Бугарско државјанство (процедура и потребна документација) - СТАРА ТЕМА

Долу во линкот ги имате сите информации поврзани со времетраењето и промените на вашите статуси.

  • https://bugarskipasos.blogspot.com/p/statusi.html

    Гласови: 4 50,0%
  • Благодарност до сите кои учествувале во креацијата на блогов.

    Гласови: 4 50,0%
  • Инфо: Го копирате горенаведениот линк и го отварате со вашиот интернет пребарувач.

    Гласови: 0 0,0%
  • За процедура за подигнување преку амбасада подолу линк ,или вратете се на страна 4553.

    Гласови: 0 0,0%
  • forum.kajgana.com/threads/Бугарско-државјанство-процедура-и-потребна-документација.74574/page-4553

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    8
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
3 август 2015
Мислења
1.722
Поени од реакции
2.958
Конечнооооооооооооооооооо
Указзззззззззззззззззззззз 110
Почната процедура 1 Април 2016 год преку мајка со документи од прадедо роден пред 1918 год
6 Декември 2017 интервју
Март месец 2019 дополнителна со рок до јуни месец да однесам дополнителни документи
Однесов повторно истите изводи умреници преку мајка и дополнително преку татко изводи умреници плус документ од Велико Трново од прадедоми дека бил бугарски војник
Првиот пат кога ги носев документите имав грешки во имина и презиминна на бабами и прадедоми и ги заверив на нотар дека е истата личност со двајца сведоци, но вториот пат кога ги носев документите за во правосудие пак беја истите грешки во имина и презимина но тогаш без заверка на нотар само ги однесов документите и еве денес указ
На 1 Август 2019 ми се смени во положително
И денес конечно после 4 години потпишан указ
Преписка 14598/2017
Указ 110
Cestitki brat na najdobar nacin da si go iskoristis drzavjanstvo .... Poleka mi olesnuva so ova razlikite posto i jas imam problem bravos uste ednas cestitki se najdobro
 
Член од
20 јуни 2013
Мислења
5
Поени од реакции
15
Здраво на сите.
Конечно добив потпис јас (и еден пријател кој не е на форумов, а заедно ја теравме целата постапка), преписките ни се влезени во указ 110.
  • Ја почнав постапката во март 2016
  • Добив произход од ДАБЧ во август 2016 (врз основа на предец роден во периодот од 1900-1918 - мојот прадедо)
  • Бев да поднесам документи и да закажам за интервју во септември 2016
    • Во министерството за правосудие ги доставив изводите, произходот од ДАБЧ и потврда од Бугарскиот клуб од Струмица
  • Интервјуто ми беше во декември 2017
  • Дополнителна во април 2019
    • Повторно го доставив документот од Бугарскиот клуб од Струмица издаден на ново
  • Положително од 12 август 2019
Целата постапка ја водев во Софија.

П.С. Дали некој знае дали Л. Стојанова е уште на одмор? Отприлика за колку време враќа на меилови?
 

MaxiDj

Top-notch Сasual Dating - Verified Maidens
Член од
23 ноември 2015
Мислења
15
Поени од реакции
4
Здраво и од мене,
форумот ми беше како водилка на почетокот на целиов процес и ми беше од голема помош, на сите што ги знам ќе го препорачувам да го следат бидејќи има премногу луѓе што се манипулирани од посредници.
Потпис на Указот добив и јас заедно со сопругата и уште двајца на 10 Јуни 2020, преписките ни се влезени во указ 8/2020.
  • Ја почнавме постапката во август 2015
  • Добив произход од ДАБЧ во октомври 2016 (врз основа на тетка која што веќе имаше БГ документи)
  • Бев да поднесам документи и да закажам за интервју во октомври 2015
    • Во министерството за правосудие ги доставив изводите, произходот од ДАБЧ и потврда од Бугарскиот клуб од Струмица
  • Интервјуто ми беше во ноември 2016
  • Дополнителни документи доставив врз основа на предец роден во периодот од 1900-1918 - мојот прадедо во Јануари 2019 ( и да споменам дека само јас поднесов на основа на тетка претходно, а другите беа по основ на прадедо и на сите ни побараа да поднесеме дополнителни документи и затоа јас тогаш поднесов од прадедо, а за останатите само извадивме нови изводи и повоторно земавме Удостоверение од БККС Струмица и ги поднесовме повторно).
  • Положително од Март 2019
  • Указ потпишан во Јуни 2020
Целата постапка ја водев во Софија.

Бидејќи бев до вчера ангажиран за изборите не успеав да закажам термин за подигнување на Указот кој што на 12 Јуни 2020 беше за во Октомври 2020, а сега гледам дека се веќе за во Февруари 2021.

Исто така видов дека може да се побара и преку амбасада или конзулатот во Битола да биде пратен, па сакам да ве прашам дали може во истиот емаил да побарам за сите 4 што го добивме извесувањето дека ни е спремен Указот или да побарам за мене и сопругата, а другите двајца да си пратат посебно ?
 
Член од
15 август 2013
Мислења
22
Поени од реакции
58
Дали има некој од последните добиени укази, што е преку брат/сестра и колку време чекал од положително до потпис? Фала.
 
Член од
24 мај 2015
Мислења
400
Поени од реакции
281
Постапка почнувам само со потврда од клуб - Македонско Бугарско Пријателство

Поднесени документи за Произход - Март 2016-та година

Добиен Произход - Септември 2016-та година

Ми закажуваат датум за интервју за година и 3 месеци

Интервју во Софија на - 12.12.2017-та година

На статус задолжително согласување од 12.12.2017-та до 28.01.2019-та година

Од 29.01.2019-та година првпат ме ставаат на финална проверка и на финална сум до 18.04.2019-та година

Од 19.04.2019-та - Вратен на дополнителна проверка

На 15.06.2019 носам дополнителни документи во Софија - крштеница од дедо

Дополнителната проверка ми трае до 02.07.2019-та

Од 03.07.2019-та година по втор пат влегувам во Финална проверка и тој статус ми стои од 11.08.2019-та година

Од 12.08.2019-та година конечно пуштаат срце и ме ставаат на Положително

Денес 28.07.2020 КОНЕЧНО УКАЗ бр. 110 :D

Држете среќа и никогаш не губете надеж, патот е долг и со триста глупости, ама вреди, па макар и да не успеете, барем ќе знаете дека сте пробале.

Поздрав.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Конечнооооооооооооооооооо
Указзззззззззззззззззззззз 110
Почната процедура 1 Април 2016 год преку мајка со документи од прадедо роден пред 1918 год
6 Декември 2017 интервју
Март месец 2019 дополнителна со рок до јуни месец да однесам дополнителни документи
Однесов повторно истите изводи умреници преку мајка и дополнително преку татко изводи умреници плус документ од Велико Трново од прадедоми дека бил бугарски војник
Првиот пат кога ги носев документите имав грешки во имина и презиминна на бабами и прадедоми и ги заверив на нотар дека е истата личност со двајца сведоци, но вториот пат кога ги носев документите за во правосудие пак беја истите грешки во имина и презимина но тогаш без заверка на нотар само ги однесов документите и еве денес указ
На 1 Август 2019 ми се смени во положително
И денес конечно после 4 години потпишан указ
Преписка 14598/2017
Указ 110


Честитки.
А тоа документот од Велико Трново е дека прадедо ти бил Бугарски војник во период пред 1918 година? Кој период е тоа?
 
Член од
9 јануари 2015
Мислења
196
Поени од реакции
156
Честитки.
А тоа документот од Велико Трново е дека прадедо ти бил Бугарски војник во период пред 1918 година? Кој период е тоа?
Не, туку тоа документот е дека прадедоми бил бугарски војник, и служел војјска во 1942-1943 год во Ќустендил
 
Член од
8 мај 2014
Мислења
19
Поени од реакции
4
Добар ден на сите.

Имам закажано интервју во Софија на 27.08.2020 година. Со добиен произход од чичко со бугарски пасош.
Дали знаете интервјуата во Август ќе бидат одржани или истите се презакажани. Ве молам некој ако иде овие денови за Бугарија да одговори како си поминал.

Поздрав.
 
Член од
10 јануари 2019
Мислења
355
Поени од реакции
496
Автоматски споено мислење:

повели информирај се
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom