Бугарскиот терор , сведоштва , статии .....

Член од
22 јули 2007
Мислења
438
Поени од реакции
1
документи , изјави ... се што е поврзано со бугарските притисоци , закани , уцени , закони .... донесени од страна на Бугарската дражава против македонските организации , против Македонците , македонштината.

Целта на темата не е да се оцрнат Бугарите или Бугарија, туку да се прикажат постапките и личностите кои имаат изразито антимакедонски пориви. Целта на оваа тема е е да се намали маневарскиот простор за големобугарската пропаганда и обидите кога сакаат Бугарија да ја представат како единствена која се грижи за Македонија и Македонците, тутор кој постојано војувал за слободата на Македонците и постојано ја помага истата.

Ова ќе биде место каде што ќе се трупаат аргументи дека за Бугарија како институција секогаш биле во прв план интересот на самата институција а Македонците или пак Македонија се средство за нивно остварување. Бугарштината како антитеза на Македонштината , вековни противници.


Александар Донски:

ПРОГОНОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО БУГАРИЈА ВО 19. ВЕК

За прогонот на национално свесните Македонци во Бугарија во 19. век. досега речиси никаде не е пишувано во бугарските публикации. Факт е дека огромното мнозинство бугарски публикации (весници, списанија и сл.), како и оние кои се во сопстевност на ВМРО од Софија, се плашат од објавување текстови со македонска национална содржина . Тоа е најголем доказ за нивната слабостаи за немоќта да ги одржат нивните хипотези во однос на потеклото на нивната нација .Лично имам изпратено понуда на ВМРО од Софија да објавам текст сo македонска национална содржина во некое од нивните списанија, но одговор немам добиено. Тоа ме мошне радува ,бидејки ми говори за нивниот страв од вистината , која колку и да се трудат , сепак, нема да можат да ја сокријат од своите читатели, посебно не денес кога информациите се достапни до јавноста повеќе од кога и да е . Но да се вратиме на нашава тема.

Теророт во Бугарија против Македонците во 19. век посебно бил засилен во времето на бугарскиот премиер Стамболов. Во јавноста се малку познати отворените антимакедонски дејства на овој бугарски премиер. За настаните од времето на неговото владееве, во 1902 година непотпишаниот Коста Шахов во в. Македонија меѓу другото сведочи: Во негово време во Софија се издаваше весник ,,Македонија". Штом редакцијата свика на собрание неколкумина од првенците меѓу македонската емиграција во хотелот ,,Конкордија" со цел да се покрене една поширока дејност, Стамболовата влада ги заплаши учесниците на тоа собрание со екстрадирање во Турција и им ја покажа дупничката граница преку весникот ,,Свобода".

Ги натера престолничките пожарникари да ја заплашуваат Редакцијата со растураве на печатницата и со тепање на редакторот, кое... се сврши so запењатуваве на печатницата по административен пат и со затворање на еден од соработниците на таа редакција. На крајот од 1889 година во Софија се формира ,,Македонска заемоспестовна каса".Тогашната влада и против неа ги пушти пожарникарите... Некои од членовите ги заплашија, го отпуштија прецедателот од Министерството за надворешни работи, ја разнебитија. Во продолжение е опишано и растуравето на Македонското благотворно друштво, како и забраната за одржување митинг на Македонците во Софија. Несудениот организатор на овој митинг бил уапсен и интерниран. Токму во тоа време група млади македонски интелектуалци во Софија формирале асоцијација што ја нарекле “Млада македонска книжовна дружина“ . Оваа Дружина понала да го издава списанието Лоза. Меѓутоа, и нивната работа била запрена од страна на експонентите на Стамболовата влада. Еве што пишува за нив во спомнатата статија непотпижаниот автор: Подоцна неколку младинци од студентите Македонци формираа Млада македонска книжовна дружина што почна да го издава списанието ,,Лоза". Владата на Стамболов презеде се за да ја убие и неа. Членовите на дружината ги прогласи за сепаратисти, еден од нив изпрати во прогонство во Луковит, двајца затвори во Софија, другите ги избрка и на тој начин дружината беше разбиена - ја уништија. "

Значи, бугарската влада била таа што ја уништила Младата македонска книжовна дружина во Софија, под изговор дека нејзините членови биле македонски сепаратисти. За теророт на бугарскиот премиер Стамболов против Македонците Коста Шахов пишувал и во 1905 и во 1910 година. Лозарите - македонски национални дејци од 19. век!

