Животниот стандард е главната причина за земањето на 60.000+ бг пасоши од твои сонародници, од иста черешна откорнати
Каква е таа земја и каков е тој народ кој бега од сопствената си домовина, масовно, секојдневно, не бирајќи средства и начини?!
Каде повеќе припадници на тој народ живеат надвор него внатре во таа земја, а тој тренд не се намалува, напротив?
Не, не е тоа најчесто причина. Најзагрозените луѓе не земаат пасоши кукаа на а1, фала богу сега кукаат во социјално, каде што и треба да го прават тоа.
Бугарски пасоши зимаат најчесто оние кои имаат пари да си го приуштат тоа и кои сакаат да заработат повеќе, а да трошат тука.
Како што веќе се изјаснив, и не знам што не ти е јасно тебе, јас немам проблем некој да земе Австриски, Германски, Словенечки пасош. Нека земе и нека оди.
Ама не бугарски. Значи се потенцира бугарски и грчки.
Зошто само бугарите нас ни даваат пасоши? Оти многу не сакаат или зошто сакаат да исчезнеме? Што не ни штанцаат така Австријците?
Ајде, што не земат други.... циганска работа е тоа со бугарскиот.
Мојот личен морал тоа не може да ми го дозволи. Можеби ќе имам австријски Македонец за партнер, па ќе имам австријски пасош.
Бугарски.... како ли ќе живеам сама со себе - не знам.
--- надополнето: Oct 6, 2011 5:48 PM ---
Ај ќе се самоцитирам пошто толку си прочитал/а
--- надополнето: Oct 6, 2011 5:45 PM ---
никој не вади БГ пасош од желба онака, сите вадат по потреба...
Јас познавам МНОГУ од желба за шеткање повеќе од 90 дена што извадија.
Иако не оспорувам дека има и такви од потреба што извадиле.
Јас познавам луѓе, кои живеат секаде низ светов, со Македонски пасош отидено, од тука најдено работа (ако ги бива за работа, нормално) и си имаат трајни визи 15 години додека не стекнат право на државјанство.
БГ пасош не е неопходен за да живееш и работиш во странство.