Здраво дечки. Имам поднесено за пасош уште од 2007 година, ама до сега не сум се заинтересирал. Лани морав да одам лично во Софија за да дознаам кој ми беше бројот. Таму ми дадоа бројче, пасворд и линк до сајтот за проверка. Кога проверив на сајтот ме препрати на линк
http://publicbg.mjs.bg/ за закажување на термин за "
Резервиране на дата за получаване на удостоверение". Сакам да прашам за каков состанок се работи, дали треба да се одговара на некои прашања? Дали има некои услови, молби, пишување на Бугарски, адреси, чуда или е тоа се поминато? Дали можам сам да си договорам и да одам да завршам работа? Освен бројчето и статусот не знам ништо за процедурава ниту имам некаков друг документ од поднесувањето. Од првиот пат кога бев во 2007 се немам појавено за ништо
, тогаш немаше ваква процедура. Фала
Стискаш на сивото поле
ЗАПИСИВАНЕ ,и закажуваш слободен термин, внесуваш име,презиме ,пасош и слика од пасош до 2 мб големина,и мејл за потврда на терминот за подигнување на указ, и го принташ мејлпт.
Од веб страната од МП подолу е напишана ж-сметката и цел на дознака вносна бележка за внесена државна такса за получаване на удостоверение т.е. заподигање на Указ. Земи и две слики пасошки формат.
жиро с-ка БНБ ЦУ, BIC: BNBG BGSD, IBAN: BG09 BNBG 9661 3000 1737 01
Во Софија одиш во банка да платиш за Указ, 50 лева + нешто ситно, попатно направи копија од пасошот заедно со влез за секој случај. Во Министерство за Правосудие ќе влезеш на закажаниот термин дај им ја уплатницата, двете слики од кои едната потпишана со цело име и презиме и пополни едно ливче за адреса - Столична обштина, ул. Леге бр. 6. Ќе те внесе во систем госпоѓата и ќе ти го испринта Указот.
Направи копии од Указот и оди во општина, тука е во близина на МП. Се качуваш на прв спрат, десно има неколку шалтери, на истиот спрат се плаќа. Земи 3 формулари, Адресна карта за настојашт адрес, Зајавление за постојанен адрес и еден Картон исто така за пополнување. Настојашт адрес пополнав Р. Македонија и име презиме нешто, Постојанен е за адресата во Бугарија т.е. Столична Обштина, ул. Леге бр. 6 итн. податоци за себе и на картонот пополни податоци што треба. На каса плати 30 лева и оди да направиш копии од формуларите.По редовна постапка ЕГН ќе ти излезе за 5 до 7 работни дена.Има некои средуваат за во еден ден но тоа се плаќа,можеш да пробаш ти да замолиш и да им платиш за побрзо .....
Иначе за во полиција ќе ти треба писмото од општина со ЕГН (удостоверение за постојанен адрес), копија од пасош, извод од матична книга на родени - преведен и заверен на нотар (ова можеш да го направиш во меѓувреме), зајавление кое ќе ти го дадат таму и ќе го пополниш на лице место и плаќање на каса во полиција, зависи по која постапка ќе одиш,толку и ќе платиш.
Ова се трошоците -
Ова се трошоците за подигнување на указ и адреса -
-50 лева -За подигнување на указ
-30 лева-За адреса и ЕГН во општина
-30 лева -За превод и заверка на извод кој што ќе ти треба за во МВР за сликање
Вкупно 110 лева
Ова се трошоците за пасош и лична карта
-36 лева -Лична карта за 3 дена(за 30 дена е 18 лева а за 8 часа 90лева)
-80 лева -Пасош за 3 дена(за 30дена е 40 лева,а за 8 часа е 200лева)
Вкупно 116 лева за 3 дена ако го земеш пасошот(за 30 дена е 58 лева,а за 8 саати 290 лева)
Значи се комплет ако сакаш за 3 дена да ги земеш ќе платиш 226 лева -односно 113 евра.
Плус тука ти се и трошоците за пат.