Новата мисија на бугарските експерти за докажување на бугарските корени на македонското население во Албанија овојпат заврши неславно.
На меѓународната научна конференција во Тирана ,,Албанија и националните и културните малцинства‘‘, од која дел поставена на јутјуб, музикологот Веселка Тончева од Институтот за фолклор при Бугарската Академија на Науките се најде во небрано по тврдењата дека со формирањето на албанската држава и се дадени чисти бугарски делови, како Мала Преспа, Голо Брдо и Поле, јазикот што го зборуваат е бугарски и тоа најзападниот македонски дијалект, а песните на ова заедница се чисто бугарски.
Провокативните тврдења на Тончева наидоа на остра реакција на Васил Стерјовски од партијата на Македонците во Албанија и Претседател на здружението Гора.
ТОНЧЕВА: Знаеме како се случува. Кога јас одам во Голо Брдо тие се Бугари. Кога Васил Стерјовски оди, тие се Македонци.
СТЕРЈОВСКИ: Но, јас живеам таму, јас не одам таму. Јас живеам во ова место. Различно е, ти доаѓаш од Бугарија во моето место и велиш Вие сте Бугари. Но, јас живеам тука, голема е разликата.
ТОНЧЕВА: Ти живееш во Мала Преспа.
СТЕРЈОВСКИ: Но, ти велиш Мала Преспа, Гора и Голо Брдо.
ТОНЧЕВА: Да, различно е, тоа се различни области.
СТЕРЈОВСКИ: Госпоѓата доаѓа во Преспа и вели: ,,Јас сум туристка, не ме интересира политика. Какви песни пеете? Чекај да ги запишам‘‘. И после оди во Софија и објавува книги, еве ги Бугарите во Преспа.
Стерјовски додаде дека Македонците од Албанија имаат има ист јазик и фолклор со Македонците од другата страна на границата.
Бугарија вештачки се обидува да направи бугарско малцинство во Албанија, Косово и Грција, за да докаже дека не може да постојат Македонци во Република Македонија, затоа што самата држава е оградена со Бугари.
Валентин Николоски
линк
Бугаркава најде бугари и во Мала Преспа. Искрено, Македонци, не ви е вака жал да ги гледате како се бламираат? Прво ми беше смешно, после жал ме фати за нив, најсикрено.
Ја поканувам експерткава да дојде и кај мене дома да провери дали пеам бугарски песни и дали сум Бугарка.