Види вака, разбирам и течно зборувам литературен бугарски. Имав долг и исцрпен разговор со службеничката од конзулатот и ѝ поставував прашања и потпрашања сѐ додека не се осигурам дека сосема 100-постотно сме се разбрале, а и таа беше услужлива и трпеливо ми одговори на сите прашања. Мислиш не ми текна да ѝ речам дека МП може да ги добие изводите од ДАБЧ и дека веќе сум ги дал таму? Ѝ реков. И нејзиниот одговор беше: "Да, но сега и од Правосудие ги искат изводите отново". Ова е новина од буквално пред неколку дена. А пред да ми се јават од конзулатот ми се јави и преведувачката кајшто ги преведував документите за да ме извести за истото, само што јас не очекував да важи и за мене и сите што веќе сме поминале со интервјуто. Затоа ви реков уште од почетокот, за да нема забуни - информацијава е од прва рака од Бугарскиот конзулат. Мое беше да споделам овде, а вие како сакате.
П.С: Не заборавајте дека треба да однесете и дупликат од потврдата од здружението. Оригиналот им го дадовте на ДАБЧ, дупликатов ќе биде за МП. Не фотокопија од оригиналот, не ни копија заверена на нотар, туку новоиздаден ДУБЛИКАТ од истото здружение кадешто сте добиле удостоверение за б'лгарски произход. Не паничете - дубликатот се добива бесплатно.
П.П.С: Во суштина ви се бараат сите документи што сте ги употребиле како доказ за потекло, а што се наведени во произходот од ДАБЧ и потврдата од здружението. Тука спаѓаат и копии од пасоши и лични карти што веќе сте ги дале во ДАБЧ.