Брзина на светлината

Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Вселенскиот брод треба да биде енергија или само човекот внатре за да ја преживее таа брзина?
Као што сватив, само енергија може да патува со брзината на светлината значи и вселенскиот брод мора да биде енергија а не материја.
 
Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Вселенскиот брод треба да биде енергија или само човекот внатре за да ја преживее таа брзина?
Као што сватив, само енергија може да патува со брзината на светлината значи и вселенскиот брод мора да биде енергија а не материја.
E = mc2
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.734
Поени од реакции
7.547
Невозможно е нешто да постои, а да нема маса...и светлината има маса, и топлината и секоја енергија штом врши одреден притисок на телата...само нема инструменти со кои може да се забележи..мош после 200-300 години ќе има
И таа теорија на Ајнштајн е поткрепена со ништо...затоа се вика теорија..нема никаква логика времето да минува побавно кога се движиме побрзо...според мене времето не постои...нема апсолутно никаков доказ кој докажува дека тоа постои...
Можно е. Фотоните ти се добар пример за тоа. Да имаа маса или немаше да се движат со брзината на светлината или ќе им беше потребно бесконечно многу енергија за да се движат со таа брзина.
Инаку таа теорија, освен во истражувачки цели, практично се користи кај ГПС-от. Поради две "последици" од специјалната теорија на релативност, влијанието на гравитацијата и движење со големи брзини, внатрешниот часовник кај сателитите постојано се корегира со цел времето да биде синхронизирано со она на површината на земјата. Доколку истото не се прави, ГПС-от е бескорисен.
 
А

Атлантист

Гостин
Има светлиата маса, не знам од каде ви е идејата дека светлината нема маса:confused: и тоа според теоријата на Ајнштајн. Само што е многу мала , може да биде привлечена само од екстрмно големи маси како што се црните дупки.
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.734
Поени од реакции
7.547
Има светлиата маса, не знам од каде ви е идејата дека светлината нема маса:confused: и тоа според теоријата на Ајнштајн. Само што е многу мала , може да биде привлечена само од екстрмно големи маси како што се црните дупки.
Нема маса.Под маса се мисли маса во мирување.А со тоа нема ни релативистичка маса.
Конкретно, M(rel) =γ m(0) , каде што

Со ова се исклучува можноста било кое тело што има маса да се движи со брзината на светлината.

Причината поради која светлината е привлечена од објекти со голема маса е ефектот што го имаат истите на просторот.Масата на тие објекти го искривуваат самиот простор. Така да, светлината не е привлечена од самата гравитација, туку се движи по права линија во простор кој е закривен, со што на нас ни изгледа дека светлината се закривува и е привлечена од објектот.
 
А

Атлантист

Гостин
Фотонот не постои во состојба на мирување, постои само во движење со брзина на светлината во вакуум.
Масата на фотонот, кој се движи со брзината на светлината во вакуум зависи од фревенцијата на светлината.

Член од
7 април 2012
Мислења
961
Поени од реакции
703

Тој простор е вакуум...значи нема ништо..ништото не може да се закриви оти го нема....светлината се закривува што е доказ дека таа има маса.
 
Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.010
Поени од реакции
7.721
Тој простор е вакуум...значи нема ништо..ништото не може да се закриви оти го нема....светлината се закривува што е доказ дека таа има маса.
Ако не се лажам зборува за се околу нас, а тоа нема врска со вакуум.
 
Член од
7 април 2012
Мислења
961
Поени од реакции
703
Ако не се лажам зборува за се околу нас, а тоа нема врска со вакуум.
Во нашата атмосфера има воздух..тоа не е простор туку гас..исполнет простор...Надвор од атмосферата се е вакуум...тој зборува за црни дупки кои се далеку од нашата атмосфера и веројатно никогаш нема да дознаеме нешто за нив директно од нив пошто тие се статични, а најблиската од нив е далеку стотици светлосни години.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881

?
Вакум, шо збориш бе чоек ?
 
Член од
7 април 2012
Мислења
961
Поени од реакции
703
?
Вакум, шо збориш бе чоек ?
Вакуум се вика...простор на кој нема ништо односно ниту еден елемент...просторот во вселената е вакуум..ако не си слушнал за вакуум или си основно сеуште или си бегал од часови по физика.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Вакуум се вика...простор на кој нема ништо односно ниту еден елемент...просторот во вселената е вакуум..ако не си слушнал за вакуум или си основно сеуште или си бегал од часови по физика.
Момак далеку од тоа дека вселената е вакум и нема ништо во тој простор, ванабисајентис ?
Во земјината атмосвера застапеноста на честички е околу 10 на 35 на кубен метар додека во вселената е 10 на 23 на кубен километар , не ме фаќај за збор така нешо беше, иначе далеку од тоа дека во вселената нема НИШТО и е ВАКУМ имаш водород имаш хелиум и уште малтене 1000 елемети повеќе од тоа што ги има во земјината атмосвера.
Така да седни и принаучи нешто
 
Член од
7 април 2012
Мислења
961
Поени од реакции
703
[

Немам прочитано повеќе глупости на волку малку простор :cuc:
Како прво и основно се вика вакуум...лесно можеш да прогуглаш..
Како второ вакуумот нема врска со постоењето на честичките...чим постојат планети, комети итн. јасно е дека има честици...но тие честици се наоѓаат во самиот вакуум...исто како што се во воздухот со таа разлика што кога се во воздух трпат огромен атмосферски притисок..е кога се во вакуум нема таков притисок...за твоја информација најчист вакуум, односно најмал притисок на телата има во вселената и е 10 на -14 Pa...
Трето...1000 елементи???
Четврто..ако има во вселената водород, хелиум и ред други гасиви како што тврдиш тогаш како кометите се движат бесконечно?...зошто триењето на гасовите не ги сопре?
Муабетот беше дека просторот во вселената се закривувал...како може вакуумот во најчист облик да се закриви...едноставно нема што да се закриви...
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.734
Поени од реакции
7.547
Фотонот не постои во состојба на мирување, постои само во движење со брзина на светлината во вакуум.
Масата на фотонот, кој се движи со брзината на светлината во вакуум зависи од фревенцијата на светлината.

Ова би можело да биде точно за фотон кој стои.(Шпекулација од моја страна)

E=mc^2 е формата која се користи за објекти кои "стојат". Затоа го нема делот кој го опфаќа импулсот(моментум).Светлината, бар од она што досега го знаеме, не стои.
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.501
Поени од реакции
33.643
Нема маса.Под маса се мисли маса во мирување.А со тоа нема ни релативистичка маса.
Конкретно, M(rel) =γ m(0) , каде што

Со ова се исклучува можноста било кое тело што има маса да се движи со брзината на светлината.

Причината поради која светлината е привлечена од објекти со голема маса е ефектот што го имаат истите на просторот.Масата на тие објекти го искривуваат самиот простор. Така да, светлината не е привлечена од самата гравитација, туку се движи по права линија во простор кој е закривен, со што на нас ни изгледа дека светлината се закривува и е привлечена од објектот.
Ја не го знам ко така, од општо, не го закривува туку вшмукува. А и да се надоврзам на муабетот за патувањето. И масата на фотонот.

Вакум ти е само црната дупка која у принцип ебено голта светлина. За оваа црна дупка да има толкава маса потребно е околу неколку милиони сонциња кои се колабрирале во себе па да имаат толкаво гравитационо влечење за да НЕ може светлината, која ипак е константна и патува со нејзиниата брзина, да побегне! Толкава сила е потребно да се скроти рецимо светлината, е сега мислите вие како материја да се изедначите со таквиот отпор како или повеќе од на светлината, камоли да патувате побрзо од неа. Аt a million g's дури светлината не и побегнува на гравитацијата, на 100.000 железото и сите познати метали се топат од својата тежина, а човекот може да патува на кратко а максимум да издржи околу 3-40g. Компарација чисто што е доволно да се достигне или надмине брзината на светлината. Кога ќе можеме да побегнеме од црна дупка, тогаш ќе патуваме побрзо од светлината. Не постои закон во физиката кој те ограничува да патуваш колку што сакаш приближно до брзината на светлината, 99.99% приближно до брзината на светлината, но тој децимал никогаш неможе да се стигне и / или надмине.

Ова би можело да биде точно за фотон кој стои.(Шпекулација од моја страна)

E=mc^2 е формата која се користи за објекти кои "стојат". Затоа го нема делот кој го опфаќа импулсот(моментум).Светлината, бар од она што досега го знаеме, не стои.
Објекти кои стојат? Не те сфаќам.. изворот на светлината не се додава на брзината на светлината. Ти ако патуваш со 900км на час и пуштиш светло ќе патува исто со моето кое ќе го пуштам јас од фиксна точка.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom