Брзи он лајн кредити (Forza, mCash и тн.)

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Луѓе зедов околу 1000 евра или вкупно камата на нив 3000 евра од 4 брзи кредити тиго иуте кредисимо и изи финанс што ке биде ? Плаќам кредит редовно но презадолжен сум...
1640941698202.png
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.920
Поени од реакции
41.888
За 1000 евра 3000 со камата :pos:

Супер совет да не ги враќа и да му се зголемат на 10.000 евра.
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.174
Се тоа во ред, некои луѓе се лоши со финансии.

Ама како е ова легално бе?
Веќе не е. Други закони ќе има од 2022.

На тие брзи кредити за 30, 50, 60,000 ден. ти викаат да ги вратиш во рок од 6 месеци со мала камата. Ако не ги вратиш почнува огромна камата која само расте.

Тоа све пишува во условите кога ставаш потпис, ама кој да чита.
 
Член од
28 октомври 2021
Мислења
1.130
Поени од реакции
2.236

Ова е буквално кражба.
Незнам кој им дозволи да работат, нормално дека сите ќе речат дека е крив тој што го зедол пошо не прочитал.

Ама сите сакаат да се прават паметни а никој да не им помогне да разберат дека има голем дел од народот кој ете е финансиски неписмен.

Додади на тоа огромна сиромаштија и имаш успех за овие лихварски фирми.

На сред бел ден се рекламираат на телевизија, за мна ФБ и Инстаграм да не правиме муабет.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Ова е буквално кражба.
Незнам кој им дозволи да работат, нормално дека сите ќе речат дека е крив тој што го зедол пошо не прочитал.

Ама сите сакаат да се прават паметни а никој да не им помогне да разберат дека има голем дел од народот кој ете е финансиски неписмен.

Додади на тоа огромна сиромаштија и имаш успех за овие лихварски фирми.

На сред бел ден се рекламираат на телевизија, за мна ФБ и Инстаграм да не правиме муабет.
Треба да има регулатива колку смееш да се задолжуваш, не само кај овие, туку и кај банките.
Имам другар што работи кај извршител, не си свесен колку народ има заглавено и со нормални кредити во банки (станбени, потрошувачки).
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.494
Поени од реакции
11.442
Вакви позајмици, кладилници и казина треба да се сведат на минимум или да се затворат во сиромашни земји ко нашава кај што народот е заглавен до душа и уште бетер го цицаат народот кој со надеж дека ете преку нив ке дојде до брзи пари а уствари се подлабоко се тоне

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
28 октомври 2021
Мислења
1.130
Поени од реакции
2.236
Треба да има регулатива колку смееш да се задолжуваш, не само кај овие, туку и кај банките.
Имам другар што работи кај извршител, не си свесен колку народ има заглавено и со нормални кредити во банки (станбени, потрошувачки).
Треба, ова изгледа и е кражба, буквално, знам како работи маркетингот, знам кои тактики ги користат за продажба и овие ги користат на сред бел ден, жалосно е.

Мора да има агенција за заштита на купивачи кои ќе го заштитат обичниот просечен граѓанин на оваа држава, преку едукации и бесплатни имформации, јас да сум ќе им ставам ставка на овие лихвари процентуално тие да ја финансираат таа агенција, за да биде фер да речиме полето.

Само незнам и ме интересираше кој дозволи во земја која се стрми да оди во Европа се дозволи ова, сигурно газди се некои од политиката.

Мора и банките да се реформираат малце, малите потрошувачки кредити да ги стават во втор план, во прв да бидат грантови за едукација како студентски кредити, кредити за луѓе кои сакаат да одат на едукација во овие што се за ИТ, исто и за дефицитарни позиции.
Потоа за зелени кредити за фасади, дограма, клими, бела техника која е А+++, тоа што да подолг рок ќе го намали трошокот на луѓето и ќе можат да земат кредит следниот пат и полесно да го затворат.

А за извршителите знам, од 10 луѓе 7 барем еднаш имале работа со нив.

Па затоа пред да земеш треба да размислиш за враќање. ;)
Човек, не ме познаваш, не се прави паметен.
 
Не се проблем банките и овие за кредити, државата е проблемот.
Зборувам за постоење на државен систем кој ќе ти прави евалуација дали смееш, и колку смееш да се задолжуваш.
 
Член од
28 октомври 2021
Мислења
1.130
Поени од реакции
2.236
Не се проблем банките и овие за кредити, државата е проблемот.
Зборувам за постоење на државен систем кој ќе ти прави евалуација дали смееш, и колку смееш да се задолжуваш.
Се слагаме за една работа, дека мора да има промена.

Не се слагам државата да прави евалуација, затоа што така никој нема да земе никогаш кредит.

Повеќе сум државата преку агенции да го едуцира народот како уопште работи кредитот и како да направат да имаат полза од истиот.

А не да земаат 2000е за Ајфон и Плејстејшн а да се греат со кварцна печка која троши 100е за затоплување една соба во зима.

Дај му евтин кредит за реновирање дома, од 100е да му се намали сметка на 50е, па следниот пат да му биде дупло полесно да исплати кредит за Ајфон.

Исто и за едукација, од минималец да зголемат малце плата која ќе му овозможи да земе поголем кредит за да речиме соларни панели и така, преку неколку генерации да се образоваме и изградиме повисок стандард.

Само што на некои не им одговара тоа е друг проблем.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.920
Поени од реакции
41.888
Некој кој не знае колку му е долга чергата и да го огранични банката тој ќе позјами од пријатели, роднини итн.
Во тој момент тој исполнувал услови 1/3 од платата за да плати месечна рата, а сега е негово натаму.
Или кога ќе земат арно после тешко, презаодлжен сум.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Се слагаме за една работа, дека мора да има промена.

Не се слагам државата да прави евалуација, затоа што така никој нема да земе никогаш кредит.

Повеќе сум државата преку агенции да го едуцира народот како уопште работи кредитот и како да направат да имаат полза од истиот.

А не да земаат 2000е за Ајфон и Плејстејшн а да се греат со кварцна печка која троши 100е за затоплување една соба во зима.

Дај му евтин кредит за реновирање дома, од 100е да му се намали сметка на 50е, па следниот пат да му биде дупло полесно да исплати кредит за Ајфон.

Исто и за едукација, од минималец да зголемат малце плата која ќе му овозможи да земе поголем кредит за да речиме соларни панели и така, преку неколку генерации да се образоваме и изградиме повисок стандард.

Само што на некои не им одговара тоа е друг проблем.
Лошо се изразив, не мислам некој да го гледа секој случај одделно, туку да постои некаков коефициент за кредитоспособност.
Истиот би бил во директна зависност од примањата, колку брзо враќаш претходни задолжувања, колку долгови имаш, осудуваност, капитални инвестиции, намена.
Банките не ги интересира да те субвенционираат, тоа е веќе политика на државата.
 
Член од
28 октомври 2021
Мислења
1.130
Поени од реакции
2.236
Лошо се изразив, не мислам некој да го гледа секој случај одделно, туку да постои некаков коефициент за кредитоспособност.
Истиот би бил во директна зависност од примањата, колку брзо враќаш претходни задолжувања, колку долгови имаш, осудуваност, капитални инвестиции, намена.
Банките не ги интересира да те субвенционираат, тоа е веќе политика на државата.
Никако не им одговара на банките да имаат клиенти кои навремено враќаат све.
Мора да има некакви реформи во полза на народот, моментално е див запад.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.920
Поени од реакции
41.888
Ако не им одговара нема да проверуваат кредитна историја, да бараат жиранти итн. ;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom