Бугарската превртливост

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.699
Поени од реакции
1.609
Кон крајот на Втората Светска Војна (ВСВ) на Бугарија и Бугарите непринципиелно и опортунистички им беше дозволена шансата не само такаречи преку ноќ да ја променат страната, туку и да не сносат никакви последици и неказнето да поминат за своето 3 и пол годишно активно фашистичко однесување пред се во Македонија и пошироко на Балканот.


Протоколот со кој Бугарија официјално се придружи кон силите на фашистичката оска во ВСВ

Причината за ваквиот пресврт лежи пред се во генералното слабеење на позициите и веќе јасното губење на војната од страна на бугарскиот ментор Хитлер и наци-фашистичка Германија, но директните заслуги и што се вели "одработувањето на терен" на таквата лесна превртливост на Бугарија и не сносењето никакви последици за 3 и пол годишното фашистичко однесување и го овозможија пред се:
- Бугарските кадри на високи позиции во Коминтерната уште од пред почетокот и за време на првите години на ВСВ меѓу кои најзначајни се Ѓорѓи Димитров и Васил Коларов.
- Политиката и интересите на СССР и неговата потреба, идентично како на царска Русија од времето на 19 век, на Балканот да создаде една држава-сателит под негова директна и целосна контрола (иако во договорот со Черчил, Сталин се сложи на делумно западно влијание во сооднос 90%-10% во полза на СССР)
- Наивната идеја (пред се' последица на влијанието и уверувањата од СССР) на Тито и врхушката на "новата Југославија" која тогаш беше во зародиш (во чии редови нема ниеден Македонец) за некакви добрососедски односи и подобра и поуспешна иднина при што им се дозволува на единиците на бугарската војска која предходно служеше како потрчко на Хитлер да учествува во воените операции за негово сузбивање и протерување од просторот на Балканот, и најеклатантно во едностраното и спротивно на барањето на западните сојузници ОТПИШУВАЊЕ (пак без македонска дозвола или прашање) на репарацијата т.е. долговите предвидени за исплата на штетите од 3 и пол годишното фашистичко однесување.

Во таквата светска констелација и буквално неказнета за своите фашистички злодела од ВСВ се роди и почна да егзистира новата Бугарија на чело со Ѓорѓи Димитров. Во првите години се прават напори за соработка и се бутка идејата за правење "Балканска Федерација" за што првично поддршка дава и Сталин, за потоа изрично да бара да се одложи и заборави таквиот план. Разврската доаѓа во летото 1948 години со резолуцијата на Информбирото за Југославија со која односите се влошуваат до степен на можна воена интервенција од страна на силите на "народните демократии" (земјите од т.н. источен блок) на чело со СССР против Југославија. Внатре пак во Југославија Тито и неговата клика брутално се пресметува со сите свои непријатели по разно-разни основи, пришто страдаат многу македонски патриоти. Во истото време Бугарија која веќе од тогаш го носи епитетот "најверен сателит на СССР" ја дочекува информацијата за смртта (под неразјаснети околности, можно убиство со труење) на својот водач Ѓорѓи Димитров. Уште од тогаш почнуваат никулците на повампирениот бугарски национал-шовинизам спрема Македонија и Македонците, но тоа ќе тлее се до крајот на 50-тите, а ќе експлодира во текот на 60-тите и 70-тите години од 20 век.

За целото време поранешниот поданички статус и верното служење на Хитлеровска наци-фашистичка Германија Бугарија шизофрено си го заменува со станувањето најверен сателит на СССР, епитет што не може да и го одземе ни Источна Германија.


"Дружба сеопфатна, сепрониклива"

Во 1968 година насекаде по светот почнуваат масовни протести против тогашниот естаблишмент на чие чело во најголема мера стојат студентите и прогресивната младина родени после крајот на ВСВ.
Истата година во рамките на источниот блок најдемократски и спонтано во Чехословачка доаѓа до т.н. "Прашка Пролет" со која се предвидуваат сериозни промени и демократизација на нивното општество и се заговара воведување на слободни избори и плурализам.
Еве како Бугарија им "помогна" на Чесите и Словаците во 1968 година:



Следната 1969 година, во издание на Универзитетот во Москва излегува од печат подолго подготвуваната книга со наслов "Историја јужных и западных славјан" на чии страници внимание им е посветено и на Македонија и на Македонците.

Еве да прочитаме што пишува таму:

Историја јужных и западных славјан

Изданието на книгата доведува бугарските национал-шовинистички кругови да збеснат зашто не им се верува како е можно нивните баќушки од Великаја Матушка Русија на кои така верно им служат вака да ги минираат нивните апетити, при што одат дотаму да побараат книгата да се повлече и забрани. За ова дознаваат дури и странските дописници и ги известуваат западните земји, арно ама книгата нема да биде повлечена или забранета.

Набргу епизодата е заборавена и се' си продолжува по старо, при што бугарската пропаганда и изблици на национал-шовинизам во текот на 70-тите си продолжуваат, а односите со СССР стануваат уште поблиски.

Дека си бе бај Тодорче!

Ела ми ваму да се целувнеме!



Еве еден напис во The New York Times од април 1976 година што одлично ја отсликува ситуацијата во Бугарија во тие години:



Превод:

"Бугарските Комунисти го бираат Живков да го продолжи лидерството.

Софија, Бугарија, Април 2.
Тодор Живков, чијшто мандат како лидер на една Комунистичка Партија го надмашува било чиј во рамките на Советскиот блок, денеска беше прогласен за лидер на Бугарската Комунистичка Партија за уште пет нови години.
Г-дин Живков, којшто е на 64 годишна возраст денес го заврши 11-тиот конгрес на неговата партија со пеење на руска песна, фатен рака под рака со Фјодор Д. Кулаков, член на Советското Политбиро којшто ја предводеше делегацијата од Москва на конгресот.
Три членови на владеачкото Политбиро на бугарската партија, Тодор Павлов, Иван Попов и Живко Живков беа неразјаснето отпуштени, намалувајќи го бројот на тоа тело на девет. Бугорки службеници рекоа дека намалувањето на големината ќе придонесе за поголема ефикасност при гласањето во Политбирото.

Без политичко значење

Но отстранувањето на трите члена нема моментално воочливо политичко значење.
Јасно е дека Бугарија ќе остане најверниот сојузник на Москва во Европа. Бугарските домашни политики ќе останат авторитарни како и секогаш, а г-дин Живков буквално останува нивниот национален апсолутен владетел.
Како што е вообичаено, процедурата и гласањата на партискиот конгрес, коишто теоретски се највисок израз на "социјалистичката демократија" беа едногласни.
Излагањето на г-дин Живков на конгресот беше испечатено однапред, во форма на книга, којашто беше поделена откако тој го заврши својот говор. Книгата завршува со назнаката, која е исто така отпечатена предходно, во која се вели: "Излагањето беше често прекинувано од спонтан аплауз, а по неговото завршување беше проследено со громогласен, оддолжен, непрекинат аплауз што се претвори во овација."
Г-дин Живков стана прв секретар на неговата партија во 1954 година, после смртта на Сталин. Тој беше одреден за врвното партиско место од неговиот предходник В'лко Червенков, когошто успеа да го отстрани во чистката што ја спроведе седум години подоцна."

Целиот напис, ама особено болдираното со црвено на најеклатантен начин ја опишува ситуацијата во соседна Бугарија на чело со бај Тодорче Живков.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.196
Поени од реакции
3.820
Брат не само ова што си го пишал ако правиме листа на неправди кој Македонија од страна на соседите и пошироко (светски сили)ги трпела и ги трпи ќе ни снема хартија.
Еве само со Грција погледнија ситуацијава не знам немам зборови за нив да немаат нитѕ трошка срам по сето тоа убивање ,етницид,геноцид итн, ми е несватливо единствено ако толку била функционална пропагандата па навистина веруваат во она што го пропагираат.
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.580
Поени од реакции
835
Брат не само ова што си го пишал ако правиме листа на неправди кој Македонија од страна на соседите и пошироко (светски сили)ги трпела и ги трпи ќе ни снема хартија.
Еве само со Грција погледнија ситуацијава не знам немам зборови за нив да немаат нитѕ трошка срам по сето тоа убивање ,етницид,геноцид итн, ми е несватливо единствено ако толку била функционална пропагандата па навистина веруваат во она што го пропагираат.
Иако темата е во историја ама мора да реплицирам на ова во поинаква насока и надвор од темата.
Само ние изгледа сме глупави на планетава и ги гледаме работите од човечки аспект за разлика од целиот свет а пред се Балканот. Само кај нас може да се сретнат луѓе кои после децении трпење тортура од вечниот крвник сеуште ги бранат истите, спорот е вечен од 1900-та, а тие кои се родени и го имаат искусено силеџиството на комшиите во последните 20 години сеуште се ставаат на нивна страна... стокхолмскиот синдром може вода да му носи на македонскиот. Дали е кукавичлук или нешто друго сеуште не ми е јасно но семетам дека е многу погрешно ова што група од нашите сонародници избира да им го прави на мнозинството и да се солидаризира со такви фашисти.
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
218
Поени од реакции
22
А зошто не се издаде некоја книга, во која ќе бидат вклучени сите докази кои всушност покажуваат кои сме и за неправдите врз македонскиот народ . Па нашите соседи се отепаа од издавање книги за да не погрчат, побугарат или посрбат. А ние само слушаме, сме имале не знам колку магистри, не знам колку доктори на науки.
 

stormspeaker

Бекрија
Член од
4 октомври 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.343
А зошто не се издаде некоја книга, во која ќе бидат вклучени сите докази кои всушност покажуваат кои сме и за неправдите врз македонскиот народ . Па нашите соседи се отепаа од издавање книги за да не погрчат, побугарат или посрбат. А ние само слушаме, сме имале не знам колку магистри, не знам колку доктори на науки.

И што очекуваш да постигне таа книга? Дека меѓународната заедница, па особено нашите соседи ќе ја признаат? Исто како што ги “признаваат“ сите прекршувања на човековите права на македонците во тие држави и за кои постојат силни докази...

Да се решаваа така работите, ќе немавме спор со ниеден од соседите.

И не е дека нема книги.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.196
Поени од реакции
3.820
И што очекуваш да постигне таа книга? Дека меѓународната заедница, па особено нашите соседи ќе ја признаат? Исто како што ги “признаваат“ сите прекршувања на човековите права на македонците во тие држави и за кои постојат силни докази...

Да се решаваа така работите, ќе немавме спор со ниеден од соседите.

И не е дека нема книги.
Постојат книги и постојат КНИГИ.Искрено да се согласувам со тебе дека нема сега одма никаков ефект да има каква било книга да се напише ,но мора македонците да разберат дека никогаш не смеат да престанат да се борат.Баш заради тоа мора борбата да се продолжи денес по 2000 години некако сме уморни и како да ја изгубивме волјата за борба што се гледа на сите полиња во Македонија.Деморализираност како на младите така и на старите насекаде.
И верувај ми ако се успее барем еден бестселер да се напише кој ќе го допре целиот свет ефектот нема баш да биде занемарлив.
Сега можеби се курчат јужниве ама тоа нема за секогаш да биде така времињата се мењаваат денес си пиун утре ќе бидеш крал ако ние престанеме да се бориме за нас како може да очекуваме некој друг да ни даде рака?
Најголем пример за ова што го зборувам се германците и јапонците.
Не знам колку си следел нивни телевизиски програми ама кај нив има страшно јака (што е благо кажано)пропаганда во сите емисии,цртани,филмови и други разни програми како поединец никогаш да не престанеш да се бориш ,да бидеш упорен и да истраеш до крај.

Па еве гледај го резултатот посебно кај јапонците по една година после цунамито имаат раст на бдп и целосно се имаат справено со кризата.А и германциве не се за жалење.
Кај нас за жал преовладува мислењето дека џабе се бориш ништо нема да смениш што и да направиш, таквото мислење им одговара на волците на врвот на синџирот на исхрана си сакаат тие мирни офци.
Се надевам ми ја свати поентата колку и да е безизлезна ситуацијата секогаш имаме избор ако не почнеме со борба веќе сме изгубиле.
Што ако Гоце речел за*еби нема шанси да успееме или Аце 3 ако речел абе доста е што барам да лутам по Персија итн. да не тупам.
Како македонец претпоставувам знаеш колку востанија имало во Македонија пред илинденското.
Навистина ли мислиш дека сите тие заедно не придонесле ништо за слободна Македонија иако во тој момент биле без успех?
Толку сега почнав да го тупам :tapp: се надевам ми ја свати пораката
 
Член од
15 декември 2010
Мислења
197
Поени од реакции
87
И што очекуваш да постигне таа книга? Дека меѓународната заедница, па особено нашите соседи ќе ја признаат? Исто како што ги “признаваат“ сите прекршувања на човековите права на македонците во тие држави и за кои постојат силни докази...

Да се решаваа така работите, ќе немавме спор со ниеден од соседите.

И не е дека нема книги.
Otgovor go imash daden deneska ot golemiot rejiser Slobodan Unkovski! Problemot ste si vie samite. Vie si pishuvate istorija koja e samo za vnatreshna konsumacia... are chitai sega...

Античката историја на светот, за жал или за среќа, во светски рамки, изгледа дека одамна е веќе напишана. Тврдењата на некои од локалните историчари, пронаоѓачи, поборници и поддржувачи на античкото македонско потекло, внимание за своите ставови ќе добијат само во рамките на нашава земја денес, кај дел од нашата напатена дијаспора и во соседна Грција, исто така, заглавена во своите идеи за минатото. Во светот, за жал, уште сега сме изложени на потсмев.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6127F8F64F4FE24CBF1EFFCD9F253AC2
Ovaa statija, koja sto ne podsetuva deka ima i vitinski intelektualci vo Makedonija!Cheti ubavo celo interview i ke ti svetne pod kapata shto se sluchuva ... vidi ushte...
Национализмот е сладок, заводлив и особено гладните го консумираат лесно и како турбофолк или дрога го подига привремено примателот во нереални висини и по период на време го остава таму да се снаоѓа како што знае и умее. Агресивноста на национализмот не може да се задоволи со безредија на еден фудбалски меч, закажана тепачка на Кале или на некое друго место, или со митинг. Нему му е потребна реална или медиумска крв на дневна база, глави што се тркалаат по улици метафорично или навистина, војна против сите домашни „предавници“ и против сите што се против „нашето право и нашата единствена вистина“. Во таков систем мислењето е дека поединецот нема што да мисли.
Chentoo cheti i plachi dechko, ga ya vidish vistinata ke ti svetnaat mnogo raboti... ti si tvoiot problem, svakjash?
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
218
Поени од реакции
22
А вака е само кај нас или и кај вас ?

--- надополнето: 15 февруари 2012 во 12:13 ---

И што очекуваш да постигне таа книга? Дека меѓународната заедница, па особено нашите соседи ќе ја признаат? Исто како што ги “признаваат“ сите прекршувања на човековите права на македонците во тие држави и за кои постојат силни докази...

Да се решаваа така работите, ќе немавме спор со ниеден од соседите.

И не е дека нема книги.
Ако има докази, зошто да не ја признаат?
 

stormspeaker

Бекрија
Член од
4 октомври 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.343
Ако има докази, зошто да не ја признаат?
Соседните држави нема да ја признаат затоа што им се може.

Меѓународната заедница нема да ја признаат, затоа што нашето влијание < од влијанието на земјите со кои спориме. Се' што можеме да добиеме од другите е тапшање по рамо. Што ако го “добивме“ судскиот спор против јужниве, кога не добивме ништо со тоа!?

Озбилно очекувате да се признае нешто во наша полза а што ќе биде против некоја земја со поголема моќ во меѓународната политика? Мислам не за онакво признавање “да во ред е, згрешиле, терај понатаму“ и никому ништо, него истите да добијат и некои санкции ради тоа.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.699
Поени од реакции
1.609
Chentoo cheti i plachi dechko, ga ya vidish vistinata ke ti svetnaat mnogo raboti... ti si tvoiot problem, svakjash?
Хаха, стара и добро проверена турко-болгарска тактика е кога се нема што да се зуцне за темата удри со спамирање и постирање глупости што немаат врска со ништо. :tapp:

Ајде сепак да те удостојам со одговор.
Слободан Унковски може да се каже дека е добар театарски режисер, арно ама интервјуто и работите кажани во него се ПОЛИТИЧКИ и немаат врска со историја, а уште помалку со темава каде си го постирал тоа.

Човекот беше и е член и симпатизар на СДСМ (беше и министер за култура поставен од нив), и овие будалаштини ги збори во дневно-ПОЛИТИЧКИ капацитет.

А поголем ПРОБЛЕМ од самите вас на Балканов НЕМА и најверојатно нема ни да има за многу долго време.
Народ како бугарскиот којшто не си го знае сопствениот "произход" и нон-стоп лаже и краде туѓа историја и го пика носот во туѓиот двор е најблаго речено ПРОБЛЕМАТИЧЕН. ;)
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.487
Еден магистерски труд, пренесен од Сашо Узунов, а многу интересен на оваа тема:

Relations between Yugoslavia and Bulgaria, 1918-1941

ИТАЛИЈА И БУГАРИЈА ЈА ДЕЛАТ МАКЕДОНИЈА- 1941. Германија е посредник

"...the King had come to present his demands to Hitler . " King Boris had been chielfy interested in the fate of Macedonia and much of the discussion had centred upon certain chromium deposits which were to be found in the Ohrid district.
It appears that whilst Bulgaria was interested in Ohrid for purposes of national expansion, Italy or rather, Count Ciano - had a financial investment at stake.

The matter was settled three days later in Vienna, when Ciano and Ribbentrop met to approportion out the spoils to each of the interested parties. The haggling over the extent of Bulgaria's gains continued for some time . Clodius, who saw Boris after his return from Hitler , reported!

" In a conversation lasting two hours, the King very candidly presented his position regarding all political and territorial questions arising from the collapse of YugosIavia would like to emphasize that the King is primarily concerned with the questioning of determining the frontier between Albania and "Bulgarian" Macedonia. He is anxious that Ohrid, Struga, Gostivar and above all Tetovo should go to Bulgaria."

.......
1947: МАКЕДОНИЈА НЕ ДОБИВА ВОЕНА ОТШТЕТА
За помирувањето меѓу Белград и Софија цената ја платила Македонија, при што Тито и ги “опростил“ штетите нанесени од Бугарија главно во Македонија.
Со тие пари Македонија можеше да биде повторно изградена и вратена во живот.

"After the war, to prove that there was now no ill-will between the two countries,Yugoslavia undertook a whole series of measures to "normalize" her relations with Bulgaria. Reparation claims to the value of 25 Million dollars (about 2 Billion in today's value) for damage done by the Bulgarian Army on Yugoslav territory were waived, as was a claim for restitution of part of the goods which Bulgarian troops had removed to their country. Both these generous acts were acknowledged by the Bulgarian Parliament on 25 August 1947."


Sheperd, David (1968) Relations between Yugoslavia and Bulgaria, 1918-1941. Masters thesis, Durham University. link:

http://etheses.dur.ac.uk/9932/

Ете како превртливоста на Бугарите ги ослободила од вината по многу точки. Се разбира најголема заслуга има “нашиот“ Тито.
 
На врв Bottom