Сега предлагам да се задржиме на уште еден момент поврзан за Младата македонска книжовна дружина, чии членови биле познати под името лозари. Нивната национална определба е многу важна, посебно ако се погледне списокот на учесниците и соработниците во оваа литературна дружина. Меѓу нив се и имивата на: Гоце Делчев Даме Груев, Ѓорче Петров Христо Матов, Петар Попарсов, Иван Хахиниколов, Коста Шахов, Ѓорѓи Беласчев, Димит'р Мирчев, Христо Попкоцев, Караѓулев, Ѓорѓи Белев, Андреј Лапчев, Тома Карајовов, Н. Туфекчиев и други. Во јануари 1892 година Младата македонска книжовна дружина го објавува првиот број на својот орган Лоза и по неговото име целото движење го добива називот лозари. Гледаме дека најголемите имива на македонската револуционерна борба од крајот на 19. и почетокот на 20. век биле членови или соработници на оваа Дружина.

Меѓутоа, денешните големобугарски пропагандисти тврдат дека националното чувство на лозарите било бугарско, а како доказ за ова тие го приложуваат фактот што во некои од текстовите на списанието Лоза се спомнуваат и македонски Бугари. За да го разбиеме и овој пропаганден трик на денешната големобугарска пропаганда, ќе ги приложиме следниве факти. Како прво, треба да се земаат предвид веќе спомнативе услови во Бугарија, во кој било објавено списанието Лоза. Тоа е време на терор против Македонците од страна на бугарската влада на Стамболов. Македонците се прогонувани, апсени, интернирани и се забранувани сите нивни национални манифестации и други слични изблици на организирање. Во такви услови, оние Македонци што сакале да објавуваат статии за Македонија, единствено можеле да го прават тоа преку користевето на компромисниот термин “македонски Бугари“.

За да објасниме подобро за што станува збор, ќе направиме компаративен преглед со еден друг подоцнежen настан. Во времето на големосрпската окупација на Македонија, во кралска Југославија во 1935 година Македонците студенти во Загреб формирале свое друштво Вардар. Во рамките на ова Друштво по две години тие објавиле весник под наслов “Наш весник“. Во него биле објавени текстови и други прилози што исклучиво се однесувале за Македонија и за Македонците. Автори биле тогагшните истакнати македонски национални дејци: Кочо Рацин, Никола Ѓумуров, Христо Попсимов, Лазар Личеноски, Димит'р Ѓузелов, Александар Линин и други. Меѓутоа, поради добро познатите причини, во ниту една од статиите не се спомнати термините: Македонија, Македонци, македонски народ и сл. Тоа е сосема разбирливо, ако се знае дека тоа е времето кога во Југославија беснеел најстрашниот терор против Македонците.

Тоа е времето од само неколку години по убиството на кралот Александар, кога секакво спомнување на овие термини можело да има сериозни последици врз авторот.

Затоа, во замена за термините Македонија, македонски народ и сл., во овие статии се употребени компромисните термини: Повардарие, повардарци, повардарски и сл. Дури и повеќето текстови се напишани на чист српски јазик (освен неколкуте лични и народни творби). Сепак, и покрај ваквото компромисно и маскирно детерминирање на Македонците, и покрај српскиот јазик во статиите, “Наш Весник“ веднаш бил забранет од страна на големосрпскиот режим и тоа веднаш по излегувавето на првиот број. Значи, во “Наш Весник“ познатите македонски национални дејци (заради наведените причини) себеси се детерминирале како Повардарци! Па, зарем тоа значи дека тие и навистина се чувствувале како повардарци? Зарем и другите Македонци се повардарци, само затоа што во весникот така биле наречени Македонците? Кој нормален може и да помисли такво нешто? Ист е случајот и со Македонците од Егејскиот дел на Македонија . Таму, дури и денес се уште е забранета јавната употреба на етничкиот термин Македонци. Поради тоа, кога нашиот народ сака да ги потенцира своите национални разлики во однос на Грците, во замена за терминот Македонци, за себе го употребува компромисниот и маскирен термин “ендопи“ (што значи: тукашни). ....
 
Член од
9 март 2007
Мислења
1.263
Поени од реакции
219
На мен ми стига да видја само кој автор цитираш - Донски:pos2: :pos2: :pos2: .
 
Член од
22 јули 2007
Мислења
438
Поени од реакции
1
На мен ми стига да видја само кој автор цитираш - Донски:pos2: :pos2: :pos2: .
Секако, цитатите остануваат и ако пишува дека автор е Божидар Димитров ..... но разликата е што тој историчар тие цитати никогаш нема да ги искористи, а тоа значи дека ти нема да дознаеш за нив.
 
Член од
22 јули 2007
Мислења
438
Поени од реакции
1
Наполно иста била состоjбата и сo лозарите. И тие не смееле директно да го употребуваат терминот Македонци (а слично е дури и денес во Бугарија), па надеваjќи се дека нема да имаат проблеми сo тогашната бугарска влада (која тогаш ги прогонувал аМакедонците), го користеле главно компромисниот и маскирен термин македонски Бугари, и ако содржините на нивните статии биле сo чиста македонска национална ориентација.

Еден од доказите за ова е и нивното потпишување под псевдоними. Доколку тие и навистина си се чувствувале како Бугари и доколку го величеле бугаризмот, зошто би се потпишувале сo псевдоними и зошто против нив подоцна била крената толкава врева во Бугаријa? Конечно, некои членови или симпатизери на лозарите (К. Шахов, P. Попарсов, Д. Груев, К. Мисирков) подоцна изјавиле дека навистина лозарите имале двојна програма -- една за пред бугарската јавност, а другата -- за пред нивните истомисленици.

Тајниот Устав на лозарите бил однесен да се печати во Романија, но за несреќа изгорел заедно сo печатницата каде што требало да се отпечати. Да ја режимираме наведената компарација помеѓу лозарите и вардарците.. И едните и другите живееле и работеле во држави, чии влади ги прогонувале Македонците (кралска Југославија и Бугарија).

И едните и другите објавувале весници, во кој авторите на статиите се потпишувале сo псевдоними. И едните и другите од оправдани причини максимално ја избегнувале употребата натермините Македонци, Македонија, македонски народ и сл. И едните и другите, во замена за нив, користеле маскирни термини (Македонски Бугари, Повардарци и сл.), но и кај едните и кај другите темите и содржината на написите биле поврзани исклучиво за Македонија и за националните проблеми на Македонците.

Сепак, на лозарите (како ни подоцна на вардарците во Загреб) не им помогнало ниту маскирното маркирање како македонски Бугари, бидејќи набргу списанието им било забрането. Некои од лозарите биле уапсени, други биле избркани, а трети интернирани. Дружината им била забранета од страна на бугарската влада.

Подоцна некои од нив се вклучуваат во македонското револјуционерно движење, а некој и застрануваат по патот на туѓите пропаганди. Сепак, периодот на лозарите одиграл значајна улога во развитокот на македонската националн амисла на крајот од 19. век и подоцна.

Лозарите барале реставрација на античка Македонија Сега да видиме што конкретно пишувале самите лозари и зошто против нив била крената толкав аврева во Бугарија. Исто така, ќе видимеи што пишувале против нив тогашните бугарски весници. Ќе започнеме сo еден цитат од првиот број на самата Лоза :

Благодарејќи на последните политички настани на нашиот полуостров и географската положба на Македонија , денес таму се имаат собрано се возможни надворешни елементи, кој, во одужевени од своите планови и интереси, со сипувачки за нашата иднина, слободно и сo трескава енергија го засилуваат антагонизмот штои без тоа постој во земјата. Само еден силен отпор од наша страна може да не зачува од незаситните посегава... Тоа треба да биде стремежот на секој што се чувствува Македонец, каде и да се наоѓа тој.

Младата македонска книжовна дружина токму таа цел ја има предвид. Значи, повеќе од јасно е дека овој извадок се однесува за сите странски пропаганди во Македонија, па дури во него е употребен и терминот Македонец. За македонската национална дејност на лозарите сведочи и тогашниот бугарски официјален весник “Свобода“, кој често .....
 
Член од
5 јуни 2007
Мислења
890
Поени од реакции
9
Kako mislis kompromisen i maskiran termin "makedonski bugari"???
 
Последно уредено од модератор:
Член од
22 јули 2007
Мислења
438
Поени од реакции
1
Сака да каже, морале да измислуваат термини и изрази за да можат да печатат, да се искажат во Србија, во Бугарија затоа што зборот "Македонец", "Македонија" бил забрануван во тие држави.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
22 јули 2007
Мислења
438
Поени од реакции
1
“.... През лјатото на 1936 ......Думата “Македонија” се забрани и зачеркваше от цензурата, за да не се дразнели с'рбите. ...“

“Нова радикално-националистическа формација“ - РНБ , “Ратнически светоглед”,

http://bns.gvardia.net/content/view/333/63/
 
Последно уредено од модератор:
Член од
22 јули 2007
Мислења
438
Поени од реакции
1
Во 1923 год., обесен е во центарот на Горна Џумаја - Благоевград внукот на Гоце Делчев :

“... Когато научава за обесените септемвријци на плоштада в Горна Джумаја, тој остро ос'жда изв'ршените убијства. Сред жертвите е и Тодор Чопов, племенник'т на Гоце Делчев. ...“
 
Член од
22 јули 2007
Мислења
438
Поени од реакции
1
Во 1922 год. во весникот “ Политика “ , премиерот на Бугарија за српските весници ја дал следната дефиниција за Македонците :

“... Но нашите Македонци посебно убав комплимент дојде од г. Стамболијски : дека во нивната крв се наога се што е најлошо од крвта на Србите , Бугарите , Грците , Турците . Илирците и Албанците ....“

Изјавата на премиерот на Бугарија во весникот “ Политика “ од 1922 год. во врска со политиката на бугарската влада во однос на народноослободителната борба на борците од ВМРО .

“ ...Г. Станболијски беше великодушен и овој пат направи уште една понуда : Ни ги понуди сите комити од Бугарија .

“Ако сакате можам да ги натоварам во вагон и да ви ги испратам сите , да си ги соберете Македонците од нас ! “ ...“
 
Член од
22 јули 2007
Мислења
438
Поени од реакции
1
Во понеделник, 21 декември 1909 г., некогашниот член на раководството на “ Врховниот Комитет “ , министерот во бугарската влада Михаил Такев во врска прогонувањети на борците за ослободување на Македонија и интернирањето на Т. Александров и во внатрешноста на Бугарија ја даде следната изјава :





“ Минист'р М.Такев: На това питане оште завчера штјах да отговорја, но пропуснах и после, мислја, отс'ствуваше и г. Пешев.

Тук е прибјагнал от Македонија пак един македонски војвода Тодор Александров Парушев; тој живее в Горна-банја. Дојде до моите уши сведение, че Тодор Александров не е стојал мирно, занимавал се с работи, които б'лгарската политика не позволјава, и затуј предложих на Тодора Александров Парушев да напусне столицата и нејната околност и да замине за в'трешността на царството. Както с'м пост'пвал с всички македонски дејатели, както пост'пих и с водителите на останалите от миналите времена разделенија на македонски партијки и фракцијки - санданисти, сарафисти, в'рховисти, цончовисти и пр. - така пост'пих и с Тодора Александров. Те в столицата не могат да имат мјасто; могат да живејат в'в в'трешността на царството, но не и тук, заштото помежду си се преследват,... “
 
Член од
22 јули 2007
Мислења
438
Поени од реакции
1
Во сабота , 1 февруари 1903 г. , непосредно пред убиството на Гоце Делчев и Илинденското Востание , премиерот на Бугарија Стојан Петров Данев , во врска со апсењето и прогонувањет од страна на бугарската влада на македонските борци за слобода на Македонија ја даде следната изјава :





“Минист'р-Председател Д-р С. Данев:

Имам чест да ви с'обштја за сведение, че Министерскијат с'вет, в заседанието си от онаја вечер реши да се разтурјат всички македоно-одрински организации, комитети и т. н. Относително лицата, които, като членове на тези комитети, са се провинили в конкретни прест'пни дејанија, ште има думата, когато му дојде ред'т, с'дебната власт....“
 

paradigm

The one&only
Член од
11 јуни 2007
Мислења
379
Поени од реакции
5
Сака да каже , морале да измислуваат термини и изрази за да можат да печата , да се искажат во Србија , во Бугарија ...... затоа што зборот Македонец , Македонија бил забрануван во тие држави .
Verno ,a dali si bil ti nekogash v Bulgaria,bash mi e interesno?!?!?!?
Dali si dovolno zapoznat ti kolko premieri e imala Bulgaria,koi shto se bili rodeni v Makedonia?Da si slushnal ti za Andrei Liapchev?
Nai-golemia Bulevard vSofia se kazva Makedonia,ajde ne govorete gluposti pone...
 
Член од
22 јули 2007
Мислења
438
Поени од реакции
1
Сепак е важно дали цитатите се веродостојни, вистинити.

Твоите толкувања се само твои толкувања, не се иницирани и не соодејствуваат од приложените цитати.
 
Член од
22 јули 2007
Мислења
438
Поени од реакции
1
На 25 јуни 2006 год , Иван Татарчев за бугарската информативна агенција “ Фокус “ , од позиција на поранешен државен јавен обвинител на Република Бугарија ( од 19-II-1992 до 19-II-1999) зборува за своите активности против македонска организација “ ОМО Илинден - Пирин “ , и за справување со обидите на етничките Македонци по демократски пат да ги реализираат своите политички убедувања , ја даде следната изјава :

“Оште през 1992 година, поне по мое време, когато започнах да изп'лнјавам зад'лженијата си в'в вр'зка с назначението ми като главен прокурор, те организираха сбирки в Пиринскија крај. Това ставаше обикновено под Роженскија манастир. На една от тези сбирки полицијата не смееше да се намеси, но след като поех отговорността и по мое нареждане, изв'рши това, което трјабваше, и ги разгони. Разгони ги с'штата година и в местността Самуилова крепост крај Петрич...

.... Дејността на хора като тези от ОМО “Илинден - Пирин” трјабва да се пресече един п'т завинаги с'с здрава р'ка. Това обаче не може да стане, заштото в момента Б'лгарија се предава от хора, които не биха имали правото да се наричат б'лгари, заштото са родоотст'пници. ....За с'жаление аз вече нјамам тази власт... Ако имах власт, дори да превиша правата си, нјамаше начин да не се справја с тези лумпени от ОМО “Илинден”...

http://www.focus-news.net/?id=s1093
 
Член од
31 јули 2007
Мислења
1.580
Поени од реакции
39
Verno ,a dali si bil ti nekogash v Bulgaria,bash mi e interesno?!?!?!?
Dali si dovolno zapoznat ti kolko premieri e imala Bulgaria,koi shto se bili rodeni v Makedonia?Da si slushnal ti za Andrei Liapchev?
Nai-golemia Bulevard vSofia se kazva Makedonia,ajde ne govorete gluposti pone...
Јас сум учел во СОФИЈА. Hајголемиот булевар се вика МАКЕДОНИЈА... најстариот факултет како се вика? библиотеката како се вика ? - Св. Кирил и Методи ??? A кој се тие, "БУГАРСКИ" просветители ?! 3а тоа ли така сте ги крстиле бидејќи се БУГАРСКИ..луѓе прекинете со вашите глупости имате историја 100 пати помала од нашата па едноставно си правите историја... Зошто ОМО Илинден Пирин не е признаета како политичка партија???? 3ошто не постое МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД и НАЦИОНАЛНОСТ во Р. Бугарија ??? Tоа не е терор кон Mакедонците ???? па до најновото во албанија живееле 100.000 БУГАРИ за кој албанската влада не водела сметка а тиа биле НАЈВИСОК ПРИОРИТЕТ на бугарската влада....па дајте ве молам пуштете си ја чергата колку што ви се долги нозете...да точно е дека Македонија еден дел од историјата била под ОКУПАЦИЈА на Бугарија тоа никој не го осопорува ама точно е дека Македонија постои многу пред Бугарија....и доста голем дел од историјата територијата на денешна Бугарија била македонска....

офф топик.
Во дискусија со една колешка за историските разлики го слушнав ова: "Македонија е само област таа не е држава која името го добила по АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ". дали повеке вреди да се коментира ??? Нека земат бугарите нека учат историја добро е во животот се да се знај па нема да се тресат вакви глупости.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom