- Член од
- 28 декември 2015
- Мислења
- 4.034
- Поени од реакции
- 6.513
Добро не буквално со Колт Писмејкер да пука некој во дрон ама се работи за ефтина потрошна роба.Сигурен си ова дека дроновите можат да бидат оборени од револвер? Не сакам да играм мајтап со вас али натака ја терате Дроновите летаат високо и се ултра тивки, ти додека осетиш дека има дрон веќе си мртав човек. Он веќе испалил наведувана ракета на твојата позиција и единствена опција ти останува кога ќе ја видиш да речеш "оу шит" пред да те разнесе на парчиња. А А10 или Су-25 можеш уште од кога ќе полетаат да ги чуеш и да се засолниш од нив. Затоа тие авиони се неупотребливи. Една игла може да ги уништи за разлика од дроновите за кои ти треба софистицирано кратко метно ПВО да ги лоцираш и урнеш.
Дронот треба да дојде до мин. 5км до целта пошто носи макс. 2 ракети Хелфајер а тие се адаптирани ПТ проектили за нова намена. Ќе имаат се поголема улога али мислам дека ќе се вмеша воената индустрија тука со проекти за 100 милионски дронови или пак ќе го стопираат развојот на истите.
Настрана што поради дроновите загинуваат куп цивили.
US drone strike kills scores of Afghan civilians
- Deadly strike takes place in restive Khogyani district of Nangarhar province - Anadolu Agency
www.aa.com.tr
A-10 сеуште се употребува за CAS мисии пошто за разлика од нежниот дрон може да носи по 8 тони оружје, настрана тоа седмоцевното чудо, има куп антимерки баш за Manpad ракети како Стрела и Игла (топлински мамци и остало) и до денес се покажал како феноменално летало.
Зависи и за каков судир се работи, во конвенционална војна што би правеле дроновите не сум сигурен, барем оние кои постојат денес, во COIN операции ете им најдоа место.