Бугарските ѕверства врз Македонскиот отпор

Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
ах бе блгарчиња зошто едноставно не се извините и си продолжиме со животите ?! на територија на денешна Македонија во ВСВ воглавно дејствуваа чети и одреди создадени од Македонско население,имаа масовен одзив заради дејството на фашистичките окупаторски (а не братски)бугарски војски,никакви титови сили не го организираа тој отпор и желба за слобода.........заборавате како бевте испратени и зошто........21 век е,извинете се за тие несакани дејствија еднаш веќе,и да продолжиме со животот како луѓе
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.619
Поени од реакции
715
Ако наместо да пишуваш глупости земеш да прочиташ малку, ќе разбереш дека 65 години ви полнат главите со лаги.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Ако наместо да пишуваш глупости земеш да прочиташ малку, ќе разбереш дека 65 години ви полнат главите со лаги.
:facepalm:

И после сите претставени аргументи, вие сеуште самите ќе се лажете со фамозната граница од 1945 година?

Јасно ни е дека постирањето некакви аргументи нема никакво практично значење за вас, бидејќи не умеете да излезете од пропагандниот мејнстрим кој ви го наметнува државната апаратура, впрочем, зошто и би сакале да бидете надвор, кога поудобно и посигурно се чувствувате под закрилата на романтичарски измислената историја отколку да се соочите со своето вистинско минато.

Се разбира, дополнителна мотивација ви е „самореализацијата“ како државни чиновници во дремењето на македонските форуми и статистичкото учество во некакви историски дискусии.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
-Уништување на Бугарскиот полициски одред “бенковски“

Летото 1944 год. низ Тиквешијата крстосуваше т.н. ловачки полициски
одред “Бенковски“.Тоа беше дел од одлично екипираните полициски
сили што ги формира бугарската фашистичка полиција со единствена
задача да ги гони партизаните и да го тероризира населението во чија
близина се пријави макар и сомневање за нивни престој.Во овој одред
беа се крволоци и испробани фашистички џелати кој имаа специјален
статус со неограничени права. Таков беше одредот “Бенковски“ кој
каде ќе се појавеше носеше пекол.Секој што ќе му се стореше
сомнителен, полицајците од одредот веднаш го убиваа на лице место.
Ако не им се излезеше во пресрет на нивните барања за што и да е, ги
палеа селата,убиваа и мачеа.Тиквешијата проплака од овој одред.
Селаните масовно почнаа да одат во партизани.Тие го обавестија
штабот на 2МУБ дека одредот “Бенковски“ е утврден под селото
Стрмашево на едно ридче.
-Ноќта помеѓу 11 и 12 јуни 1944 год.на третиот битолски батаљон му
беше доверена задача да го нападне ова место.Кога го насетија
приближувањето на партизаните,полицајците ги пуштива дресираните
полициски кучиња и започнаа да пукаат во правец на шумот во ноќта.
Борците одговорија со истрели. Борбата почна.Митролеските рафали
го параа небото,а детонации од бомбите далеку се одгласуваа.
Се водеше жестока борба ,на живот и смрт.Со “јуриш“ борците ги
освоива првите позиции што ги држеа полицајцитеа овие мораа да се
повлекуваат.Се загнездија во своето последно упориште-ископаните
ровови од каде од сите страни косева со огин.Исходот на оваа борба
го реши еден митралез од партизанската единица кој изби од страна
нешто повисоко од непријателското утврдување.Предната страна поради рамниот терен беше оневозможена за ефикасна борба поточно
тоа беше една нива со “рж кој допираше до колена на борците.Така од
другата страна борците се најдоа над рововите на избезумените
полицајци кој паѓаа како снопје.
-Во 8 часот на 12 јуни одредот“Бенковски“ веќе не постоеше. Наполно
беше уништен.Само во рововите и околу нив се наоѓаа 27 мртви
полицајци.Тројца мртви беа најдени недалеку во реката.Некој сепак
иако ранети успеаја да избегаат кон Неготино како и командантот на
одредот кој подоцна е ликвидиран.
----------------------------------------------------------------------------------------------
-Загинувањето на Коце Стојановски - Металец
Оваа борба беше фатална за Коцета. При крајот на борбата во моментот кога борците се наближуваа кон рововите на полицајците
за да им го зададат последниот удар, Коце држеше позиција зад едно
кое со својот среден обим не можеше да биде сигурна заштита од
снопот куршуми што во тој момент беа насочени кон тоа место.
Куршумите го погодија во карличните коски од двете страни и во
градите и при повторно експлодирање, бидеиќи беа дум-дум, отворија
големи рани.Коце падна како покосен.Беше смртно погоден.Борците
притрчаа да му помогнат но тој веќе беше нем и без знаци на живот.
Во оваа борба загинаа уште неколку борци-партизани.
-Елена, партизанка од Егејска Македонија
-Владо Кантарџиев од Ѓевгелија.
-Еден Италијанец во состав на 2МУБ.
-Кица Христова од Битола.
Имаше и десетина ранети,некој подлегнаа на раните подоцна.
Загинатите беа погребани со големи почести во нивата со“рж под
меѓата каде што загинаа.Но бугарската команда разбра дека меѓу
убиените борци е и овој истакнат револуционер,па од ова место го
преместува на друго, за да неможе подоцна да се најде и величи.
-Меѓутоа,во мај 1945 година ,сепак е најдено телото на херојот.
-Во состав на 2МУБ Коце не е сам.Тука е и неговата другарка,
сопруга само во друг батаљон.Како партизанка и таа загинува 25 дни
пред неговата смрт,тешко ранета таа е провалена кај бугарските
фашисти,овие ја наоѓаат и ја убиваат т.с. целата ја искасапуват.
ВЕЧНА ИМ СЛАВА на овие наши јунаци.
Во сите книги за 2МУБ,го има опишано истоветно овој настан.
Извор: Архив на Скопје- книга седма
Коце Стојановски Металец-Скопје 1973г.-автор Љ.Апостолски
----------------------------------------------------------------------------------------------
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Ако Тито го организирал отпорот во Македонија, тогаш кој ги организирал Бугарите да бидат окупатори?
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Ако Тито го организирал отпорот во Македонија, тогаш кој ги организирал Бугарите да бидат окупатор
Овие двајца муфлузи
Браќа по крв, верни до смрт на својата идеологија
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Криво ми е што во нашите школи не се учи историјата добро.. Во америка треба на памет да ги знаат прецедателите кај знас ни годините не не учат.. Вакви борци заслужуваат повеќе од една биографија.. БРАВО ЗА ХРАБРОСТА !!
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Ако наместо да пишуваш глупости земеш да прочиташ малку, ќе разбереш дека 65 години ви полнат главите со лаги.
Гледам уште не можете да се сомете од оралката на Хитлер.Ништо чудно што уште страдате од шизофренија.

Патем,дали истото им го кажуваш на евреите?
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Ке ве молам , почовечки со" нашите" од другата страна на границата , доста им е едиповиот комплекс , не треба уште сол на отворени рани.
Инаку , премачкувањето со фарбите на г-дина Милетич е само ставање на мевлеми на рак -рана што не заздравува.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
-да го пресечам бош муабетов темата е Бугарските зверства

----Теророт И Зверствата Во Долно Јаболчиште
-Во средината на октомври 1942 год.селото Долно Јаболчиште беше
блокирано од бугарската фашистичка војска,агенти и полицајци што
беа во Велес.Сите селани од најмало до старо беа собрани на сред
село.Од нив се бараше да кажат каде се партизаните. Устите на
селаните немееја. Окупаторот почна со претепување и терор.
Селаните храбро се држева.Не се најде ни еден предавник, тие
добро знаева кој се партизаните, а кој се овие зверови тука.
-Тогаш бугарските крволоци почнаа да колат. Пред сите селани.
-Го одвоива од насобраните на сред село Изет Љатиф Феизов,
и пред очите на неговиот син Асим почнаа да го масакрираат, но
Изет молчеше. Му ја пресекоа едната нога и ја врлива во плевната
запалена од крвниците.Изет пак не кажа ништо-молчеше.Најпосле
го убива. На исти начин овие зверови тој ден ги убива.
-Беџед Мустафов. Шукри Мемедов. Јусуф Мамулов. Расим Абазов.
-Абас Мамулов. Битула Мустафова. Девер Исафов.
-Додека ја мачева и колеа Битула, која ништо не предаде и не кажа
за движењето на партизаните, бугариштава го земаа нејзиното мало
дете и пред нејзе почнава да го колат само да ја натераат да признае,
во тоа не успеава.Мачењето беше страшно,некој селани беа осакатени.
Детето рането ,селаните потоа го земаа и го излекуваа.
-Никој од Долно Јаболчиште не стана предавник.
--------------------------------------------------------------------------------------------------
За зверствата, напишав порано ќе треба години да пишувам.
Ама бугариштана и сега отаде граница по толку време никако
да признаат и сватат која е вистината и каков бил односот на
тие нивни “ослободители“ кон мирното Македонско население.
-Кажуват во борба ако не убиеш ќе те убијат.Итие држат пушка и сл.
Па м.....ваша овие ли селани држева пушка, овие ли сакаа да убиват
.....или во Тиквеш во село Шивец ,заклаа четири татковци-родители
на партизани неможејќи нив да ги најдат, и уште илјада вакви случаи.
Па тие исто л...о беа и таму во Бугарија фашисти до гуша и таму
колеа,бесеа и мачеа се што беше напредно и на правата страна против
фашизмот.Фашисти беа до последен момент верни на цара и Хитлара.
Убиваа и тие две недели во неутралност без бориза 3 германчов.
Во село Баталија софиско,беа исекле неколку глави од убиени
партизани во борба кај тоа село,па потоа ги набиле на колци и ги
наредиле на автобуската станица Реброво. Тоа беше врв на фашистите
бугарски и нивното нечовештво тие денови што можеа да го изведат
а незнаеијќи на која страна да се завртат.Се уште се колнеа во фашизмот така биле задоени од цара иако веќе борбата беше загубена.
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Теророт на Бугарите врз македонскиот народ 1915 г.

Со судирот на силите на Антантата и Централните сили во Македонија создаден е т.н.р “македонски фронт” на кој пак од борбите настана уништување на целокупно природно и национално богатство на Македонија.

Македонскиот народ е изложен на чести реквизиции на храната и добитокот, мобилизации и од судрените страни, пљачки и терор.

По дефинитивното завземање на Македонија, Бугарите уште пожестоко продолжуваат со се ова. Забележано е дека од селото Маково, Бугарите го одземаат сето жито, го реквирираат целиот добиток (околу 2 000 грла) за кој првично почнуваат да плаќаат по 5-10 динари на грло но подоцна од сето останато ништо не плаќаат .Особено покрупниот добиток-воловите, коњите и магарињата кои ги одземаат и ниту плаќаат ниту даваат било каква признаница, што ќе им стане пракса. Очигледно првичното плаќање било со намена да изгледаат како ослободители на “Б`лгарите од Македонија” кога сеуште е несигурна ситуацијата, но подоцна кога заседнуваат и дефинитивно се однесуваат како окупатори.

Во однос пак на теророт Бугарите покрај своите свирепи полициски сили врбуваат и некои комити и арамии со свои орди на кои им даваат неограничена власт над селата. Треба да се држат во страв па тие се и кметови како комитата Ѓорѓи Мијак од Брник кој врши многу убиства што сам што заедно со Бугарите .
Но и ова како да е малку па за да се доисцади секоја пара од Македонците, Бугарите внесуваат голема скапотија на сите прехрамбени артикли и не може да ги купи ниту богатиот ниту сиромавиот.

Ѕверското лице на Бугарите ќе се и виде при отстапувањето од позициите зад р. Црна на позицијата “Чуки“ кога наредуваат евакуација во најкус рок на селата: Полог, Ивени, Старавина, Градешница, Груништа и Будимирци а да земат само најнеопходно. Но штом жителите ги напуштаат куќите Бугарите тргаат и со коли изнесуваат жито, покуќнина и добиток, оставајќи само голи ѕидови. Штом отстапуваат од овие села, Бугарите почнуваат да ги уриваат со топови и да ги палат од ред, убивајќи масовно жени, старци и деца кои од бегството се враќаат дома.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
-да го пресечам бош муабетов темата е Бугарските зверства
Ме потсети на една грозоморна случка од нашиот крај...

"Нашиот народ и во Струмичко ги виде "ослободителите" со нивната вистинска физиономија. Уште од првите денови тие започнаа со блокади и претресувања на градот и селата, а под изговор дека бараат оружје. Целта на овие претреси беше да се опљачка она што се може и каде што се може. Бил претепуван секој оној кој на каков и да е начин се обидувал да противречи.

Селаните од село Сушица најдобро ги запомнија "ослободителите" и тоа уште во април 1941. При влегувањето на бугарската војска во селото биле опљачкани повеќе куќи и поголем број селани. Еден бугарски војник, на селскиот оџа Ибраим Мустафа му го дигнал и саатот од џебот. Кога оџата отишол да се жали кај бугарските офицери и го посочил војникот офицерите го избркале, тврдејќи дека тој војник не бил во селото Сушица. Вечерта војниците и старешините од "8 рота" на 14 полк, дошле пак во Сушица, упаднале во куќата на оџата и неколку други турски куќи, заедно со кметскиот намесник, поставен само неколку дена пред тоа, дигнале се што нашле и убиле шестмина души Турци сосе оџата.

Освен тоа, бугарските војници ги силувале жените и ќерките на убиените, а потоа им ги изгореле куќите. Во оргиите на бугарските војници, тие раниле и еден свој војник.

Окупаторите го искористиле тоа и пред населението го прикажале случајот дека биле божем нападнати од селаните, меѓутоа народот од Сушица и околните села, ја знаеја вистината. Сите убиени од Сушица биле познати како многу поштени и работни луѓе."

http://www.scribd.com/doc/55401123/Манол-Пандевски-Ѓорѓи-Стоев-Трнката-Струмица-и-струмичко-низ-историјата

Добро е опишан и "срдечниот" пречек на "ослободителите".

.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Многу нормално. Бугарската политика била „или ќе бидете бугари или ќе умрете“. Виделе дека бугаризацијата тешко оди поради јакнењето на националната свест и преминале кон планот Б - истребување на македонците овојпат не со претопување и асимилација туку со крв!
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Македонците уште во првите месеци од бугарската окупација во Втората светска војна започнале да се организираат за национално ослободување. На 22 август 1941 г. беше формиран првиот партизански одред а на 11 октомври 1941 беше кренато Македонското востание против бугарската окупација. Илјадници Македонци загинаа во борбите со окупаторите а стотици беа затворени по затворите и логорите. МАКЕДОНИЈА НЕ ЗАБОРАВА!!!

http://www.youtube.com/watch?v=LQE1GMuOEz4&feature=player_embedded

Слава на сите македонски борци кои ги дадоа животите за протерување на бугарскиот, италијанскиот и германскиот окупатор и нивните колаборационисти. МАКЕДОНИЈА НЕ ЗАБОРАВА!!!
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
..........................Мртвите паѓаа врз мене............................

...Црниот автомобил потоа се упати кон “Пуста Кула“.По него продолжи
и камионот.Тоа секако, значеше дека нашите џелати мислат на најлошото.
-Во камионот почнавме да се простуваме меѓу себе.Тоа го правевме само
со погледи.Во еден миг почуствував дека човекот до мене ме натиснува
-“Јас сум Панче Пешев, од Куманово“.слушнав шепот. Дури тогаш подетално го разгледав.
-Душан Димитровски, кој седеше до мене од другата страна,исто така со
шепот ми се обрати:
-“Шоферот на камионот е велешанец“.Сакаше уште нешто да ми каже
меѓутоа камионот се занесе и го одмина црниот автомобил и потоа запре.
-Над нашите глави се пронесоа истрели и провокаторски извици:
-“Бегајте, нападнаа партизаните“.
Бевме збунети и сите почнавме да се натегнуваме, бугарските полицајци
да не исфрлуваат од камионот и да пукаат во нас.
---Се случи нешто неверојатно.Истрелите не ме погодива,а тоа го доживеа
и Панче Пешев и Душан Димитровски,додека другите другари паѓаа мртви
врз нас.Чусвтвував дека нешто топло лази по моите образи и знаев дека е
тоа крвта на загинатите другари.Не верував дека сум жив.
---Настана тишина.Ноќта бргу се спушташе.Се придигнав и ги забележав
фаровите на камионот и во оваа цепнатина на силно светло ја здогледав
Камка. Ја водеа, кон ровот каде што лежевме а потоа се слушнаа истрели.
Ја убија и Камка.
---Слушав тупот на чизми. Молчев и се преправав дека сум мртов,чекајќи
да се случи нешто што ќе ми го спаси животот.Но надежда брзо ме напушти.На грбот почуствував чизма.Полицајците ги превртуваа труповите и повторно стрелаа во нив.Еден од нив ме гибна ,ме преврти но ме остави.
---Ноќната тишина наеднаш ја распука викотница.Тоа полицајците
стрелаа и викаа по некого.Се придигнав и забележав дека Душан
Димитровски исто така е жив и дека се обидува да се стрча кон шумата.
За жал се препна и падна .Полицајците го стигнааа и со кундаците му
ја разбија главата...Тој залудно викаше.
---И додека тие зверови се пресметуваа со него,се придигнав и потрчав.
Забележав дека некој трча по мене.Дури подоцна разбрав дека е тоа
Панче Пешев и дека ние двајцата сме единствените преживеани на овој
злосторнички настан,чии актери беа бугарските полицајци и агенти...
------------------------------------------------------------------------------------------
-Во чест и сеќавање на стреланите наши синови и ќерки учесници во
НОВ на ден 14 септември 1942 год.во месноста “Пуста Кула“ каде
има и спомен обележје над патот кога одите од Велес кон Скопје.
-Кога поминувате таму ,застанете на кратко и посетете го ова место.
-----------------------------------------------------------------------------------------------
од книгата . Скопје во НОВ 1941- 1945 том 1 книга прва
зборник на сеќавања-Мртвите паѓаа врз мене. Раде Бурчевски од с.Рудник
 

Kajgana Shop

На врв Bottom