Бројот на живородените деца во 2017 година, во споредба со минатата година, е намален за 5.4 %.

Дискусија во форумот 'Дом и семејство' започната од StefusRefus, 1 јуни 2018.

  1. StefusRefus

    StefusRefus

    Член од:
    20 јули 2016
    Мислења:
    2.421
    Допаѓања:
    1.003
    Наталитетот во Република Македонија во 2017 година

    петок, 01 јуни 2018



    Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија во 2017 година се родени вкупнo
    21 946 деца, од кои 21 754 живородени и 192 мртвородени деца. Бројот на живородените деца во 2017 година, во
    споредба со минатата година, е намален за 5.4 %. Во структурата според пол, кај живородените деца, машките имаат
    поголемо учество, и тоа 51.3 %, односно на 100 живородени женски децa 105.3 се машки.


    Според месецот на раѓање, најголем број раѓања (1 953) се регистрирани во месец јули.


    Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 34.7 % се живородени деца од мајки на возраст од 25 до 29
    години.


    Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања изнесува 28.9 години, а при првите раѓања 27.2 години и
    вредностите се исти како и минатата година.


    Генерациска година на мајката, која се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето, е 1988 година.
    Во 2017 година се регистрирани 20 живородени деца од мајки на возраст под 15 години.


    Бројот на вонбрачните живородени деца изнесува 2 534 деца или 11.6 % од вкупниот број на живородените деца се
    вонбрачни.





    [​IMG] Преземи го соопштението во целост
    http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=8
     
  2. Branchez

    Branchez Punctum vivimus

    Член од:
    24 јануари 2012
    Мислења:
    5.554
    Допаѓања:
    9.858
    Слабо се размножуваат пензионерите што останаа во државата, покачувањата на пензиите и бесплатниот јавен превоз не вродија со плод.
     
    На VardarVoSrceto, xope, PIRATIC и уште 12 други им се допаѓа ова.
  3. StefusRefus

    StefusRefus

    Член од:
    20 јули 2016
    Мислења:
    2.421
    Допаѓања:
    1.003
    Zivotot, vo najbukvalna smisla ne dojde vo MK.
     
    На PIRATIC и Chemical Angel им се допаѓа ова.
  4. smihajlo

    smihajlo Superposition, Relentless

    Член од:
    11 август 2010
    Мислења:
    3.007
    Допаѓања:
    3.346
    Јас уште од поодамна им давам простор една година со нивен буџет да видиме што ќе биде. За жал досега се нема десено ништо позначително. Преку ноќ не се дешаваат промени ама па од друга страна наместо да се фокусираат првата година на внатре политичките проблеми они како пијани за плод името па името.
     
  5. WildMk

    WildMk

    Член од:
    26 април 2018
    Мислења:
    170
    Допаѓања:
    99

    Така прават секогаш кога се на власт. Ура-ура, надворешна политика, внатрешната кој ја тркала.
    Ама пак се надевам дека овој пат им е намерна тактика. Иако ми се смачи од надежта што ја имам за државава веќе 30 години :D

    Он топик: Згрозена сум, ама не сум ич изненадена. Сите знаеме каква е состојбата во здравството.
     
  6. dalfisa

    dalfisa

    Член од:
    12 декември 2009
    Мислења:
    150
    Допаѓања:
    65
    Поголемиот дел од Македонците знаат каква е ситуацијата во Македонија,другите се со испран мозок од политички партии и преживуваат со малку финансиски средства. Мое мислење е дека во наредните 30 години нема ништо да се смени во покачување на плати,стандард,подобро здравство,образование и други сфери на општествениот живот. Се додека системот функционира со врски и партиски книшки за вработувања и алчност,корупција на политичарите,инспектори,полицајци,судии,царинари, прават голем криминал и нема одговорност за тоа после,нема да не биде како држава. Само законите важат и се применуваат за обичниот народ.
     
    xope, whatto, Chemical Angel и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Chemical Angel

    Chemical Angel

    Член од:
    28 мај 2008
    Мислења:
    3.964
    Допаѓања:
    4.047
    Ако влеземе во ЕУ и НАТО и во македонија влезат 10-20 фирми што можат без проблем да вработат од 1-5000 луѓе може и нешто да се направи.
    Од фирмите во мкд, само ИТ фирмите (едно 95% од нив) работат како што треба и тоа само затоа што малку програмери и да заебаваш ќе затвориш за една до две години бидејќи никој нема да дојде за работа. Кога ќе се развие приватниот сектор (со фирми од странство) до ниво да луѓето наместо државно почнат да викаат топ е на приватно, тогаш ќе почнат да се средуваат и другите работи.
    До тогаш ќе го имаме системот на грујо, што се покажа многу добар за вмро, а сега и за сдсм (со мала модификација сега може да викаме без да одиме во затвор).
     
  8. Gag

    Gag

    Член од:
    14 ноември 2013
    Мислења:
    1.029
    Допаѓања:
    1.183
    Да не има информација за фертилитет? Во 2014 мислам дека беше 1.4.

    И да влеземе некако во ЕУ, веројатно ќе се иселат доста луѓе поради што би имало недостиг на работна сила и газдите сакале неќеле ќе мора да ги подобрат условите а и државата конечно да ги спроведува сите закони бидејќи во спротивност ќе пропаднат и едните и другите.
     
    На dalfisa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. dalfisa

    dalfisa

    Член од:
    12 декември 2009
    Мислења:
    150
    Допаѓања:
    65
    Убаво си напишал ако влеземе може некогаш, но поголема е веројатноста никогаш. Мое мислење е подобро да не се влегува во Еу. Погледнете ги случувањата во Бугарија.Најголема корист имат пак политичарите,Европски фондови,донации,проекти од кои за народот и општеството остануваат само трошките од целиот леб. Друга работа е и да влезат странски фирми ке дојдат само за евтината работна рака пак поголемиот дел ке работат за минималната плата 12 000, а некои работат и за помалку и што е најтрагично ни тие заработени пари не ги земаат на крај.Инаку приватниот сектор не е како државниот клати врата зимај плата (има исклучоци но се ретки). Исто ако се влезе во Еу ке има драстично поскапување на нафтени деривати,храна,даноци. Најголема предност од Еу и најсрекни ке се сите луѓе што со години чекаат Бугарски пасоши и оние кои од безброј причини сеуште неможат да земат. За кратко време ке се иселат многу луѓе од државата. Погледнете ја ситуацијата по малите градови,младина нема останати се пензионери и многу малку средношколци ако пред 10 години биле 350 во генерација сега се едвај 100. До пред неколку години максимум 10 одеа само по 1 од фамилија на печалба сега се иселуваат цели семејства.
     
    Zaptija Stojkov, MARCELLO, VOLK2234 и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Idiotka90

    Idiotka90

    Член од:
    26 јануари 2009
    Мислења:
    1.117
    Допаѓања:
    148
    Логично... секоја понапредна земја има депопулација на населението.Не е само миграцијата причинител. Свесноста за планирање на семејството, достапноста и користењето на контрацепцијата е позастапено. Не е до нискиот стандард. Во Афричките земји е каде - каде понизок стандардот па се размножуваат ко животињи. До разуноста на младите е највише. Факт е дека со овој стандард тешко би се издржало многудетно семејство.
     
    На PIRATIC му/ѝ се допаѓа ова.
  11. PIRATIC

    PIRATIC diplomiran klozetar

    Член од:
    26 јануари 2012
    Мислења:
    5.539
    Допаѓања:
    4.322
    Дојде само ти не го осеќаш тоа, кој ти е криФ :D
    --- Споено дупло мислење, 20 јуни 2018 ---
    Џабе и бесплатните бањи летно време, џабе и бесплатното скијање зимно време, незнам уште што треба да им се овозможи на пензионериве наши размазени !
     
  12. StefusRefus

    StefusRefus

    Член од:
    20 јули 2016
    Мислења:
    2.421
    Допаѓања:
    1.003
    Дури 20% од населението во Источна Македонија засекогаш ја напуштиле државата и заминале за странство


    Источна Македонија се сели надвор од границите- причините се политичката нестабилност, лошата економска состојба, политичката нестабилност и ниските плати се клучните фактори за иселување на младите во странство.


    [​IMG]

    Истражувањата на невладината организација Ини покажуваат заггрижувачки податоци ,дури 20% од населението во Источна Македонија засекогаш ја напуштиле државата и заминале за странство.

    Најалармантна е состојбата во виничко-беровскиот регион каде цели села се иселени во Италија и Словенија.Во италијанскиот град Канели благодарение на виничани повеке се зборува македонски,отколку италијански. Млади речиси и да нема. Во овие градови останати се само оние кои успале да се вработат во државни институци додека сите останати својот напредок го гледаат надвор од границите.

    Статистиката говори дека во КОчани,ВиницаКаменица и Делчево на 120жители се раѓа едно новороденче, а во Берово, Пехчево и Пробиштип на секои 150.

    Иселувањето на младите во некој од европските држави е проблем и на останатите соседи.И таму причините за напуштањето на родните огништа се исти како и во Македонија.Се претпоставува дека во потрага за подобар живот изминатите неколку години се иселиле околу 1,5милион млади луге од Западан Балкан
     
  13. Boulahrouz

    Boulahrouz Гостин

    Aко ова не ве загрижува, а ве загрижува новото име на ФИРОМ; тогаш работата е надвор од можност за исправка.
     
    На StefusRefus му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lurtz

    Lurtz

    Член од:
    28 март 2006
    Мислења:
    14.365
    Допаѓања:
    7.230
    Во ваква творба од држава, овој тренд со наталитетот не треба да не чуди. Проблем повеќе е што разводите се многу зголемени.

    „Белата“ чума коси во Македонија, во странство не ги допира македонските државјани
    Последниот извештај на државниот завод за статистика за населението открива – секое петто дете на македонски држвјани се раѓа во странство. 4829 бебиња лани дошле на свет во некоја од Италијанските, Германските и болниците во Швајцарија. Демографите велат, ова е најновиот тренд на младите кои се исселуваат.

    2017 година изминала ,а за 12 месеци се родиле 10, 000 бебиња помалку од 94-та, а прирастот на населението се намалил двојно. Во македонија се родиле 21 754, а само 1400 бебиња ја делат Македонија од негативниот прираст на населението.. Од осум региони само скопскиот и западниот со ппозитивен прираст. Од догодина бројот на населението во земјава ќе започна за прв пат да опаѓа, а причините се сиромаштијата и масовното иселување. Државата носела по една стратегија на секои 5 годин, но мерките немале ефекти, вели Гересимовски.
     
    Последно уредено: 30 јули 2018
    На Beric Dondarrion му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Zaptija Stojkov

    Zaptija Stojkov Комунист

    Член од:
    23 февруари 2010
    Мислења:
    1.529
    Допаѓања:
    925
    Бројот на родени секоја година се намалува, бидејќи се зголемува бројот на неплодни мажи и жени... Само јас колку парови знам што се земени пред 30-та година сега имаат четириесет и кусур години и се уште немаат деца, а илјадници евра имаат фрлано по клиники и пак ништо...

    Друга работа луѓево нит се мажат нит се женат. Ептен се пребирливи поготово женските којшто го чекаат принцот на белиот коњ...
     

Сподели преку: