двата описи, но не најдов.
 
Член од
25 август 2021
Мислења
57
Поени од реакции
59
Дали има за Охрид и околните села? Ги излистав двата описи, но не најдов.
Spore popisot od Kncov gi ima site sela of Ohridskata kaza I imam citano deka toa e dovolen dokaz za potomstvo....malku potesko bilo ako sostavot na naselenieto vo seloto bilo mesan sostav togas proverkite bile podetalni....mnogu polesno bilo ako naselenieto bilo 100%bugarsko...
Kazite se vpisani vo inventarite po eparhii....ama vo ovoj slucaj koja bi bila eparhijata...ne znam...prasajtesi...pobarajte nekoi stari dokumenti...ili pak vo nasite crkvi ako nekoj znae mozebi pod koja eparhija se videlo mestoto porano...pobarajte.
 
Член од
21 мај 2009
Мислења
76
Поени од реакции
90
Дали има за Охрид и околните села? Ги излистав двата описи, но не најдов.
И јас барав за Струшко, према попис во Охридска каза, и не најдов ништо. Ако најдиш, те молам извести ме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom