Д-р Стефан Влахов Мицов е професор на Филозофскиот факултет на Софискиот универзитет, претседател на Сојузот на слободните писатели во Бугарија.Покрај другото тој на прашањето дали постои македонски шовинизам вели дека одговорот би бил потврден доколку Македонија по примерот на своите соседи би претендирала за територии, за оние на кои владеел Александар Македонски,како што прават бугарите со територијалната носталгија од времето на цар Симеон или Иван Асен, или пак грците, коишто трзаат по Византија.
Всушност, македонците се еден од ретките народи чие што име и географски, и морално е заштитено.
Кај србите комплексите произлегуваат од многобројните неуспешни воени авантури, ...Грчките комплекси се сврзани со некогашна Византија и античка Македонија,но сериозни проблеми возникнуваат од фактот, дека императорите не им били од грчки производ, туку од ромеи, славјани, арменци ...Бугарите пак се соочуваат со проблем за сопствена идентификација. За разлика од македонците, коишто много јасно се определени како народ. бугарите се уште се колебаат меѓу траките, мизијците, хуните, славјаните и другите прабугарски племиња. Ниту еден друг народ в Европа нема толку противречни теории за своето потекло и тој хаос ги потхранува политичките аспирации во духот на поговорката: “Во секоја манџа мерудија“.
Затоа и бугарскиот народ, исто како србите и грците, заради слабоста на сопствените политички елити многу често се свртува кон туѓи духовни богатства и истории.