Брза железница Будимпешта, Белград, Скопје, Солун

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.054
Поени од реакции
6.440
Кина, Србија, Македонија и Унгарија потпишаа договор за брза железница

Премиерите на Кина, Србија, Македонија и Унгарија во средата во Белград потпишаа договорот за изградба на брза железничка линија, а според нив тоа е во корист за сите земји од централна и источна Европа и доаѓа како поддршка на соработката меѓу Европската унија и Кина, пренесуваат српските медиуми.

Кинескиот премиер Ли Кечијанг, по потпишувањето на двата договори за соработка помеѓу српските и унгарските железници, како и помеѓу царинските агенции изјави дека оваа врска ќе придонесе за развој на Србија и на Унгарија. Тоа ќе биде во корист не само на луѓето од овие две земји, но и на другите држави, рече додал Кечијанг.

Кинескиот премиер истакна дека ЕУ е најголемиот трговски партнер на Пекинг и дека очекува зголемување на стоковата размена меѓу двете страни. Според него, овој железнички транспортен коридор ќе има значајна улога во таа насока, и очекува пругата да биде изградена за две години.

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави денешниот настан е голем ден за земјата, и дека тоа ќе доведе до поголема поврзаност меѓу Србија, Унгарија и Македонија.

На овој начин патувањето ќе се скрати од 8 на 2 часа и 30 минути, и ова ќе им овозможи на луѓето да се движат многу побрзо отколку по автопатот, посочи Вучиќ, ветувајќи дека ќе стори сé што е можно за проектот да започне и заврши според предвидените рокови.

Македонскиот премиер Никола Груевски изјави дека овој проект е исклучително важен за регионот, Европа и Кина, а според него тој ќе го промени развојот на работите и ќе им овозможи на земјите преку побрза стоковата размена да одат напред.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан потенцирал дека тоа е среќен ден за неговата татковина, кој и дава на Унгарија можност да ја „позитивно да ја искористи својата географска положба"./крај/мф/бс
http://makfax.com.mk/ekonomija/makedonija/kina-srbija-makedonija-i-ungarija-potpisaa-dogovor-za-brza-zeleznica


Со оглед на тоа дека се работи за исклучително битен проект за македонската економија мислам дека овој проект заслужи да има засебна тема токму на овој подфорум.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
15.944
Поени од реакции
7.712
Има да лета :icon_lol:.

И Хитлер градел железници до Конц. логорите, а и убаво си пише во Агенда 21 дека сето население ќе биде згужвано во Мега градови и единствена врска ќе бидат тие супервозови, нема да има друг сообраќај освен тоа, и нема да се смее да се патува без дозвола.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom