Бугарскиот терор , сведоштва , статии .....

A

anaveno

Гостин
Хм, този бисер с'м го пропуснал. Би ли ми разказал нешто за тези етноси, че нешто не с'м ги чувал? Ако искаш почни с каз'лбашите - от к'де идват, как'в език говорјат, к'де живејат сега и т.н.
Aјде бе. Eве:

" Извршеното за првпат пребројување во кнежеството Бугарија во 1880 год., одеднаш ги направи смутени дури и ГОЛЕМИТЕ НАШИ ИСТОРИЧАРИ, како Иречек, Марин Дринов, бидејќи пописот покажа дека на местата, турското население се јави групирано и тоа во ГОЛЕМА НАДМОЌ спрема Бугарското". (и на следниот по ред попис слични резултати)."

Г.Т Данилов, Иследванија врху демографијата на Блгарија.Сборник на БАН,кн.24,дел 3 ,Софија,1931, 385.


Плус...


Л. Милетич, "Наинови иследванија по етнографијата на Гагаузите. ПС, кн.26, св.3-4, Софија, c. 259.


Плус...


Шкорпил и Н. Начов во отчетот на Варненската гимназија од 1898 год...


Каква е денес сликата - ако се издвојат Турците, Македонците и сите други малцинства - КОЛКУ БУГАРИ ЌЕ ВИ ОСТАНАТ ????
Пpав бил Ив. Дујчев - ("Славени и првобугари.ИИБИ, БАН, 1-2, Софија, 1951 год., 191):

" НИЕ НЕ ГО ПОЗНАВАМЕ ПРОЦЕСОТ НА ИЗГРАДУВАЊЕТО НА НОВАТА БУГАРСКА НАРОДНОСТ СО СИТЕ НЕЈЗИНИ ДЕТАЛИ,
во неговата внатрешна и надворешна страна. "

Kога ќе дознаете, јави ми. и четај татаро-монголските автори кои ти ги набројав.
 
Член од
9 март 2007
Мислења
1.264
Поени од реакции
218
ште повторја в обшти линии това което модератор'т изтри.
Каз'лбашите са ислјамска религиозна обштност сред малка част от б'лгарските турци, а не етническа група както писа анавено, т. е. за пореден п'т тој допуска елементарни грешки.
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.233
Поени од реакции
303
Atila: не се прави луд, управо за тие Турци и Турки ти зборуваат Данилов, Начов, Милетиќ, итн.

И сходно останува прашањето: кога ке ги тргнеш Турците, Македонците, и останатите националности, колку "Бугари" ќе останат?

Па спори со Дуjчев де, .....

"НИЕ НЕ ГО ПОЗНАВАМЕ ПРОЦЕСОТ НА ИЗГРАДУВАЊЕТО НА НОВАТА БУГАРСКА НАРОДНОСТ СО СИТЕ НЕЈЗИНИ ДЕТАЛИ, во неговата внатрешна и надворешна страна. "
Kога ќе дознаете, јави ми. и четај татаро-монголските автори кои ти ги набројав.

P.S. Варненскијат рајон през времето на средновековието.
П'рвото б'лгарско царство VII–XI в.

...В едно от староб'лгарските селишта в Девненската низина е открит уникален модел на праб'лгарска јурта.



JУРТА:








 
A

anaveno

Гостин
Како Бугарите "учествуваа“ во ослободувањето на Скопје

Јордан Цеков-Дане

Александар Јорданов во размислувањата, меѓу другото, тврди и ова: "За време на средбите на македонското и бугарското раководство бил постигнат договор и братско разбирање во ослободените градови во Македонија и во Скопје најпрво да влезат борците на партизанските одреди" само поради тоа "поколенијата да ги чуваат спомените за хероите, а улици, плоштади и училишта да ги носат нивните имиња".

Во право е господинот Тодор Чепреганов кога го тврди (Т.Ч. "Бугарија да се извини наместо да бара благодарност", "Утрински весник", 15.12.2004) следново:

"Тезата дека бугарските војски ги ослободувале градовите, а само поради договорот со македонските единици им било овозможено да влезат први, исто така, е измислица и не е добронамерна".

Во прилог на тврдењето на господинот Тодор Чепреганов, наведувам валидни факти. Таков договор не постои, бидејќи партизанските одреди не влегуваа во градовите, туку партизанските бригади на НОВ и ПО на Македонија водеа борби против бугарските окупатори (Кратово, 7 септември 1944) и против германските окупатори и во тие борби ги ослободуваа градовите. На 8 ноември 50. дивизија го ослободи Штип, а потоа во Штип влезе бугарската војска, на 9 ноември 3. и 8. македонска бригада го ослободија Велес, а потоа во Велес влезе бугарската војска, на 11 ноември 17. Македонска бригада го ослободи Куманово, а потоа во Куманово влезе бугарската војска, на 13 ноември 3. и 12. Македонска бригада го ослободија Скопје, а на 14 ноември, наутро, еден бугарски полк беше спречен да влезе во ослободено Скопје.

Во оваа статија станува збор како 3. македонска ударна бригада, чиј командант бев јас, спречи еден бугарски полк да влезе во ослободено Скопје.

По 60 изминати години, во свежо сеќавање ми остана еден значаен настан што се случи по полноќ, утрото и до пладнето на 14 ноември. Кога уличните борби за ослободувањето на западната половина на Скопје привршија, германските окупатори, вечерта на 13 ноември, дефинитивно, го напуштија Скопје. Со паѓање на мракот, западната половина на Скопје целосно беше ослободена од 3. и од 12. македонска бригада, освен Учителската школа во која се уште се бранеше една група германски војници.

Штабот на 3. македонска ударна бригада се наоѓаше во една голема канцеларија на поранешната бугарска фашистичка обласна полиција. Преку баталјонските курири беше пренесена наредба баталјоните да се обезбедат, а 2. баталјон доби задача со една чета да го мине железниот мост што води за Бит-пазар и да се постави во реонот на Воената болница (денес Скопски саем).
Скопје беше во мрак.

Понекогаш ќе се слушнеа пукотници од пушкомитралези од насока на Кале и касарните на качаничкиот пат и потоа сe ќе се смиреше. Од голема радост дури и не се спиеше, но сепак сонот го бараше своето. Некаде околу три часот наутро ме разбуди курирот на 2. баталјон. Курирот ме извести дека нашата чета кај Воената болница се сретнала со бугарски војници. Бугарските војници се вратени назад кај Кумановска трошарина (сега хотел "Континентал").

Кога курирот ме извести дека нашата чета се сретнале со бугарските војници, се сетив на големата лага што на 9 ноември, откако 3. и 8. македонска бригада го ослободија Велес, во една куќа, каде што престојуваше Штабот на бригадата, вечерта слушавме Радио Софија и имавме и што да чуеме.

Радио Софија објави вест дека бугарската војска го ослободила Велес, а бугарската војска на 9 ноември беше во реонот на Штип. Таа голема лага беше причина да донесам одлука да им се забрани на бугарските војници да влезат во ослободено Скопје и да бидат вратени кај Кумановската трошарина и Автокоманда.

Во духот на таквата одлука, му наредив курирот:

"Кажи му на командантот на баталјонот, Боро, со две чети да стигне кај Воената болница и Кумановската трошарина и да забрани бугарските војници да влезат во Скопје. Ако некои сакат да продолжат, со закана на оружје да ги врати назад".

По повеќе од еден час курирот дојде во Штабот на бригадата и ме извести дека командантот Боро ја извршил наредбата и една бугарска единица околу 50 војници е спречена да влезе во Скопје и чека кај Кумановска трошарина.
Така ги дочекавме раните утрински часови на 14 ноември. Околу шест часот јас, политичкиот комесар и началник на Штабот со коњи тргнавме да видиме што се случува кај Воената болница и Кумановска трошарина. Кога пристигнавме на означеното место, имавме што да видиме: бугарските единици пристигнуваа кај Кумановска трошарина и Автокоманда и беа принудени тука да чекаат, 2. баталјон ги запираше бугарските војници и не им дозволуваше да влезат во ослободено Скопје.

Во таа ситуација, кога гледавме како 2. баталјон ја извршуваше борбената задача, еден бугарски офицер се доближи до нас тројцата и гледајќи како куририте ги држат зад нас коњите, претпостави дека сме раководители и налутено праша:

"Кои сте вие што забранувате да влеземе во Скопје"?

Бидејќи не ги разликувавме чиновите на бугарските офицери, а искрено речено немавме респект спрема бугарската отечествено-фронтовска војска, а особено огорчени од лажната вест на Радио Софија дека бугарската војска го ослободила Велес, наместо одговор, му упатив прашање:

- А кој си ти?

- Јас сум полковник Попов, командант на полкот.
Зошто забранувате да влеземе во Скопје?

- Ние тројцата сме командант, политички комесар и началник на Штабот на 3. македонска ударна бригада и ви наредуваме да не влегувате во Скопје се додека не добиеме наредба од Штабот на дивизијата да можете да влезете во Скопје.
Наредбата е јасна и според неа треба да постапите, реков јас.

- Знаете ли вие дека нашите војници маршираа цела ноќ и треба да се одморат.
Зарем тука на оваа влажна земја на улица да се одмораат?

- Наредбата е јасна и ни чекор напред кон Скопје додека не стигне наредба да можете да влезете.
Инаку, може да биде лошо, додаде политичкиот комесар.


Нашите одговори беа решителни. Бугарскиот полковник сфати дека неговите војници не можат да влезат во ослободено Скопје. Зад нас беа борците на 2. баталјон со оружје в раце. Наредбата ниту еден бугарски војник да не влезе во ослободено Скопје беше доследно извршена. По извесно време, поточно околу 9 часот, командантот на бугарскиот полк од нас побара согласност да влезе во градот и во Штабот на дивизијата да преговара за сместување на војниците.

По кус договор, тројцата се согласивме тој со нас да тргне и да му овозможиме да стигне во Штабот на дивизијата. И така полковникот Попов, единствено лице на бугарската отечествено-фронтовска војска, во седлото на коњот влезе во ослободено Скопје. Сите четворица на коњи се упативме кон зградата во која привремено се наоѓаше Штабот на бригадата. Кога стигнавме, бугарскиот полковник го оставивме надвор да чека, а потоа, со наш курир, на кого му дадовме коњ, го испративме во Штабот на дивизијата.

За тоа време во реонот на Кумановска трошарина 2. баталјон и бугарскиот полк стоеја и натаму едни спроти други. Во реонот на Автокоманда пристигнуваа и други единици на бугарската отечествено-фронтовска војска. Како пристигнуваа така и беа запирани да не влезат во ослободено Скопје. Наредбата да не влезат во Скопје Штабот на 2. баталјон и борците ја извршуваа решително, без оглед што мислеа командантите на бугарските единици.

Кон пладне, Штабот на 42. дивизија на Штабот на 3. македонска ударна бригада, преку курир, му издаде наредба која гласеше: "На бугарска војска Ј се дозволува да влезе во ослободено Скопје заради сместување. Одобрена насока за влегување во градот е Кумановска трошарина - Бит-пазар - Топаана - касарните на Кале и качаничкиот пат. Секое движење на бугарската војска преку мостовите строго се забранува."

Наредбата на Штабот на дивизијата целосно беше извршена. Бугарската војска тргна од Кумановска трошарина и преку Бит-пазар стигна во касарните на Кале и на качаничкиот пат и се смести да се одмори и да престојува.

Така бугарската отечествено-фронтовска војска "учествуваше" во ослободувањето на Скопје.

Вечерта на 14 ноември, борците на 3. и на 12. македонска бригада, кои го ослободија Скопје, беа вчудовидени: Радио Софија објави вест дека Првата бугарска армија го ослободи Скопје.

Може да се претпостави колку големо беше нашето огорчување. Поради оваа голема лага, Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија упати протест до командантот на Првата бугарска армија и бараше Радио Софија да ја демантира оваа вест. Радио Софија не објави демант.

Бугарските историчари во многубројни написи изнесуваат дека Првата бугарска армија го ослободила Скопје. Таа голема лага и изнесена и во учебникот "Историја на Б'лгарија за X и XI клас на општообразовните трудовополитехнически училишта, стр. 391, издадена од државјото издателство "Народна просвета", Софија, 1976 година. Автори на историјата се член-кореспондент професор Александар Колев-Бурмов, академик Димитар Константинов Ќосев и академик Христо Ангелов Христов.

За ослободувањето на Скопје и бугарската ОФ војска нема испукано ниту еден куршум. Со лагите се служат само оние на кои им е туѓа историската вистина. Ослободувањето на Скопје е дело на борците на 3. и 12. македонска бригада од 42. дивизија и на 16. македонска бригада на кумановската дивизија. Со нивното дело се гордее македонскиот народ.

(Авторот беше командант на Третата македонска ударна бригада)

денес му е денот..
 
Член од
22 јули 2007
Мислења
438
Поени од реакции
1
Мене моите, старите, ми имаат кажано дека партизаните или како што ги нарекуваат “нашите“ го ослободувале Скопје. Во “нашите“, “партизаните“ никогаш не ги вбројувале и Бугарите.
 
A

anaveno

Гостин
Мене моите , старите , ми имаат кажано дека партизаните или како што ги нарекуваат “ нашите “ го ослободувале Скопје . Во “ нашите “ , “ партизаните “ никогаш не ги вбројувале и Бугарите .
?????????????????????????????????????????????????
?????????????????????????????????????????????????
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
265
Поени од реакции
18
mozda ne e za na temva ama ke vi kazam sto mu se ima slucuvano na dedo mi za vreme na vtora svetska vojna! nie sme makedonci cela familija od pamtivek i dedo mi za razliki od nekoi svoi sovremenici zneal deka e potomok na aleksandar i tokmu za toa pocinal prilicno mald! za vreme na vojanata prvo bil sobran da se bori za kraljevina jugoslavija no toj ne se cuvstvuval za srbin nti pak za za cetnik pa gledal samo kako da izbega, a ne bil samo toj so takvi cuvstva pa zaedno so uste nekolku makedonci od ohridskiot kraj go likvidirale komandantot na cetata i dezertirale.

no tie bile daleku od doma nekade okolu hrvatska trgnale na dolg pat za doma, za makedonija na pola pat gi vikale srpski partizani za da se borat za osloboduvanje od fasitite, dedo mi samo so edno-ne gi odbil deka znael deka na srbite ne im e dojdeno do makedonija i do nezjino osloboduvanje.

koga stignale vo makedonija neznam tocno vo koj grad gi sobrale i gi viknale bugarite da se borat so niv za osloboduvanje na 'tatkovinata' tie sto gi odbile bugarite gi naredile vo kolona i sekoj vtor go strelale, za sreka dedo mi bil vo polovinata koi gi pustile vo logor vo bugarija.No i od tamu uspeal nekako na izmama da izbega i posle dolgo vreme se vratil doma, vo ohrid, makedonija.

i na kraj koga zavrsila vojnata i koga se sredile rabotite na dedo mu bilo sudeno od strana na komunistite poradi separatizam i bil staven zaedno so ostanite patrioti na nekolku godini zatvor, pa koga go pustile posle teski izmacuvanja veke ne mozel da se oporavi i pocinal posle nekoj mesec!!!!

A DEDO MI NE BIL EDNISTVEN IMA MNOGU NASI PATRIOTI KOI BILE IZMACUVANI I UBIVANI OD STRANA NA NEPRIJATELITE NEZAViSNO DALI BUGARSKI SRPSKI ILI GRCKI! ZATOA NE SAKAM NI DA POMISLAM DEKA SME GRCI BURAGI ILI SRBI, A VO NIKOJ SLUCAJ DA SLUSNAM NEKOI PROPAGANDI!
 
Член од
1 февруари 2007
Мислења
183
Поени од реакции
0
Deka se naogja toa lager vo Bugarija mi e bas interesno po vremeto na Vtorata svetska vojna?

Nekoj istorij se malko sci-fi. I tuka site veleha deka se borili protiv fasizmot ama poveketo od tie luge bea obicni seljani i samo sakaa nesto bonus da zemat od komunistite.
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.142
Поени од реакции
10
Bо Бугарија се присвојува се што е Македонско, дури прават фалсификати на цркви и гробници, демек нивни биле.
Jас нема да ги разубедувам, тоа е нивно право. Cекој има право да живее во заблуда , па и Трајанциве. Bеќе станува бизарно ова натурање од сите Македонски предавници .

ЈАСКА ДЕТЕ НА МОДЕА КОЈА НИ ГО ДАДЕ МАКЕДОН И БОГОВСКАТА МАКЕДОНИЈА ИМ БЛАГОДАРАМ НА СИТЕ БОГОВИ КОИ СЕ БОРАТ ЗА ВИСТИНАТА.
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
87
Добро зошто да се лажеме дека сме пријатели и добри соседи. Ако велите дека нема терор врз македонците во Бугарија дајте им партија и права. А не само шпиунирате и кој се изјасни како Македонец автоматски останува без работа и е обележан за цел живот. Ама најсмешното е тоа што се плашите од малцинствата. На телевизија гледам баба македонка дошла да положи цвеќе и испее песна за македонските револуционери, а околу полно полиција да посматра кој ќе се доближи до споменикот. И после како да се изјаснат слободно луѓето. Истото се случува и во Грција. :lud:

П.С Само да ве прашам уште нешто. Ако се е идеално во Бугарија зошто им ги менувавте имињата и презимињата на Ромите и Турците ?
 

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
112
Ако се е идеално во Бугарија зошто им ги менувавте имињата и презимињата на Ромите и Турците ?
Досадно е. Не се гледа ПЛАНЕТА цел ден. Мора малце, да се живне блгарското фашизоидно.
 
N

n/a

Гостин
Сите знаеме дека вашата влада велеше до пред некое време дека не постојат малцинства во Бугарија и им забранувавте на Турците како и на нас да формираат партија.
Spored ustavot na R.Bulgaria zabraneto e da se formira partija,grupa,ili bilo kakvo zdruzuvanje na nacionalna osnova,zatoa sto site nejzini gragjani se bugari i takvata partija smesta ima za cel narusuvanje na ustavniot poredok i integritetot na bugarskata drzava,sto samo po sebe e krivicno delo.:pos2:
Do skoro...(nemam epten novi informacii) partijata na etnickite turci,DPS,nezavisno sto ucestvuvala vo skoro site vladi na Bugarija do sega...ne bese registrirana pred ustavniot sud.
Ova e samo edna mala varijabila od igrata na `demokratija` na nasite istocni sosedi.
Drugite delovi...:toe: ...pa gi znaete...silna propaganda i plasiranje na tezite,poluvistinite i `vistinite` za:
Bulgaria na tri moreta...:pos2:
Bulgaria...najstara drzava vo Evropa...:pos2:
Bulgaria...lulka na civilizacijata...:pos2:
Bulgaria...zemjata na bugarskite prosvetiteli Kiril i Metodij...koi sto posle toa stanale i seslovenski....:pos2:
kirilicata...e bugarska azbuka...:pos2:
makedoncite se bugari...:pos2: :pos2: :pos2:
Bulgaria e edinstvena drzava vo svetot koja sto osven so more...granici samo so samata sebe si...:pos2:

I taka natamu.(se iznervirav...dosta e i volku)
`Dobri`,`konstruktivni` i `fer` sosedi se bugarite...:jaj: ...nema sto.:pos2:
p.s Sekoj sto ja znae vistinata i javno ja kazuva...smesta stanuva srbin.
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.233
Поени од реакции
303
На 17-11-2006 како реакција на иницијативата на европратеничката од Холандија Елс де Груен и партијата на зелените во европскиот парламент по повод не регистрирањето на партијата ОМО - Илинден , главниот секретар на бугарската партија СДС и пратеник во бугарското собрание Иван Колчаков ќе каже :

“Нај-добријат модел за толерантност в Европа е б'лгарскијат
В'прос'т има ли македонско малцинство в Б'лгарија е риторичен. Не само че нјама, а и не може да има. ....“




Став и изјава кои можат да се разбере и како закана .

Не само што може да се окрарактеризира како закана, туку овие изjави СЕ закана. Зошто очигледно е дека татариве даваат изjави од калап. Значи не само што демек немало Македонци туку и "не можело да има" Македонци. Прочитав барем 4-5 такви изjави. Последното говедо кое рекло нешто слично е Jане Jанев од партиjата ОДС:



"Нјама, не е имало и не може да има македонско малцинство в Б'лгарија", категоричен беше јане јанев.
Както Република Б'лгарија п'рва в света призна с'штествуването на Македонија като самостојателна
д'ржава, така и те трјабва да признајат, че Б'лгарија винаги се е отнасјала к'м хората, живеешти в
Република Македонија изклјучително честно, почтено и последователно през последните 16-17 години,
независимо кој е бил на власт. Един ден, когато проблемите за разделението на Балканите б'дат решени
в Обединена Европа, те ште с'жалјават, че различните правителства в Македонија са имали през последните
години толкова неадекватна политика”.

http://www.focus-news.net/?id=n613893&chain=1
 
Член од
6 април 2007
Мислења
663
Поени од реакции
175
Арно ама Jане Jанев е од градот Сандански, Пиринска Македониjа.
 
Член од
26 март 2005
Мислења
237
Поени од реакции
89
Арно ама Jане Jанев е од градот Сандански, Пиринска Македониjа.
Да и за да направи кариера е потребно да биде голем македономразец! А токму во Сандански има голем број припадници на ОМО и други македонци што не се членови на ОМО. Оној е идиот што има проблем со реалноста.
 
На врв Bottom